Спорт
Рубљов позитивен на коронавирусот

Рускиот тенисер Андреј Рубљов, на „Твитер“, објави дека е позитивен на коронавирусот. Светскиот рекет број 5, денес требало да отпатува во Австралија, на АТП купот. Рубљов е вакциниран со две дози и како што објави имал само лесни симптоми.
„Во моментов сум во Барселона, за жал мојот тест на ковид-19 е позитивен. Во изолација сум и ги следам сите препораки на лекарите“, напишал Рубљов.
Андреј Рубљов е уште еден од учесниците на ревијалниот турнир во Абу Даби, кој по враќањето во Европа, доби позитивен тест. Претходно позитивни тестови добија Рафа Надал, неговиот тренер Карлос Моја, Дани Шаповалов, Ема Радукану, Белинда Бенчиќ и Онс Жабер.
АТП купот на програмата е од 1. до 9.јануари. Русија ќе го брани трофејот од минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотенхем го сака Компани за нов менаџер?

Винсен Компани е желбата на Тотенхем за нов менаџер. Како што е познато, Антонио Конте би можел и официјално да добие отказ од Тотенхем во наредните два дена, а сопственикот Даниел Леви веќе бара алтернативи.
Претходно во неколку наврати се споменуваа Маурисио Почетино, па дури и Томас Тухел, а сега во приказната одеднаш влета Компани.
Белгиецот направи вистинско чудо во Чемпионшип, неговиот Барнли сигурно ќе се врати во Премиерлигата, а оваа сезона негува поинаков, напаѓачки фудбал.
Компани има големи амбиции со Барли и не се знае дали е подготвен да го напушти клубот по само една сезона, но понуда од Тотенхем секако е една од оние што не доаѓаат секој ден во животот.
Пеп Гвардиола по средбата меѓу Манчестер Сити и Барнли изминатиот викенд во ФА Купот изјави дека очекува Компани во иднина да стане менаџер на актуелниот англиски шампион.
Спорт
Рабио од лето на „Енфилд“?

Адриен Рабио на лето би можел повторно да стане слободен играч, бидејќи сѐ уште не го продолжил договорот со Јувентус. Големо прашање е дали „старата дама“ ќе има пари да му понуди иста плата како кога пристигна како слободен играч пред четири години.
Поради тоа, се погласни се гласините дека Рабио би можел да го напушти Јувентус на крајот на сезоната. Се чини дека не би имал ништо против да игра за Ливерпул.
„Ми се допаѓа Ливерпул многу, бидејќи кога бев помлад бев голем фан на Стивен Џерард. Поради него почнав да фантазирам и оттогаш ги следам „црвените“, изјави Рабио.
Англиските медиуми веднаш ова го поврзаа со негов можен трансфер на „Енфилд Роуд“ претстојното лето.
Спорт
Нема ништо од боксерскиот спектакл Фјури – Усик

Пропаднаа преговорите за борба за неприкосновен светски шампион во бокс во тешка категорија меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик. Оваа вест денеска за „Скај“ беше потврдена од промоторот на Усик, Александар Красик.
Борбата меѓу шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО верзијатам Олександр Усик и шампионот на ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури, требаше да се одржи на 29 април на „Вембли“ во Лондон.
Во текот на преговорите Фјури барал парите од борбата да бидат поделени 70-30 во негова корист, на што Усик се согласил, но само доколку Британецот донира милион фунти за помош на Украина.
Сепак, двете страни не успеаја да се договорат, а промоторот на Усик потврди дека преговорите пропаднале.
Усик и неговите соработници наводно го затвориле тренинг кампот и се подготвуваат за следниот противник.
Усик сега ќе мора да ги брани титулите против задолжителниот предизвикувач на ВБА, Даниел Дубоа.
ВБА неодамна објави дека Усик мора да започне преговори со Дубоа за одбрана на појасот доколку до 1 април не покаже потпишани договори за борбата со Фјури.