Спорт
Панчев: Не сакаа од Вардар да направат добар тим, кога го видов тоа, си поднесов оставка
Испаѓањето на Вардар во втората лига и понатаму е тема на спортската јавност на просторите на поранешна Југославија. Дарко Панчев во интервју за „Моцарт спорт“ открива што се случувало во клубот во периодот кога тој бил спортски директор.
„Кога се пласиравме во Лига Европа, им кажав на луѓто во клубот дека немаме тим што може да биде конкурентен. Добивме пет милиони евра од УЕФА, со тие пари можевме да го проектираме буџетот за наредните три сезони. За условите во македонскиот фудбал тоа се големи пари. Јас не ја препознав желбата кај нив дека сакаат да работат на засилување на тимот. И бев во право. Реал Сосиедад ни даде шест, Зенит пет гола. Само со Розенборг одигравме нерешено на домашен терен“, рекол Панчев.
„А навистина сакав да направам сериозен тим. Сега кога сѐ помина, ќе ви откријам дека имав договорен напаѓач од втората турска лига. Во тој момент тој беше најдобриот стрелец во таа лига. Јас знам да препознам квалитетен напаѓач. Сакаше да дојде и да игра за малку повеќе од 200.000 евра. Блиску беше и еден Израелец. Меѓутоа, челниците сето тоа го одбија. Тие само го искористија моето име. Моето и името на Илија Најдоски. Немаа желба да направат добар тим. После на навивачите им ја сервираа приказната дека јас сум виновен, дека треба да си заминам. Кога го видов тоа, веднаш си поднесов оставка“, изјавил Панчев.
Европскиот и светски првак со Црвена звезда вели дека клуб со традиција каков што е Вардар мора да ја има поддршката и од државата.
„Дурга песна ќе се пееше да имавме овде претседател каков што е Александар Вучиќ во Србија. Претседателот на Србија го сака спортот, но уште поважно е дека тој знае оти спортските успеси се најевтин и најдобар вид промоција на една држава“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

