Спорт
Пелистер „начека“ и го победи Вардар во Скопје

Пелистер сензационално со 30:26 го победи доминаторот во македонскиот ракомет, Вардар за да остане во игра за четвртото место во ракометната Суперлига.
Секако, Вардар беше без своите најдобри ракометари, кои се подготвуваат за најважното, фајнал фор турнирот од Лигата на шампионите во Келн и дуелот со големата Барселона.
Поповиќ со осум гола беше најефикасен на натпреварот, а Ивановски постигна пет. Кај Вардар, Мишевски со седум гола беше прв стрелец во екипата.
Фото: РК Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ленард со звукот на сирената им пресуди на Сакраменто Кингс

Лос Анџелес Клиперс го совлада Сакраменто со 111:110 по продолжение на домашен терен во Инглвуд. Клиперси го забележаа третиот последователен триумф во НБА лигата.
Најефикасен во тимот на Клиперс беше Џејмс Харден со 29 поени, 11 асистенции и девет скока. Хрватскиот центар Ивица Зубац додаде 22 поени и 14 скока, додека Дерик Џонс Јуниор постигна 17 поени, исто како и Каваи Ленард, кој го постигна победничкиот кош во последната секунда од продолжението.
Демар Дерозан беше најефикасен кај Сакраменто со 31 поен, 10 асистенции и седум скока. Зак ЛаВин додаде 30 поени и седум скока, додека Киган Мареј имаше 15 поени и шест скока. Јонас Валанчиунас забележа девет поени, 17 скока и седум асистенции.
Клиперси се осми во Западната конференција со 35 победи и 29 порази, додека Сакраменто е деветти со скор 33/30.
НБА, резултати:
Њу Орлеанс Пеликанс – Мемфис Гризлис 104:107
Филаделфија – Јута Џез 126:122
Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 100:112
Минесота Тимбервулфс – Сан Антонио Спарс 141:124
Портланд Трејл Блејзерс – Детроит Пистонс 112:119
Лос Анџелес Клиперс – Сакраменто Кингс 111:110
Спорт
„Ја навредив Барселона, а Меси не зборуваше со мене три месеци“

Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес изјави дека откако во една прилика го навредил фудбалскиот клуб Барселона, неговиот сонародник Лионел Меси не сакал да разговара со него цели три месеци.
Меси играше за Барселона 23 години, каде што се прослави, освојувајќи 10 титули во шпанската лига, четири трофеи во Лигата на шампионите и седум трофеи во Копа дел Реј. Постигна 672 гола, со што стана рекордер за каталонскиот клуб.
Тој го напушти клубот во 2021 година и се пресели во Пари Сен Жермен, а две години подоцна потпиша за Интер Мајами.
Додека играл за Пари Сен Жермен, Паредес упатил серија навреди кон Барселона за да ги мотивира своите соиграчи во мечот од Лигата на шампионите во февруари 2021 година, кој францускиот клуб го доби со 4:1. Зборовите на Паредес стигнале до Меси, кој птооа не сакал да разговара со соиграчот од националниот тим.
„Не разговаравме околу три месеци. Се чувствував навистина лошо. Му испратив порака следниот ден, а потоа уште една. Две недели подоцна, му напишав: „Не беше насочено кон тебе, не сакав да те навредам”. Но, тој не одговори. Не одговори во следните три месеци”, изјави Паредес за „Infobae“.
„Поминаа три месеци и си помислив: „Сега треба да видам како ќе реагира“. Но не, феномен, феномен. Истиот ден стигнавме на тренинг кампот на репрезентацијата, јас стигнав малку порано и тој дојде во мојата соба. Ги мијав забите, навистина беше рано, а тој ме поли со вода и ми рече: „Што правиш толку рано?“ “, додаде Паредес.
Меси и Паредес овој месец ќе играат за репрезентацијата на Аргентина во квалификациите за СП 2026 година, на натпреварите против Уругвај и Бразил.
Спорт
(Видео) Анхел Кореа се соочува со 12 натпревари суспензија

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа би можел да биде строго казнет откако беше исклучен на натпреварот од шпанското првенство против Хетафе (2:1). Аргентинецот го навредил судијата Квадра Фернандез.
Како што пренесува „Марка“, според правилата на Ла Лига, навреда или употреба на навредлив јазик кон судијата, помошните судии, четвртиот судија, управните или спортските власти, освен ако не се работи за посериозен прекршок, се казнува со исклучување од четири до 12 натпревари.
Аргентинскиот напаѓач доби црвен картон во 87. минута од натпреварот. Кога беше исклучен, Кореа употребил неколку непристојни изрази кон судијата и неговата мајка.
Делегатот тие зборови ставил во записникот од натпреварот.
„Јорганџиите“ во тој момент имаа гол предност, но Хетафе за само четири минути ја сврте табелите и забележа важен триумф во борбата за опстанок.
Атлетико Мадрид е трет со 56 бодови, еден помалку од Реал Мадрид и Барселона (натпревар помалку).
🚨| Angel Correa le dice “SOS UN HIJO DE P*TA* al árbitro en su jodida cara
Veremos el trato de la prensa.
— gam (@mbagamdre) March 9, 2025