Спорт
Пеле префрлен на палијативна нега

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле, е преместен на палијативна нега, каде што ќе се обидат да му ги намалат болките и да му го олеснат дишењето, јавува бразилскиот медиум „Фолја де Сао Пауло“. Лекарите се одлучиле да ја прекинат хеомотерапијата, затоа што телото на Пеле не реагира на оваа медицинска нега.
Палијативната нега се применува кај пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести. Најчесто се користи кај болните од карцином кој е во напреден стадиум.
Пеле во средата беше примен во болница, а информациите велеа дека се работи за рутински медицински третман.
На Пеле минатата година му беше отстранет тумор на дебелото црево, но подоцна е утврдено дека има метастази и на други делови од организмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Озил не се повлекува, ќе ја заврши сезоната со Башакшехир

Претставниците на поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал, Месут Озил, ги демантираа шпекулациите во турските медиуми дека е подготвен да го раскине договорот со Башакшехир и да објави фудбалска пензија.
Турските медиуми објавија дека 34-годишниот Германец со турско потекло, ќе објави пензионирање по новата лоша сезона во Суперлигата, но агентите на Озил за германската новинска агенција „ДПА“ објавија дека „нема ништо во тие вести“ и дека тој дефинитивно ќе ја заврши сезоната со Истанбул Башакшехир.
Озил се врати во Турција со неговиот омилен клуб Фенербахче, но таму влезе во конфликт со управата и договорот му беше раскинат, по што потпиша договор со Башакшехир. Сепак, и таму, тој има ограничено време на теренот со само осум настапи оваа сезона и вкупно 187 минути на теренот.
Спорт
Наполи продолжува со „маршот“ кон Скудетото, сега имаат +16 пред Интер!

Наполи направи уште еден чекор до првото скудето од ерата на Диего Марадона, откако се „разбудија“ во второто полувреме за убедлива 0:3 победа на гостувањето кај Специја, со која избегаа на 16 поени пред второпласираниот Интер, пред нивното градско дерби против Милан.
„Партенопеи“ дојдоа во водство на стартот на второто полувреме, кога Хвича Кварацхелија беше прецизен од белата точка, откако во првото полувреме не искористија неколку шанси. Македонскиот репрезентивец Елиф Елмас овојпат не беше стартер, и тренерот Лучано Спалети му даде шанса да влезе во игра на место на Пјотр Зиелински во 63. минута.
Само шест минути подоцна, Виктор Осимен стрелаше за 0:2, за веќе во 73. минута нигерискиот напаѓач да го постигне својот втор гол за потврда на победата.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));
Спорт
Баерн во „војна“ со Ноер по отказот на неговиот пријател

Првите луѓе на Баерн Минхен луто реагираа на последното интервју на нивниот голман Мануел Ноер, откако тој изјави дека чувствувал дека „срцето му е откорнато“ откако добил информација дека неговиот близок пријател, тренерот на голманите, Хрватот Тони Тапаловиќ добил отказ.
„Се работи за човечката страна на работите, начинот на кој се однесуваше клубот кон важен работник. Во Баерн Минхен сакаме да сме поинакви, вистинско семејство. И тогаш се случува ова што никогаш не сум го помислил. Ова е тажна работа за сите – за клубот, за Тапа, за сите голмани“, изјави Ноер во интервјуто за „Атлетик“.
Спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ потврди дека клубот ќе зборува со Ноер по изјавата дека тој не се согласува со причините поради кои Тапаловиќ доби отказ по повеќе од една деценија во клубот.
„Сфаќам дека Мануел лично беше погоден од ситуацијата, но очекувам поинакво однесување од него како капитен. Одлуката за Тапаловиќ беше тешка за сите нас, но нема никаква врска со Мануел. Разочарувачки е што тој ги постави личните интереси пред интересите на клубот. Ќе го решиме то интерно“, изјави Салихамиџиќ.