Спорт
Ова ќе го памети целиот живот! Адамс со супер гол го собори Манчестер сити (видео)

Саутемптон стигна до шокантна 1:0 победа на Манчестер сити откако Че Адамс го постигна својот прв гол во Премиер лигата од над 30 метри користејќи ја грешката на голманот на „граѓаните“, Едерсон, за славна победа.
Саутемптон го пречека на својот „Сент Мерис“ мотивираниот тим на Сити, кој во претходното коло го растури Ливерпул со 4:0, но мечот доби поинаков правец по случката во 16. минута кога Адамс дојде до топката по грешката на средниот ред на тимот на Пеп Гвардиола и упати фантастичен удар за да го измами излезениот Едерсон за неочекувано водство.
Иако Сити доминира во поседот на топката и во нападот, не успеа да ја пробие одбраната на „светците“, кои запишаа три поени за да се искачат на 13. место на табелата. Сити останува втор со 66 поени, осум пред Лестер, но загрижувачки ова е дури деветти пораз на „граѓаните“ во 2019/2020 – Арсенал, Манчестер јунајтед и Вулверхемптон имаат помалку порази отколку тимот на Пеп.
Imagine this is your first Prem goal. Take a bow Che Adams pic.twitter.com/AAoknEsm6t
— FUT 94 (@FUT_1994) July 5, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Динамо плаќа 950.000 евра за репрезентативец на Курасао

Динамо Загреб и Левски од Софија го договориле трансферот на репрезентативецот на Курасао Најџел Роберта.
Динамо за трансферот на 22-годишниот напаѓач ќе издвои 950.000 евра. Бугарските медиуми, објавија дека преговорите помеѓу двата клуба траеле речиси еден месец и дека наскоро се очекува трансферот да биде официјално потврден.
Роберта, кариерата ја започнал во академијата на Феенорд, играл за сите младински селекции на Холандија, според „Трансфермаркт“, неговата вредност на фудбалскиот пазар изнесува 1.300.000 евра.
Спорт
Црвена звезда и Лече го договориле трансферот на Фалко

Италијанскиот напаѓач Филипо Фалко до крајот на оваа недела ќе потпише договор со Црвена звезда. „Скај Спорт Италија“, објави дека српскиот шампион на Лече, за услугите на Фалко, ќе им плати 1.500.000 евра.
Според овој извор, Црвена звезда и Лече се договориле, трансферот на Фалко, да биде платен во две рати.
Овој 28-годишен фудбалер, во актуелниот преоден рок имал понуди од Парма и Сасуоло. Понудите на клубовите кои играат во Серија ги одбил бидејќи не му гарантирале дека ќе биде стартер.
Фалко, во кариерата, бил играч на Болоња, Реџина, Јуве Стабија, Трапани, Чезена, Беневенто и Перуџа.
Спорт
Зидан: Јас сум виновен за поразот

Зинедин Зидан ја задржа присебноста и покрај сензационалната елиминација на Реал Мадрид од Купот на Шпанија. „Кралскиот клуб“ синоќа со играч повеќе во дополнителните 30 минути беше поразен од членот на Третата лига, Алкојано со 2:1.
По овој шокатнтен пораз сериозно е разнишана позицијата на Зидан во Реал. Реал против Алкојано излезе со респектибилиен тим, од стартерите на теренот ги немаше Куртоа, Варан, Рамос, Модриќ и Карвахал, а во второто полувреме на теренот влегоа Азар, Бензема, Крос и Марко Асенсио.
„Мирен сум, мислам дека момците сакаа да победат. Мислам дека играчите сè уште ми веруваат. Да почекаме да видиме што ќе се случи во наредните неколку дена. Направивме неколку добри работи од почетокот на сезоната, за жал, тоа не е така во последно време“, рекол Зидан по натпреварот.
„Ја прифаќам вината. Како тренер јас сум одговорен“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот