Контакт

Спорт

Погодокот на СМС против Удинезе – гол на сезоната во Лацио

Објавено пред

Српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ е прогласен за стрелец на најубавиот гол за Лацио во годината што полека изминува, објавија „небесносините“ на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Српскиот ас на 2. овој месец на мечот против Удинезе го постигна погодокот кој ја победи конкуренцијата.

Тој дуел заврши со резултат 4-4, а Сергеј мрежата ја затресе во 56 минута.

Полусезоната во Серија А ја заврши со 5 гола и 6 асистенции на 18 меча.

Погледнете го голот на СМС:



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Пресврт и триумф на Медведев, Алакраз рутински до осминафиналето

Објавено пред

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртото коло на Австралија Опен, откако по голема борба на теренот, успеа да го победи Фабијан Марожан.

dobivaj vesti na viber

Медведев го победи Марожана по пресврт, од 0-2 во сетови, за речиси четири часа борба беше 6:7(5), 4:6, 7:5, 6:0, 6:3.

Унгарецот не само што водеше со 2-0, туку и го започна третиот сет со брејк, но не го држеше долго.

Медведев се разбуди при резултат 0-2, ситуација во која одлично се снаоѓа, од 2024 година, Русинот шест пати губел со 0-2 на гренд слем турнирите и сите шест пати успеал да победи.

Исто беше и овој пат, но токму кога се чинеше дека рутински ќе го реши петтиот сет, бидејќи водеше со 4:2, Фабијан успеа да го врати брејкот.

Сепак, поранешниот „број 1“ експресно одговори со ри-брејк и потоа немаше дополнителна драма, па сервираше за триумф и го комплетираше пресвртот.

Во осминафиналето, Медведев ќе игра против Лернер Тиен, кој го победи Нуно Борхес на почетокот на денот.

Медведев и Тиен дури играа три пати минатата година, а резултатот беше 2-1 за Американецот.

За разлика од Медведев, најдобриот во светот, Карлос Алкараз, рутински се пласира во осминафиналето.

Алкараз го победи Корентан Муте со 3-0 во сетови во третото коло (6:2, 6:4, 6:1).

Шпанецот го одигра својот 100-ти Гренд слем натпревар во кариерата и ја оствари својата 87-ма победа, со 13 порази. Тоа е најдобриот настап во првите 100 мечеви во историјата.

Во осминафиналето, Алкараз ќе игра против Томи Пол, на кого Давидович-Фокина му го предаде мечот поради повреда, при резултат 0-2 во сетови.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Данска во дербито ја победи Франција

Објавено пред

Во дербито на првото коло од Група 1 од Главната рунда на Европското првенство во ракомет, еден од домаќините, Данска, ја победи Франција со 32:29. .

dobivaj vesti na viber

Поразот од Португалија фрли сомнеж врз можностите на светскиот и олимписки шампион, но, Данска покажа во најтешкиот можен момент, против вечниот соперник Франција, дека не се откажува лесно од амбицијата да ги обедини сите титули.

Французите беа подобриот противник околу 40 минути. Данска сепак во вториот дел успеа да направи пресврт и да поведе со 20:18. „Триколорите“ не се предадоа, туку се издигнаа како феникс од пепелта. Направија серија од 5-1 и поведоа со 23:21. Водеа со 26:24, а потоа повторно Данците, на крилата на одличниот Гидсел и феноменалниот голман Нилсен, направија пресврт и остварија голема победа.

Во победничкиот тим, Гидсел го заврши натпреварот со девет гола, Питлик постигна осум. На другата страна, Мин беше најефикасен со седум гола, а Деска постигна пет гола.

Данска ќе игра против Шпанија за два дена, а Франција против Португалија во второто коло од Група 1 од главната рунда.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Црвена звезда обезбеди место во нокаут фазата во Лига Европа

Објавено пред

Foto/ EPA

dobivaj vesti na viber

Фудубалерите на Црвена звезда победија во Малме (1:0), во претпоследното коло, во Лига Европа. Со четвртата последовна победа (интересно сите остварени со резултат 1:0), играчите на српскиот првак обезбедија место во нокаут фазата.

Дуелот на два тима, чии национални првенства се уште не се започнати, во целост им припадна на играчите од Белград.

Покрај голот што го постигна Василије Костов во 16-та минута, имаа уште неколку добри шанси, но не реализираа ниту една. Малме во текот на целиот меч само еднаш сериозно му се закани на голманот Матеус.

Црвена звезда во последното коло влегува со 13 поени и обезбеден пласман во плејофот, а со евентуална победа над Селат во Белград, наредниот четврток, веројатно ќе обезбеди и место во Топ 8.

Резултати:

Болоња – Селтик 2:2 (0:2)
/Далига 58, Роу 72 – Хате 6, Трасти 40/

Бран – Митјиланд 3:3 (1:2)
/Холм 19, Корнвиг пен 68, Солвет пен 90+10 – Ерлиќć 4, 70, Брумадо 31/

Фенербахче – Астон Вила 0:1 (0:1)
/Санчо 25/

Феенорд – Штурм 3:0 (1:0)
/Ватанабе 5, Хаџ Муса 69, Борхес 90/

Фрајбург – Макаби Тел Авив 1:0 (0:0)
/Матановиќ 82/

ПАОК – Бетис 2:0 (0:0)
/Живковиќ 67, Јакумакис пен. 86/

Викторија Пилсен – Порто 1:1 (1:0)
/Черв 6 – Џул 90/

Јанг Бојс – Олимпик Лион 0:1 (0:0)
/Мејтланд Најлс 45+1/

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет26 минути

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...

Македонија1 час

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека...

Свет2 часа

Трамп до канадскиот претседател: Ја повлекувам вашата покана до најпрестижниот Одбор за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повлече претходната покана до Канада да се приклучи на Одборот за мир, иницијатива...

Свет2 часа

Путин ​​се сретна со Американците, им рече дека не се откажува од украинските региони

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот...

Свет2 часа

САД, Украина и Русија на преговарачка маса во Абу Даби

Првите трилатерални мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ....

Култура12 часа

Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков

Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска  незаконски е суспендирана од работа од страна на генералниот...

Македонија13 часа

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во...

Економија13 часа

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки...

Македонија18 часа

Алиу: Забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија20 часа

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија21 час

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет21 час

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија22 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија23 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија24 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет1 ден

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет1 ден

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион1 ден

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...