Спорт
Овен не ја заборавил 1998: Уште го презирам Бекам, тој ја разочара Англија (видео)
Поранешниот англиски напаѓач, Мајкл Овен открива дека уште чувствува презир кон неговиот стар соиграч од репрезентацијата, Дејвид Бекам, откако тој доби црвен картон во осминафиналето на Светското првенство во 1998 година.
Англија имаше 2:2 со Аргентина, чиј капитен беше Диего Симеоне кога Бекам доби црвен картон во второто полувреме паѓајќи на провокација на сегашниот тренер на Атлетико Мадрид. Во новата биографија „Рибут“, од која се вадат извадоци, Овен не може да не се запраша каков би бил мечот, Бекам да бил поконцентриран, откако Англичаните потоа испаднаа на пенали.
„Ќе почнам со тоа што ќе кажам дека Дејвид и јас секогаш се согласувавме добро на лично ниво. Тој беше многу талентиран фудбалер и секогаш сум го ценел многу бидејќи никој не работеше понапорно да го извлече максимумот од тој талент. Но, по Светското во Франција, нашите патишта беа различни. Јас станав миленик на англискиот фудбал, тој беше злосторник. Чувството по мечот беше дека немаме што да му кажеме. Штетата беше направена. Но, сега, со перспектива, прво мислам дека тоа не беше црвен картон, туку само незрело однесување. Но, тоа ја прави ситуацијата полоша. Сега, пишувајќи ја книгата, ќе лажам ако кажам дека тој не ја разочара Англија и своите соиграчи. Дали ја заслужи омразата? Секако, не. Но, Дејвид не разочара и денеска уште чувствувам презир кон тоа“, пишува Овен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рајо Ваљекано го запре Реал
Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод.
Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои шанси, но Куртоа и на овој меч потврди дека се наоѓа во врвна форма.
Рајо е првиот тим што остана непоразен оваа сезона дома против Реал и Барселона. Само два клуба успеаја да го сторат тоа минатата сезона: Осасуна и Бетис.
Подоцна во текот на денот, Мајорка го победи Хетафе со минимален резултат, со голот на Муричи во 14-та минута.
Валенсија освои бод во финишот на натпреварот против Бетис. Овој натпревар заврши со резултат 1:1.
Бетис водеше од 74-та минута кога Хернандез постигна гол. Валенсија го дојде во 82-та минута преку Риоха.
Спорт
Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б
Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј.
„Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот.
„Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото полувреме. Поврзани со средниот ред, бевме навистина добри.
Би сакал да им се заблагодарам на играчите, на сите во тренерскиот штаб и на клубот за подарокот. Горд сум што работам тука и што Манчестер е мој град. А сега – да се одмориме и да ја вратиме нашата енергија“, вели Гвардиола.
Клубот од 1.000 не е мала работа, а Пеп знае што било важно:
„Мислам дека периодот кога бев во Барселона Б е основа на многу работи. Тогаш се запознав себеси и сфатив дека можам многу да научам. Никогаш нема да ги заборавам момците од таа прва сезона. За мене е посебно што стигнав до 1.000 натпревари пред моето семејство, а особено што тоа беше натпревар против Ливерпул. Тоа е клуб кон кој имам огромно почитување.“
Спорт
Рома се искачи на првото место во Серија А
Рома го искористи вчерашниот кис на Милан и денешниот на Наполи и со победата над Удинезе (2:0) се искачи на челната позиција во Серија А.
Тимот на Џан Пјеро Гасперини веќе беше на врвот на табелата во Серија А оваа сезона, во единаесеттото „волчицата“ беше на врвот, но веќе во следното ја препушти челната позиција.
Рома се врати на врвот на табелата откако рутински го скршија отпорот на Удинезе со головите на Лоренцо Пелегрини од пенал и Зеки Челик. Проблем за Рома претставува повредата на Артем Довбик.
Дуелот го одбележа, Николо Заниоло. Човекот замина од „Олимпик“ беше соодветно пречекан од домашните фанови, а притисокот поради постојаните свирежи на домашната публика вроди со плод во второто полувреме кога Заниоло од лутина го удри Коне со топката во лицето.
За малку ќе избувнеше тепачка, но судијата Колу реши со разговоро, а не со делење картони да ги смири страстите.
Рома гостува кај Кремонезе по паузата за квалификациите за пласман на СП.

