Контакт

Спорт

Пипен: Ова не е вистинската НБА

Објавено пред

ЛА Лејкерс во финалната серија во НБА-лигата води против Мајами со 3-1 во победи и е на чекор до нова титула во најсилната светска кошаркарска лига. Сепак, легендата на лигата и на Чикаго Булс, Скоти Пипен, смета дека кошарката што се игра во „Дизни-светот“ во Орландо, Флорида, не е онаа вистинската.

dobivaj vesti na viber

„`Меурот` не е вистинската НБА, овде ја нема вистинската НБА-рутина. Нема напорни патувања, нема гледачи, нема никакви пречки. Нема вистинска бучава, како да се играат пријателски мечеви, го нема вистинскиот притисок врз навивачите. Видете што прави Рондо во финалната серија, човекот во кариерата не погодил тројка, а сега гаѓа со 50 %. Секоја вечер спиеш во ист кревет, ќе прошеташ до сала за вежбање, не мораш да се возиш во автобуси и не мораш 2 часа пред мечот да дојдеш на терен за да разговараш со новинарите. Ова е некоја друга игра“, смета Пипен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ПСЖ сака да го купи Френки де Јонг

Објавено пред

Францускиот гигант Пари Сен Жермен размислува да се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Холандскиот интернационалец е на продажба на „Камп Ноу“ пред се поради финансиската состојба во клубот и желбата на Барселона да се засили со некои други играчи.

dobivaj vesti na viber

Де Јонг во последните седмици се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, каде нов кормилар е поранешниот тренер на играчот, Ерик тен Хаг од Ајакс. Сепак, парижаните размислуваат и за посериозни промени во својот состав ова лето и Де Јонг се смета за одлична можност за засилување на средниот ред.

Голем плус за ПСЖ е и учеството во Лигата на шампионите, бидејќи „црвените ѓаволи“ следната година ќе мораат да се задоволат само со Лигата на Европа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Чуамени се договорил со Реал, сега уште двата клуба околу отштетата

Објавено пред

Шпанскиот гигант Реал Мадрид постигнал договор со францускиот репрезентативец Аурелиен Чаумени, пренесуваат шпанските медиуми. Тој минатата сезона одигра одлично во дресот на Монако и веќе е стандарден во селекцијата на „триколорите“.

dobivaj vesti na viber

„Кралевите“ ја загубија трката за Мбапе, но сега сакаат брзо да го комплетираат трансферот на Чуамени. Неговите агенти веќе ги договориле личните услови за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, а сега треба да се договори и отштетата меѓу двата клуба.

Монако бара 80 милиони евра за да го дозволи трансферот, а засега Реал Мадрид нуди 60 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фановите на Милан го „погребаа“ Чалханоглу

Објавено пред

„Црвено-црниот“ дел од Милано веќе втор ден го слави шампионскиот трофеј кој по цели 11 години се врати на „Сан Сиро“. А кога „завојуваните“ страни слават, тогаш редовно на удар се ривалите.

dobivaj vesti na viber

Овојпат фановите на Милан можеби и претераа откако го „погребаа“ Хакан Чалханоглу, кој е „предавник“ од таборот на „росонерите“ и се пресели во редовите на Интер.

На големата прослава навивачите на Милан носеа импровизиран ковчег со цел да го „погребаат“ турскиот репрезентативец. Ваков реваншизам не се случува првпат во Италија, но секако е морбиден.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ5 часа

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија8 часа

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија9 часа

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...

Македонија10 часа

(Видео) Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна...

Економија11 час

Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема...

Македонија12 часа

Пендаровски по повод 24 Мај: Сѐ уште има такви кои си земаат за право да имаат ексклузивитет врз заедничките добра

Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи...

Европа12 часа

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

Од Светската здравствена организација осврнувајќи се на проблемот со мајмунски сипаници во неколку земји, наведуваат дека не веруваат дека епидемијата...

Европа14 часа

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски...

Европа14 часа

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и...

Македонија14 часа

СПЦ и МПЦ со нова заедничка литургија во Скопје

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Не можам да кажам дека има напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на  постигнување на заедно прифатив документ со...

Македонија1 ден

Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи

Најважно за двете влади е да имаат конструктивен дијалог и тој да продолжи. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков...

Свет1 ден

Италија развила план за мир во Украина, Москва го разгледува

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Првата цел е...

Македонија1 ден

Регистрирани 151 новoзаразен од коронавирус во последните три дена, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 20.5...

Топ1 ден

Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал...

Европа1 ден

Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку...

Економија1 ден

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија1 ден

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...