Спорт
Почина Тони Колинс, првиот црн менаџер во англискиот фудбал

Тони Колинс, првиот црн менаџер во Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), почина на 94 години, потврди Асоцијацијата на фудбалските менаџери добивајќи голем број пораки за сочувство, вклучувајќи ја таа од сер Алекс Фергусон, кој го нарече пионер на англискиот фудбал.
Пред да стане менаџер, тој беше фудбалер на Шефилд венсдеј, Јорк сити, Вотфорд, Норич, Торки, Кристал палас и Рочдејл, а во 1960 година Колинс стана менаџер на Рочдејл. Во седумте години во клубот тој го однесе до историско финале на Ла Лига во 1962 година, каде што во два меча загуби од Норич. Ова останува единствено големо финале во историјата на клубот.
Ссер Алекс Фергусон работеше со Колинс кога тој беше скаут во Манчестер јунајтед на крајот на својата кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Драма во Сараево – МЗТ го победи Работнички

Вечните скопски ривали, МЗТ и работнички, попладнево, одиграа натпревар во Сараево, во АБА2 лигата. Во трилер завршница победата им припадна на кошаркарите на МЗТ со 84:82 (17:21, 24:13, 22:27, 21:21).
МЗТ ја забележаа петтата победа во осмиот меч сезонава, во АБА2 лигата, додека Работнички има скор од две победи и шест порази. На табелата МЗТ се наоѓа во групата од шест тима, кои се наредени од второто до седмото место на табелата, додека Работнички се претпоследни.
Дуелот во Сараево, беше решен во неизвесна завршница, откако Работнички во третиот период со серија од 11 поени, успеа да ја стигне предноста на МЗТ.
Драмата кулминираше во финишот кога Олуџоби го блокираше Питс при водство на Работнички 80:76, решавачкиот момент се случи кога најдобриот играч на Работнички, Питс, направи неспортски фаул врз Балмазовиќ. МЗТ од тој фаул постигна три поени и го заклучи натпреварот со 84:82.
Крстевски со 19, односно Стојановски и Бојиќ со по 14 поени го предводеа МЗТ до победата. Кај Работнички се истакнаа Питс со 20 поени, односно Младеновски со 17 поени и осум скока.
Спорт
Пикси е новиот селектор на Србија

Драган Стојковиќ-Пикси официјално е менуван за селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Пикси потпишал три годишен договор, треба да ја предводи Србија до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Легендарниот фудбалер, денес го слави 56 роденден и на промоцијата реколд дека подобар подарок не можел да добие.
„Знам каква е одговорноста, но во исто време верувам во мојот и во квалитетите на моите соработници. Верувам и во големиот потенцијал со кој располага репрезентацијата. Исто така ја чувствувам поддршката и од јавноста, која ќе ни биде потребна за да ги оствариме нашите цели. Квалификациите ќе започнат за три недели, започнавме со подготовките, ги анализираме противниците. Првите два противника се исклучително тешки, реално тие се нашите главни ривали за првите две места во групата“, рекол Стојковиќ.
Поранешниот тренер на Нагоја и Гвангжу, ќе дебитира на 24.март против Република Ирска, три дена подоцна Србија ќе игра против Португалија, а на 30.март ќе гостува во Азербејџан.
Пикси на селекторската функција го наследи Љубиша Тумбаковиќ, кој доби отказ откако не успеа да избори пласман на Европското првенство.
Спорт
Манчестер јунајтед си ги бара парите – Интер за Лукаку платил само 24 милиони евра

Интер се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Дека тоа е така, покажува и информацијата што ја објави „Ил Кориере“, дека клубот од Милано за трансферот на Ромелу Лукаку досега на Манчестер јунајтед му платил само 24 милиони евра.
Ромелу Лукаку во летниот преоден рок во 2019 година од Манчестер јунајтед се пресели во Интер. Клубовите се договорија Интер да плати 74 милиони евра за белгискиот напаѓач.
Две години подоцна, во Јунајтед откриле дека Интер досега им платил само 24 милиони евра.
На „Олд Трафорд“ имаат план како да си го наплатат долгот. Ед Вудворд, спортскиот директор, побарал Интер да им го испрати Милан Шкринијар или, пак, Лаутаро Мартинез за да го покрие долгот.
Интер набргу ќе се огласи во јавноста по ова барање од Манчестер.
Инаку, Ромелу Лукаку игра во неверојатна форма во Интер. За 18 месеци одиграл 82 натпревара, постигнал 58 гола и забележал 12 асистенции.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер