Спорт
Пике јавно откри како во Шпанија може да се поткупи судија
Барселона во последните недели е во центарот на вниманието на фудбалската јавност поради обвинувањата дека плаќала судии, а по „случајот Негреира“ започна вистински „лов“ на Барселона од останатите клубови. За сето ова проговори и Џерар Пике, кој јасно кажа што мисли за обвинувањата на сметка на клубот.
Каталонците се обвинети дека плаќале за да имаат подобар статус кај судиите. Во овој момент сите шпански клубови, со исклучок на Реал, целосно им го свртеа грбот и бараат драконски казни.
„Никогаш во мојот живот не сум го сретнал господинот Негреира, ниту неговиот син. Подготвен сум да се заколнам пред суд, или пред секој што сакате, дека Барселона никогаш не подмитувала судии. Ако сакате да поткупите судија, многу е едноставно – контактирајте го, сретнете се со него на тајна локација и дајте му плик со пари. Зарем тоа не е полесно отколку наводно да одите преку потпретседателот на Судискиот комитет“, рече Пике и додаде.
„Без разлика каков хаос се обидуваат да направат, никој никогаш нема да може да го оцрни нашиот најдобар тим во историјата кој постигна неверојатни успеси. Сега сите се обидуваат гневот на навивачите на другите клубови да го насочат кон Барса. Ние играчите како одминува времето ги запознаваме судиите и знаеме какви се. Сепак, тренерите кои кога ќе дојдат во клубот не ги познаваат и затоа клубовите плаќаат судии советници“.
Тој се осврна и на фактот дека сите други клубови од Ла Лига издадоа соопштение на оваа тема барајќи казна за Барса. Последен што зборуваше беше Реал Мадрид, но Пике верува дека тоа го направиле против своја волја.
„Сите клубови, освен Реал Мадрид, се свртеа против Барселона. Разбирам дека на крајот и Реал го објави своето соопштение за медиумите, но тоа го направи под притисок на јавноста“, додаде тој.
На оваа тема вчера се огласи претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој јасно порача дека едвај чека да се соочи со сите оние кои се обидуваат да го нарушат угледот на каталонскиот клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Виола излезе од кризата – Фиорентина победи во Болоња
Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст.
За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет.
Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен оваа сезона.
Во Фиренца дефинитивно сега дишат полесно, но се свесни и дека вистинската работа допрва доаѓа.
Стрелци за тимот на Паоло Ваноли беа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи, кои во првото полувреме, кое беше одлично за гостите, а катастрофално за Болоња, му донесоа на својот тим капитална предност против тим кој се стреми кон европски позиции.
Колку тренерот на домашниот тим, Винченцо Италијано, беше незадоволен од играта на својот тим во првите 45 минути, најдобро покажува неговиот потег да направи четири замени веќе на полувремето.
Ги остави во соблекувалната напаѓачите Холм, Орсолини, Фројлер и Одгард, а наместо нив ги внесе Зорте, Роу, Моро и Фабијан.
И токму еден од резервните играчи, Фабијан, внесе неизвесност во натпреварот кон крајот, со голот ва 88-та минута, но Болоња не успеа да се спаси од пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул го сака Камавинга?
Ливерпул наводно сериозно ја разгледува опцијата за трансфер на играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, тврди „Фихајес“.
Англичаните веруваат дека Камавинга е совршено решение за тимот на Арне Слот и се надеваат дека ќе го искористат моменталниот хаос во Мадрид за да го убедат да се пресели во Премиер лигата.
„По заминувањето на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, внатрешната ситуација во клубот се движи во неочекуван правец и ја отвори вратата за реконструкција на тимот. Едуардо Камавинга, 22-годишен француски играч за врска, сега се етаблираше како играч кого сакаат да го видат на „Енфилд.
Со амин на Арне Слот, англискиот клуб се стреми да ја искористи моменталната „клима“ во Реал Мадрид и да испрати официјална понуда. Интересот, опишан од стручњаците на британскиот пазар како реален и долгорочен, укажува на договор што би ги надминал вообичаените суми што ги плаќа клубот од Мерсисајд за трансфери“, тврди „Фихајес“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Франк ги брои последните денови на клупата на Тотенхем
Челниците на Тотенхем сериозно размислуваат да му врачат отказ на тренерот Томас Франк. Тотенхем, вчера, доживеа пораз на домашен терен од Вест Хем (1:2).
Иднината на Франк. како што пишува „Тајмс“ е доведена во прашање по неговиот осми пораз во 14 натпревари.
Данецот беше исвиркан додека навивачите на Спарс скандираа „Утре сабајле ќе добиеш отказ“ по поразот од нивните лондонски ривали.
Во текстот се наведува дека раководството на клубот сакало да му даде време до сега, но најновиот пораз би можел да ја промени ситуацијата.
Тотенхем е 14-ти во Премиер лигата, десет бода над зоната за испаѓање и сè уште нема победа во 2026 година.
Спарс имаат победа само на еден од последните осум натпревари во сите натпреварувања, а во наредниот период им престои дуел со Борусија Дортмунд дома во Лигата на шампионите во вторник и на гостински терен против Барнли во Премиер лигата следната сабота.
Foto/ depositphotos

