Спорт
Почина Силвио Берлускони
Легендарниот сопственик на Милан и поранешен премиер на Италија Силвио Берлускони почина по тешко боледување на 87. годишна возраст.
На Берлускони во април му беше дијагностицирана леукемија, а последните денови ги помина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, каде што почина.
Силвио Берлускони премиер на Италија во три мандати, вкупно речиси 10 години. Од друга страна, тој беше 30 години претседател на Милан и за тоа време овој клуб стана најтрофејниот во елитното европско натпреварување по неприкосновениот Реал Мадрид.
Тој го презеде клубот кога се пробиваше меѓу Серија А и Серија Б и веднаш го претвори во првокласна сила, како во Италија, така и во Европа. Меѓу многуте трофеи, Милан во тој период пет пати беше европски првак.
Инаку, светската слава ја стекна како медиумски магнат. Последните години од неговата јавна активност ги одбележаа многубројни афери. Како човек кој беше длабоко навлезен во деветтата деценија од животот, имаше сила и виталност да води фудбалски клуб. Тој ја подигна Монца до историски статус на прва лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Мекларен и Ферари можат да се борат за титулата со Ред Бул“
Шефот на Скудерија Ферари, Фреди Васер, верува дека неговиот тим и Мекларен можат да се вклучат со Ред Бул во трката за титулата оваа сезона во Формула 1.
По седум трки, Макс Верстапен е прв со 161 бод, 48 повеќе од второпласираниот Шарл Леклер. Вториот возач на ред Бул, Серхио Перез е трет во поредокот со 107 бодови, додека Ландо Норис е четврти со 101 бод.
На последната трка во Имола, Норис заврши втор со само две дестинки зад Ферстапен, а претходно во Мајами славеше Британецот. И болидите на Ферари веќе не се толку инфериорни во однос на Ред Бул.
„Возевме само седум од 24 трки. Има уште 17 и се е апсолутно можно. Лани во ова време имавме 100 поени помалку од Астон Мартин, а на крајот имавме сто повеќе од нив. Мислам дека и Мекларен и Ферари се блиску до Ред Бул и верувам дека ова првенство може да биде многу интересно. Едно повлекување, незавршена трка менува сè“, истакна Васер.
Шампионатот во Формула 1 продолжува викендов со Големата награда на Монако.
Спорт
Модриќ го продолжил договорот со Реал
Како што објави „Марка“, Модриќ се согласил на значително намалување на платата, но сепак сметал дека Реал е најдобрата можна дестинација за него.
„Лука го прифати намалувањето затоа што сака да ја заврши кариерата во Реал. Неговата амбиција е да биде капитен на Реал, сака да влезе во историјата со освојување нови трофеи и особено уште една Лига на шампиони“, пишува „Марка“.
Реал цела деценија го носеше редот за врска Касемиро – Крос – Модриќ. Од наредната сезона во клубот ќе остане само Модриќ.
Касемиро пред две години замина во Манчестер јунајтед, Крос вчера објави дека ќе се пензионира по Европското првенство.
Модриќ ќе има можност да го собори рекордот на Ференц Пушкаш и да стане најстариот играч кој одиграл натпревар во дресот на Реал.
Рекордот е 39 години еден месец, а бидејќи Модриќ на 9 септември ќе наполни 39 години, јасно е дека е блиску до поставување на уште еден рекорд во белиот дрес.
Спорт
Јокиќ ќе игра за Србија на ОИ
Трикратниот МВП на НБА, кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ќе игра за репрезентацијата на Србија на претстојните Олимписки игри во Париз.
Пред три дена Нагетс беа елиминирани во полуфиналето на плејофот на Западот, откако беа поразени од Минесота Тимбервулвс во серијата со 4:3 и нема да ја бранат титулата во НБА лигата.
По тој меч Јокиќ беше прашан за настапот на Олимписките игри.
„Не знам, ќе видиме, мора да размислам“, изјави актуелниот МВП на НБА.
Сепак, како што дознава „Максбет спорт“, Јокиќ на Олимписките игри ќе игра за Србија.
Овој извор наведува дека најдобриот НБА кошаркар до крајот на неделата треба да пристигне во Србија, каде со семејството во Сомбор ќе го чека почетокот на подготовките на националниот тим на 24 јуни во Стара Пазова.
Последен пат за Србија Јокиќ играше на ЕП во 2022 година, кога Србите шокантно беа елиминирани од Италија во осминафиналето.
Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ за „Б92“, ја демантираше оваа информација.
„Твитер новинар објави лажна вест… Навреме ќе добиете вистински информации“.