Спорт
По 36 години Жан Мишел Ола повеќе не е претседател на Лион
Фудбалскиот клуб Олимпик Лион потврди дека Жан Мишел Олас по 36 години повеќе не е претседател на клубот. Новиот мнозински сопственик Џон Текстор ќе ја преземе функцијата генерален директор, додека Ола ќе ја добие функцијата почесен претседател.
Текстор ќе биде трајно претседател на Лион, а функцијата генерален менаџер ќе ја извршува само додека не успее да најде личност на која би му ја доверил таа функција.
Ола го напушта клубот откако му донесе 50 трофеи во машка и женска конкуренција во последните 36 години.
Најголемиот успех на Лион под водство на Ола беше освојувањето на седум последователни титули во Лига 1 од 2002 до 2008 година.
Во 1987 година, Аулас го презеде второлигашкиот клуб со долгови и го доведе до статус на еден од најголемите клубови во Европа и клуб кој ја има една од најдобрите академии во светот и поседува сопствен стадион, што е вистинска реткост во Франција.
Да потсетиме, Текстор го купи Лион минатата година за 800 милиони евра, а првичниот план беше Ола да остане претседател уште три години. Меѓутоа, американскиот инвеститор не бил задоволен од начинот на кој менаџментот под Ола ги спроведувал неговите идеи, па договорил експресна разделба. Ола доби 10 милиони евра отпремнина, и ќе остане во управата на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

