Спорт
Пирло: Во договорот не пишува дека Кристијано не може да биде заменет

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, објаснил дека сакал да го одмори Кристијано Роналдо, поради што во 77.минута го повлече Португалецот од теренот. Јувентус, синоќа, со двата гола на Роналдо, го победи Интер во Милано, во првиот полу-финален натпревар во Купот на Италија.
„Не постои клаузула во договорот која вели дека Роналдо не може да биде повлечен од теренот. Кристијано знае дека е клучниот фудбалер за нашата игра. Тоа го докажа и на овој натпревар. Сепак, му кажав дека мора да се одмори, не чека уште еден важен меч. Добро е од време на време малку и да одмори“, рекол Пирло.
Реваншот во Купот против Интер, Јувентус ќе го одигра во Торино на 9.февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Закерони: Милан игра најдобар фудбал во Серија А

Поранешниот фудбалски тренер на Милан, Интер, Јувентус и Лацио, Алберто Закерони (67) е воодушевен од начинот на кој „Росонерите“ играат сезонава. Закерони смета дека Милан го игра најдобриот фудбал во италијанското првенство, а во разговор за „Газета дело Спорт“ упати серија пофалби за играта на Хрватот, Анте Ребиќ.
„Пиоли врши одлична работа, Милан игра сјаен фудбал, одлични се во последната третина. Можеби не се најдобрата екипа, но играат најдобар фудбал во Серија А. Ибрахимовиќ? Тој е волшебен и незаменлив, но Пиоли создаде екипа која може и без него. Мораат да ја бараат длабочината и да се потпрат на инстинктот на Леао, да ги искористат втрчувањата на Тео (Ернандез). Сепак, го следам Ребиќ уште од Ајнтрахт и тој може да ја направи разликата во казнениот простор. Уште подобар е кога пред себе има уште еден напаѓач“ рече Закерони.
Милан вечерва има нов дуел во Серија А, на „Сан Сиро“ гостува Удинезе со македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски.
Спорт
Работнички застана на патот на Шкендија, Шкупи профитираше од Кратово

Скопски Работнички одигра нерешено 0-0 против лидерот на табелата во ПМФЛ, тетовска Шкендија на денешниот меч од 21. коло одигран на нашиот најголем стадион во Скопје.
Во натпревар без многу шанси „Романтичарите“ иако го диктираа темпото, не успеаја да слават против тетовскиот тим ниту во деветтиот меч во низа на свој терен. Денешниот меч беше 11-ти на кој Работнички ги дели бодовите со противникот.
Киксот на лидерот на табелата го искористи екипата на Шкупи, па со голот на Алварез „чаирчани“ ги собраа трите бода од Кратово, од дуелот против Силекс, 0-1.
На првата победа во новата средина се радуваше Александар Васоски. Тој со својата Академија Пандев славеше триумф од 2-1 на домашен терен во Струмица против Македонија ЃП.
На останатите денешни дуели од ПМФЛ, Ренова со убедливи 3-0 славеше против подмладениот Вардар, Пелистер ги освои трите бода кај Струга Трим Лум со 1-0, а во Велес, Борец ја победи Беласица со 2-1.
По 21 одиграно коло од домашниот шамионат вака изгледа табелата:
Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија Ѓ.П. 35, Струга 32, Работнички и Борец по 29, Вардар 26, Пелистер 25 Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12.
Фото: ФК Работнички
Спорт
Без навивачи од странство на ОИ во Токио

Без навивачи од странство, од 23.јули до 8.август, ќе се одржат Олимписките игри во Токио. Оваа одлука треба да биде потврдена до крајот на овој месец.
Јапонските власти и членовите на Организациониот одбор, стравуваат дека пристигнувањето на луѓе од други држави, може да го забрза ширењето на коронавирусот. Се претпоставува дека на мал број домашни навивачи ќе им биде дозволено во живо да ги следат настаните на олимписките игри.
„Сакаме сите учесници на Игрите да бидат безбедни, но сакаме да бидат безбедни и жителите на Токио. Водиме сметка за сите детали, не сакаме никој да биде загрозен“, рекол првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.
Кога станува збор за новинарите, тиме по пристигнувањето во Токио нема да мора да одат во 14-дневна изолација. Новинарите ќе треба да имаат негативни ПЦР-тестови и нивното движење додека траат Игрите ќе биде ограничено.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер