Контакт

Спорт

Почина Томи Доерти, поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед

Објавено пред

Томи Доерти, поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед и Челси, и селектор на шкотската репрезентација, почина на 92 години. Популарниот Док починал во својот дом во северозападна Англија по долга болест, потврди неговото семејство.

Роден во Глазгов, Доерти беше менаџер на Челси, Манчестер јунајтед и на Астон вила и на уште девет англиски клуба во 27-годишната кариера. Тој претходно имаше над 300 настапи за Престон норт енд, а играше и за Селтик, Арсенал и за Челси, со 25 настапи за шкотската репрезентација.

Со Челси го освои Лига купот во 1965 година, но најголемите успеси ги имаше во Манчестер јунајтед. Тој пристигна во 1972 година во остарениот тим на „ѓаволите“ и во 1973/74 испаднаа во втората лига враќајќи се експресно и освојувајќи го третото место во 1975/76 и загуби во ФА-куп титулата. Следната година тој го предводеше Јунајтед до 2:1 победа над Ливерпул во ФА-куп финалето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Алаба и Реал потпишале преддоговор

Објавено пред

Давид Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид, тврди „Марка“. Според овој извор, Австриецот, синоќа, во присуство на докторот на Реал ги минал лекарските прегледи.

Алаба потпишал четири годишен договор со Реал, а како што пишува „Марка“ ќе има плата од 11 милиони евра по сезона. Австриецот во Реал ќе пристигне во јули.

Давид Алаба е играч на Баерн веќе 13 сезони, во Минхен е од 2008 година, а член на првиот тим стана во 2010 година.

За Баварците одиграл 408 натпревари, постигнал 32 голови.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шампионот падна пред Вориорс, Харден и Дурент им пресудија на Милвоки

Објавено пред

Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забележаа Мемфис, Бруклин, Торонто, Чикаго, Мајами и Голден стејт.

Мало изненадување претставува победата на Голден стејт Вориорс над ЛА Лејкерс 115:113. Вориорс, успеаја да ги победат шампионите, и покрај тоа што имаа негатива од 16 поени по првиот дел. Во третиот период се вратија во мечот, а во четвртиот ја изборија победата.

Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 26 поени и 7 асистенции, три поени помалку постигна Кели Убре. Кај Лејкерси се истакна Денис Шрудер со 25 поени, Леброн забележа 19 поени, а Ентони Дејвис имаше 17 поени и исто толку скокови.

Бруклин Нетс во драматичен меч ги победија Милвоки Бакс со 125:123. Мечот го реши Кевин Дурент на 30 секунди до крајот, а Крис Мидлтон потоа имаше два обиди но не успеа да избори продолженија.

Џејмс Харден забележа 34 поени, 12 асистенции и 6 скока, а Кевин Дурент запиша 30 поени, 9 скока и 6 асистенции. На спротивната страна Јанис Адетокумбо го предводеше тимот со 34 поени, 12 скока и 7 асистенции, Крис Мидлтон постигна 25 поени.



Резултати:

Торонто-Далас 116:93
Чикаго-Хјустон 125:120
Мајами-Детроит 113:107
Мемфис-Финикс 108:104

Прикажи повеќе...

Спорт

Во Милан издржа седум меча, во Торино 18 – „Биковите“ го отпуштија Џампаоло

Објавено пред

Торино потврдија дека го отпуштија тренерот Марко Џампаоло по катастрофалниот старт на сезоната за „биковите“ со само 2 победи во 18 меча, и негова замена најверојатно ќе биде Давиде Никола.

Одлуката била направена по саботното очајно 0:0 реми со Специја, тим кој над 80 минути играше со 10 играчи. Под Џампаоло, Торино имаше 2 победи, 7 нерешени мечеви и 9 порази, постигнувајќи 26 гола и примајќи дури 35. Тие исто така испаднаа и од осминафиналето на Копа Италија, губејќи од Милан на пенали.

Џампаоло на претходното работно место траеше уште помалку – Милан го отпуштија по само седум меча во 2019/20, во кои загуби четири пати и го именуваа Стефано Пиоли, кој оваа сезона засега ги држи на првото место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 283 лица...

Македонија1 час

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Македонија1 час

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет17 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт18 часа

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија18 часа

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет19 часа

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија21 час

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет21 час

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија22 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ22 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија23 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија24 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа1 ден

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет1 ден

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион1 ден

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет1 ден

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет1 ден

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет1 ден

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет2 дена

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Досие