Спорт
Пике откри зошто решил да се пензионира
Легендарниот дефанзивец на Барселона, Џерар Пике (35) пред неколку дена во разговор со шпанскиот „стример“ Ибаџи Јанош открил зошто така ненадејно решил да замине во пензија. Сега веќе поранешниот ас на Каталонците призна дека уште на почетокот на оваа сезона сакал да стави крај на кариерата.
„Има многу работи за кои се размислува во текот на сезоната. Се започна за мене по средбата со Чави, кога тој ми кажа дека ќе ми биде многу тешко да се изборам за место во тимот. Сепак, го замолив да ми даде шанса, бидејќи минатата сезона беше добра. За жал, ниту моето чувство од почетокот на сезоната не беше најдобро и мислев дека репрезентативната пауза ќе биде одлична можност да донесам одлука. Секогаш велев дека ќе си заминам во моментот кога нема да се чувствувам корисно. Тоа што имавме многу повредени играчи на мојата позиција одложи сè, бидејќи порано ќе се пензионирав. Не играв против Елче и Ваљадолид и чувствував дека не припаѓам во овој тим, не ми беше удобно. Бев многу блиску до одлуката да влезам во соблекувалната по тие натпревари и да кажам: ‘Готово е!’ Не поради внатрешната болка, туку поради чувството дека повеќе не припаѓам таму. Кога решив да се повлечам се случија повредите на соиграчите и не сакав да го напуштам тимот во тој момент. Мислев дека Светското првенство е време да се одморам и да донесам одлука“.
Piqué: “I’ve always said that when I wasn’t important for the team, I would retire. If several players hadn’t been injured in my position [Koundé, Araujo, Christensen], I would have retired earlier.” pic.twitter.com/pgQmsOB2lN
— Barça Universal (@BarcaUniversal) November 9, 2022
Пике откри кога и на кого првпат му кажал дека заминува:
„Утрото по гостувањето кај Викторија во Лигата на шампионите му кажав на Џоан Лапорта дека се повлекувам. Мислев дека ќе бидам тажен кога ќе го кажам тоа, но всушност бев среќен. Не можев да барам ништо повеќе. Го претставував мојот клуб практично цел живот, освоив многу трофеи и си поминав одлично. Се надевам дека ќе продолжам да живеам вака. Секое утро се будев и си признавав колку сум привилегиран. Има луѓе кои живеат доста лошо. Има и такви кои гледаат во соседот и веднаш се нервираат. Ќе бидам лут секогаш кога Реал Мадрид ќе победи, но се надевам дека ќе живеам среќно до крајот на животот“.
Пике додаде дека никогаш не размислувал да добие отказ од Барселона.
„Да ми кажеа на 28 години дека Барса нема да ми понуди нов договор немаше да одам никаде на друго место, туку ќе се пензионирав. Еднаш заминав во Манчестер јунајтед и Сарагоса. Кога се вратив од Јунајтед на 21 година, Јувентус ми понуди повеќе, но сакав конечно да играм во Барселона. Уште на 17 години Јунајтед ми даде многу пари, но на Барселона ѝ реков ‘Ќе останам за една третина од таа сума’. Сепак, се чувствував потценет од клубот, па си заминав. Никогаш, никогаш, никогаш нема да кажам дека не би играл во Андора (неговиот клуб во Ла Лига 2), бидејќи никогаш не велам никогаш. Но, јас ќе кажам дека 99 проценти не би одел таму“, рече Пике.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Да имаше Бог во фудбалот… Папата ќе беше тренер, а Ватикан светски шампион“
Режисерот на историската европска титула на Португалија, со интересна изјава откри што мисли за улогата на верата во спортот.
Летото во 2016 година, Фернандо Сантос и неговите избраници ѝ ја донесоа на Португалија историската прва титула на ЕУРО. Со голот на Едер во продолжението предизвика ја победија Франција со 1:0.
За титулата, 71-годишникот не им припишува никаква заслуга на повисоките сили.
„Да беше така, Ватикан секогаш ќе беше шампион. Ќе стававме свештеници да играат, Папата ќе беше тренер, а тие секогаш ќе беа шампиони! Бог ми помогна многу, но тоа беше на емоционално ниво. Ми даде мир, спокојство и никогаш не ме напушти. Сепак, тој не се грижи за тактички работи“, рече искусниот стручњак со насмевка, за португалски „Рекорд“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.

