Контакт

Спорт

Погба постави рекорд, но Јунајтед не победи, Кејн се врати во составот на Тотенхем

Објавено пред

Пол Погба стана првиот фудбалер во историјата кој имал пет асистенции во првите две кола во Премиер лигата, но Манчестер јунајтед не успеа да стигне до победа, одигрувајќи само 1:1 кај Саутемптон на „Сент Мерис“. Нуно Еспирито Санто, пак, со Тотенхем стигна до 1:0 победа на гости кај неговиот поранешен клуб, Вулверхемптон.

Саутемптон успеаја први да дојдат во водство, кога по половина час игра, ударот на Че Адамс беше пренасочен од Фред и го совлада Давид де Хеа, а „ѓаволите“ сметаа дека се оштетени откако во акцијата пред голот беше фаулиран Бруно Фернандеш.

Во второто полувреме, Јунајтед „притиснаа“ за гол и стигнаа до него во 55. минута, кога по убавото проигрување на Погба и Фернандеш, Мејсон Гринвуд го постигна својот втор гол оваа сезона. Погба, пак, доби официјално асистенција за да влезе во историјата на Премиер лигата. До крајот на мечот, Јунајтед имаше повеќе шанси, иако и Давид де Хеа имаше две одлични одбрани против опасните Саутемптон.

На „Молињу“, пак, каде што Нуно го направи своето тренерско име, беше доволен гол од пенал за втора победа во првите две кола за Тотенхем. Уште во 9. минута, Деле Али беше прецизен од белата точка, а за одбележување е што Хери Кејн, по сите шпекулации за трансфер, влезе во игра во 72. минута на местото на Сон Хеунг-Мин.



(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Спорт

Додека се бореше против Зенит, разбојници му ги краделе медалите од ЛШ и ЕУРО2020

Објавено пред

Десниот бек на Челси, Рис Џејмс објави видео на Инстаграм на кое се гледаат разбојници кои крадат во неговата куќа. Оттаму го однеле сефот во кој биле медалот (златен) од Лигата на шампионите, европскиот Суперкуп и среброто од ЕУРО 2020 со Англија.

Грабежот во неговата куќа се случил во четвртокот непосредно пред започнувањето на мечот на неговиот Челси против Зенит од првото коло во ЛШ, на кој сините славеа со 1-0.

„Ноќта на 14. септември додека играв меч од ЛШ група кукавици – крадци влегле во мојата куќа. Успеале да го украдат тешкиот сеф и да го сместат во автомобил. Во сефот имаше некои лични работи, накит, медалите од ЛШ, ЕУРО2020 и Суперкупот. Овие медали ги освоив претставувајќи го Челси и Англија, а тоа е чест која никогаш нема да може да ми биде одземена. Сепак, апелирам до сите свои навивачи да помогнат во идентификацијата на овие карактерно мали луѓе кои никогаш нема да бидат мирни затоа што се појавуваат се повеќе докази против нив. Полицијата, моите советници и Челси се зад мене – имам цврсти докази против крадците“ напиша Џејмс меѓудругото на социјалната мрежа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Татко му починал само неколку минути по неговиот првенец за Сити во ЛШ!

Објавено пред

Манчестер сити и Лајпциг синоќа во првото коло од ЛШ приредија голгетерско шоу на „Итихад, нивниот меч заврши со резултат 6-3. Еден од стрелците во таборот на „граѓаните“ беше и Нејтан Аке, кој денеска на својот инстаграм-профил сподели тажна вест.

Неговиот татко починал само неколку минути по постигнувањето на неговиот првенец во светлосиниот дрес во ЛШ, на мечот со бундеслигашот. Аке тажната вест ја дознал по завршувањето на мечот.

„Последните неколку недели беа најтешките во мојот живот. Мојот татко беше тешко болен и немаше лек за неговата состојба. Благодарен сум што имав толкава поддршка од девојка ми, семејството и пријателите. Вчера, по тешкиот период, го постигнав својот прв погодок во ЛШ, а само неколку минути потоа мојот татко починал. Мајка ми и брат ми биле покрај него. Можеби така било судено. Додека ме гледаше како играм секогаш беше среќен и горд. Знам дека засекогаш си покрај мене, секогаш ќе бидеш во моето срце и овој гол беше за тебе, тато“, напиша Нејтан Аке на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathan Aké (@nathanake)

Прикажи повеќе...

Спорт

Брозовиќ: Требаше да го разбиеме Реал со 3:0

Објавено пред

Поразот на Интер на својот „Џузепе Меаца“ стадион синоќа од Реал Мадрид со 1-0 е во потполност незаслужен, сметаат фудбалерите од миланскиот клуб – Един Џеко и Марсело Брозовиќ.

Единствениот гол на мечот беше постигнат во 89. минута, а стрелец беше Родриго.

Натпреварот се чини ќе имаше друг тек ако Џеко искористеше една од трите шанси кои ги имаше пред голот на Куртоа.

„Апсолутно незаслужен пораз. Заслуживме многу, многу повеќе. Одигравме сјајно, но тешко е кога нема да постигнеш гол“, рече репрезентативецот на БиХ.

Неговиот соиграч, Хрватот Марсело Брозовиќ смета дека Интер можел да стигне до победа и од 3-0.

„Одигравме сјајно прво полувреме и требаше да го разбиеме Реал со 3-0. Нема разлика меѓу Интер и Реал Мадрид, но ако не постигнете погодок, на крајот ќе го загубите мечот“ вели Брозовиќ.

Во истата група, дебитантот Шериф Тираспол на свој терен со 2-0 беше подобар од украински Шахтјор Доњецк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 557 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирањa, а регистрирани се 557 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 268, Куманово...

Македонија5 часа

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија8 часа

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет9 часа

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија9 часа

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет10 часа

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија10 часа

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион22 часа

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија1 ден

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ1 ден

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа1 ден

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ1 ден

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија1 ден

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа1 ден

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет1 ден

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Европа1 ден

Борел: Русија сака да нѐ подели, не им е грижа за Европската Унија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки,...

Свет1 ден

Северна Кореја лансира две балистички ракети

Северна Кореја лансирала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека...

Регион1 ден

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два земјотреса, од кои едниот над 4 степени според Рихтеровата скала, ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија...

Македонија1 ден

Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“. По покана...

Македонија2 дена

Средношколците во Тетово и Гостивар продолжуваат со онлајн настава

Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември...

Досие