Спорт
Пандев со фантастичен гол во македонското дерби во Серија А, Џенова спаси поен! (видео)

Горан Пандев уште еднаш покажа дека не го загубил „осетот“, постигнувајќи гол за неговата Џенова во македонското дерби во Серија А против Удинезе на Илија Несторовски, помагајќи Грифоне да освојат значаен поен во драматичното 2:2 реми.
Пандев и Несторовски не се најдоа во ист момент на теренот, бидејќи Несторовски беше заменет во 58. минута, додека само минута подоцна Пандев влезе во игра за Грифоне.
Секо Фофана ги донесе Удинезе во водство во 44. минута, пред Кевин Лазања да ја зголеми предноста на 2:0 во 73. минута, пред Пандев да постигне фантастичен гол од работ на шестнаесетникот во 81. минута да даде надеж на гостите дека можат до поен. Ова беше осми гол за Пандев оваа сезона за Грифоне и вкупно 93. гол за Гранде во Серија А. Драмата беше резервирана во финишот на мечот – во 96. минута беше досуден пенал за Џенова, кој Андреа Пинемонти го упати директно во голманот Хуан Мусо, но потоа ја смести топката во мрежата за важен поен.
Но, на крајот, Удинезе со победата скокна на 14. место со 31 поени, додека Џенова е 17. со 27 поени, два поени пред 18-тото место каде што е Лече.
СЕРИЈА А, 30.КОЛО
Бреша – Верона 1:0
Каљари – Аталанта 0:1
Парма – Фиорентина 1:2
Сампдорија – СПАЛ 3:0
Удинезе – Џенова 2:2
ГОЛОТ НА ГОРАН ПАНДЕВ
УДИНЕЗЕ – ЏЕНОВА
ПАРМА – ФИОРЕНТИНА
КАЉАРИ – АТАЛАНТА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.