Спорт
Погба повторно падна на допинг-тестот
Францускиот фудбалер Пол Погба (30), пред еден месец, падна на допинг тест, објави тогаш италијанската агенција АНСА. Фудбалерот на Јувентус беше позитивен на тестостерон по стандардниот допинг тест кој го направи по мечот со Удинезе во август. Резултатите од вториот тест беа објавени во петокот. И тој тест е позитивен.
Јувентус, пред еден месец, на „Дачија Арена“ го победи Удинезе со 3:0. Погба натпреварот го гледаше од клупата за резерви, но по мечот беше повикан на допинг контрола.
Тој тест беше позитивен, а како што објавија италијанските медиуми, Погба бил позитивен на допинг и на вториот тест.
Погба ќе биде суспнедиран, одлуката дпрва ќе биде донесена, а италијанските медиуми шпекулираат дека би можело да работи суспензија од четири години. Ваквата казна веројатно би значела и крај на кариерата на францускиот фудбалер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конте ќе стане тренер со најголема плата во Серија А
Во моментот кога ќе го потпише договорот со Наполи, италијанските медиуми пишуваат дека Антонио Конте ќе стане најплатениот тренер во Серија А. Иако не е објавена точната сума на неговата плата, овие извор шпекулираат со сума меѓу осум и девет милиони евра.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Конте ја добил понудата, додека „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“ тврдат дека треба да се решат само ситни детали пред двете страни да ја официјализираат соработката.
Наводно, единствено се уште непознато е дали Конте ќе потпише договор на три или две години, односно 3+1 или 2+1.
Најплатен тренер во Италија е Симоне Инзаги од Интер. Тренерот на актуелниот шампион Интер има годишна плата од 5,5 милиони евра.
Спорт
Азар: Имам пријател во Комо, тој може да биде тренер на Челси
Еден Азар, поранешен играч на Реал, Челзи и Лил, знае кој треба да биде нов тренер на Челси. „Сините“ минатата недела останаа без тренер, откако клупските челници спогодбено се разделија со Маурицио Покетино.
Азар, кој го најдобрите години во кариерата ги мина во Челси, чии дрес го носеше од 2012 до 2019 година, има интересен предлог.
На прашањето дали на клупата гледа менаџер како Роберто де Зерби, тој одговори дека има подобар предлог.
„Можеби. Имам пријател во Комо. Тој може да биде менаџер“, рече Азар.
Во Комо е Сеск Фабрегас, добра пријател на Азар со кого ја делеа соблекувалната во Челси.
Последните две години од кариерата Шпанецот ги помина во Комо пред да се пензионира во 2023 година.
Тој стана в.д. тренер во ноември минатата година по отказот на Морен Лонг, а кога клубот го ангажираше Осијано Робертс беше именуван за негов помошник.
Комо минатиот месец се врати во Серија А.
Инаку, според медиумите кандидат за тренер на Челси се Роберто де Зерби екс тренерот на Брајтон, тренерот на Лестер Енцо Мареска, Киеран Мекена менаџерот на Ипсвич и актуелниот менаџер на Брентфорд, Томас Франк.
Спорт
Струга ги дозна можните противници во првото квалификациско коло во ЛШ
Фото/ facebook.com/Fcstruga
Македонскиот шампион Струга Трим Лум, сезоната 2024/2025 ќе ја започне во квалификациите во Лигата на шмпионите.
Струга ќе стартува во првото коло, заедно со уште 29 други екипи. Македонскиот шампион, според рејтингот што го има на УЕФА листата, на ждрепката ќе биде во групата неносители.
Посакувани ривали во групата носители би биле: Флора Талин (Естонија), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ТНС (Велс), Пјуник (Ерменија)…
На ждрепката апослутно непосакувани ривали за Струга би биле Ференцварош, Карабаг, Лудогорец, Слован Братислава, ФЦСБ (поранешна Стеауа).
Можни противници на Струга:
Ференцварош (Унгарија), Карабаг (Азербејџан), Слован Братислава (Словачка), Лудогорец (Бугарија), ХЈК (Финска), Флора Талин (Естонија), ФЦСБ (Романија), КИ Клаксвик (Фарски Острови), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ТНС (Велс), Пјуник (Ерменија), РФС Рига (Летонија), Петрокуб (Молдавија), Балкани (Косово).