Контакт

Спорт

Паоло Сосуса ќе ја напушти Полска, ја прифатил понудата од Фламенго

Објавено пред

Пауло Соуса, побарал да го раскине договорот со Фудбалскиот сојуз на Полска. Португалецот ја прифатил понудата од Фламенго, поради што побарал Полјаците да го ослободат од обврските.

Од Фудбалскиот сојуз на Полска, потегот на Соуза го нарекле неодговорен. Селекторот сака да замине, во ситуација кога треба да се подготвува за баражот, за пласман на Светското првенство во Катар.

„Соуса ме информираше дека сака спогодбен раскин на договорот. Ми кажа дека добил понуда од друг клуб. Неговото однесување е неодговорно, го одбивме неговото барање“, рекол претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Чезари Кулеша.

Полска во полу-финалето, во баражот ќе игра против Русија, доколку победи ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу Шведска и Чешка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Продолжува сонот на Гамбија – победа над Гвинеја за четврт-финале на Африканскиот куп

Објавено пред

Гамбија е третиот четврт-финалист на Африканскиот куп на нации, откако репрезентацијата која е само 150. на ФИФА ранкинг листата го изненади фаворитот Гвинеја за 1:0 победа. Следен противник на Гамбијците е подобриот од мечот меѓу домаќинот Камерун и второто најголемо изненадување на турнирот, Коморите.

Единствениот гол на мечот „падна“ во 71. минута, кога напаѓачот на Болоња, Муса Бароу доби одлична топка од уште еден фудбалер на „печалба“ во Италија, Јусуфа Боб од Пјаченца, за да постигне убав гол.

ОСМИНАФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Гвинеја – Гамбија 0:1

Камерун – Комори 20.00 ч.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, АФЦОН 2022

Буркина Фасо – Тунис

Гамбија – Камерун/Комори

Сенегал/Кабо Верде – Мали/Екваторска Гвинеја

Брег на Слонова Коска/Египет – Мароко/Малави

Прикажи повеќе...

Спорт

Спонзорите на Ѓоковиќ, „Hublot“ велат дека вакцината е личен избор

Објавено пред

Генералниот директор на швајцарскиот производител на луксузни часовници „Hublot“ (Ибло) вели дека нема прекин на соработката со светскиот тенисер број 1, и дека вакцинацијата е право на личен избор.

Ова доаѓа по скандалот со Ѓоковиќ и неговиот неуспешен обид да влезе во Австралија за настап на првиот гренд слем од сезоната, со оправдување дека не е вакциниран и така наштетува на јавното здравје и мир во земјата.

Директорот Рикардо Гваделупе во интервју за „Ројтерс“, вели дека чекаат да го слушнат личното искуство на Ѓоковиќ.

„Чекаме да ја слушнеме неговата позиција за тоа низ што помина. Принципот на вакцините е нешто приватно. Ние ја цениме личната слобода, секој може да одлучи, секој може да биде за или против, тоа е нашата позиција. Кога ќе се слушнеме со Ѓоковиќ ќе имаме дефинитивна позиција“, вели Гваделупе.

Прикажи повеќе...

Спорт

Овој пат нема бајки – Вотфорд го отпушти Раниери

Објавено пред

Вотфорд го отпушти Клаудио Раниери по нешто повеќе од три месеци на чело на премиерлигашот по катастрофалната серија резултати и сега ќе бара трет тренер оваа сезона.

Газдата Џино Поцо го отпушти Чиско Муњоз на 3 октомври во моменти кога Вотфорд беше 14. на табелата и Раниери успеа да освои само седум поени со клубот, од кои најдобар резултат му беше шокантната 4:1 победа над Манчестер јунајтед (по која отказ доби нивниот менаџер Оле Гунар Солскјер).

Во петокот Вотфорд загуби со 3:0 од ривалите во борбата за опстанок, Норич, по што е на 18. место на табелата, само три поени од дното.

Ова беше четврта тренерска работа за 70-годишниот Италијанец во Премиер лигата по Челси, Лестер и Фулам. Најголемиот успех, несомнено, е сезоната 2015/2016 кога со Лестер ја освои титулата од Премиер лигата. Но, овој пат немаше фудбалски чуда.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија3 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа3 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија5 часа

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција...

Македонија6 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија7 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија7 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија8 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет8 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија9 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет9 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија9 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет10 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет10 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет11 час

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија22 часа

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија23 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет1 ден

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија1 ден

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија1 ден

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Досие