Спорт
Петковиќ ја напушта Швајцарија, станува тренер на Бордо
По седум години на клупата на швајцарската репрезентација, Владимир Петковиќ се реши за нов предизвик, преземајќи го францускиот клуб Бордо, потврдија од Швајцарската фудбалска федерација.
Швајцарскиот тренер, кој е родум од Сараево, но поголемиот дел од фудбалската кариера како играч и тренер ја има во Швајцарија, потпишал договор на три години. Тој претходно беше тренер и на Лацио, Сион, Самсунспор, Јанг бојс, Лугано и Белинцона.
Nationalcoach Vladimir Petkovic verlässt den SFV und wechselt zu Girondins Bordeaux. Vielen Dank für die sieben erfolgreichen Jahre und alles Gute in Bordeaux!
? https://t.co/AeHvUVv9wn pic.twitter.com/XNHNHHwKbg
— ?? Nati (@nati_sfv_asf) July 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Робињо: Расистичка Италија ме осуди за силување
Робињо (40) е осуден во Италија на девет години затвор за групно силување на девојка која го прославувала својот 23 роденден во ноќен клуб во Милано во 2013 година. Тогаш беше напаѓач на Милан и бразилската репрезентација.
Бразилскиот суд му забрани да го напушти Бразил додека не одлучи дали може да ја отслужи деветгодишната казна за силување, изречена од италијанскиот суд, во неговата татковина.
Трофејниот напаѓач, поранешен фудбалер на Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, тврди дека е невин и дека целиот процес би изгледал поинаку доколку бојата на неговата кожа била поинаква. Одлуката дали ќе мора да оди во затвор треба да биде донесена во среда.
„Во Италија неправедно ме обвинуваат за нешто што не сум го направил и имам се што ми треба за да го докажам тоа. Играв во Италија четири години и уморен сум од расизмот. Не се сомневам дека процесот против мене ќе биде поинаку ако бев белец“, рече тој.
Минатата година бразилскиот портал „УОЛ“, објави аудио снимки од 2014 година на кои Робињо разговара со пријателите за силувањето на девојката.
„Ќе ја удриме по лице. Ќе ја удриш и ќе кажеш: „Што ти направив?“, рекол Робињо, што може да се слушне на видеото. Бразилецот тврди дека не учествувал во силувањето.
Во видеото, Робињо раскажува како го напуштил ноќниот клуб откако имал секс со девојката, додека неговите пријатели останале со неа. Тој бил загрижен што ќе се случи со него доколку инцидентот излезе во јавноста.
„Ако ова заврши во медиумите, ќе бидам уништен“, вели Робињо во видеото, пренесуваат бразилските медиуми. Во друг момент вели: „Таа беше пијана, не знае ни кој сум јас, ништо нема да се случи“.
Робињо поднесе жалба до неколку судови, но италијанскиот Врховен суд ја потврди деветгодишната казна, по што италијанските обвинители распишаа меѓународна потерница. Но, Бразил не ги екстрадира своите граѓани, па Италија побара Робињо да ја отслужи казната во Бразил.
Спорт
Алегри го напушта Јувентус на крајот од сезоната
Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, тврдат неколку италијански медиуми. Според овие извори, Алегри ќе го напушти клубот пред истекот на договорот. Тренерот има договор со Јувентус до јуни 2025 година.
„Тутоспорт“ и „Газета дело Спорт“, објавија дека ниту Јувентус сака да му понуди нов договор, ниту Алегри сака да остане во клубот. Според овие извори проблем нема да биде ниту оштетата која треба да ја добие Алегри за предвремен раскин на договорот.
Тренерот има годишна плата од седум милиони евра, но според медиумите двете страни ќе договорат раскин на договорот за помала сума.
Јувентус, пред еден месец беше легитимен кандидат за шампионската титула, но во последните осум натпревари забележа само една победа и на табелата падна на третото место.
Спорт
Атлетико и ништо друго – Коке ќе потпише нов договор
Хорхе Ресуресион Меродио, во светот на фудбалот познат како Коке, ќе потпише нов договор со Атлетико Мадрид. Коке е продукт на фудбалската акедемија на „јорганџиите“, а за првиот тим настапува од 2011 година. Ова е само уште еден доказ за љубовта на 32-годишникот кон клубот, што во денешниот фудбал е вистинска реткост.
Атлетико и Коке ќе ја искористат репрезентативната пауза за да потпишат нов договор. Допарва ќе решат дали Коке ќе потпише на една или две сезони. Желбата на фудбалерот е да добие нов двегодишен договор.
Коке е апсолутен рекордер според бројот на одигран натпревари за Атлетико. Досега во кариерата дресот на „јорганџиите“ го носел на 625 натпревари. За Шпанија има одиграно 70 натпревари.