Спорт
Пандев: Ние живееме како едно семејство, а заслугата за тоа е на Ангеловски
Најдобриот македонскиот фудбалски репрезентативец, долгогодишниот капитен Горан Пандев во интервју за емисијата „СпортЛајт“ раскажа за својата фудбалска кариера и македонската репрезентација. Пандев упати низа пофалби на сметка на сега веќе екс-селекторот Игор Ангеловски.
„Кај нас играат многу играчи. Има Албанци, Турци, Македонци, разни националности, но навистина живееме како едно семејство, тоа се гледа и на теренот и надвор од него, затоа што сите меѓусебно се почитуваме и тоа мислам дека е најголема заслуга на Игор Ангеловски“ рече меѓудругото Горан Пандев.
За времето поминато во тимот на Интер, Пандев рече дека српскиот ас, Дејан Станковиќ многу му помогнал. Вели дека е голем човек.
Пандев кој ја заврши репрезентативната кариера според информациите од Џенова уште една сезона ќе го носи дресот на клубот од југот на Италија.
Комплетната емисија со Горан Пандев ќе биде емитувана вечерва со почеток во 22.10 часот на Спорт клуб 1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.