Спорт
„Франс фудбал“ го облече Меси во дрес на ПСЖ

На само една пред големата пресметка во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Пари Сен-Жермен, францускиот фудбалски магазин „Франс фудбал“ на својата насловна страница го претстави Лионел Меси во дрес на францускиот клуб најавувајќи пристигнување во престолнината.
Иако самиот Меси, по желбата да го прекине договорот минатата година, беше тивок за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, две најверојатни дестинации, покрај Барса, остануваат Пари Сен-Жермен и Манчестер сити.
Магазинот „Франс фудбал“, пак, оди со повеќе анализи на тоа како би пристигнал Лео Меси на „Паркот на принцовите“ откако минатите недели слични пораки му праќаа и Анхел ди Марија, Нејмар, дури и спортскиот директор Леонардо, кој изјави дека големи фудбалери како Меси секогаш се во планот на ПСЖ.
Од Барселона, секако, на оваа уште една провокација нема да гледаат со наклонетост откако тренерот Роналд Куман побара малку респект кон фудбалерот и кон Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хендерсон успешно опериран, го чека подолга пауза

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, денес бил опериран, соопшти клубот од „Енфилд“. Хендерсон, во саботата, на натпреварот против Евертон се здоби со повреда на препоните.
Ливерпул, во соопштението, не прецизира колкава пауза го очекува Хендерсон. Се претпоставува дека тој нема да игра еден месец, додека медиумите шпекулираат дека пред капитенот е пауза од десет недели.
Јирген Клоп, остана без уште еден важен играч во тимот, од претходно тој не може да смета на Вирџил Ван Дајк, Џо Гомез и Фабињо.
Ливерпул се шестти на табелата во Премиер лигата, со 19 поени помалку од лидерите Манчестер сити. „Црвените“ се во лоша серија, забележаа порази на последните четири натпревари и до крајот на сезоната ќе се борат за место во Лигата на шампионите.
Спорт
Рома без Џеко ќе го напаѓа Милан

Рома, во недела, ќе го пречека Милан, во дерби дуелот во Серија А. „Волчицата“ за овој дуел нема да може да смета на Един Џеко.
Рома, синоќа, и во реваншот ја победи Брага и се пласира во осмина-финалето во Лига Европа. Римјаните славеа со 3:1, а серијата голови ја отвори Џеко.
Сепак, напаѓачот, не издржа до крајот на теренот. Во второто полувреме замина во соблекувалната.
Рона, не информира за каква повреда станува збор, а медиумите ги пренесуваат зборовите на тренерот Паоло Фонсека, кој рекол дека Џеко ќе го пропушти дербито со Милан.
Спорт
Абрамович одобрил – Челси ја започнува „операцијата Ерлинг Халанд“

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, дал дозвола, спортискиот секторот да ја започне „операцијата Ерлин Халанд“. Рускиот тајкун нема да штеди пари за да го донесе Норвежанецот, што значи дека во летниот преоден рок ќе се води голема борба за неговиот потпис.
Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус се само дел од клубовите кои се поврзуваат со норвешкото чудо од напаѓач. Спротивно на ова, спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, за германските медиуми изјавил дека Халанд во претстојниот преоден рок нема да го напушти клубот.
Пред една година „милионерите“, за Халанд платија 20 милиони евра. Медиумите шпекулираат дека тој во јуни 2022 година може да замине од клубот за 75 милиони евра.
Сепак Абрамович немал намера да чека уште една година и имал намера да потроши преку 100 милиони евра за да го обезбеди потписот на Халанд.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер