Спорт
Покетино ќе направи изненадувачки трансфер

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино би можел да направи едно од поголемите изненадувања со одлуката да го преземе Атлетик Билбао и со тоа да се врати во шпанскиот фудбал, каде своевремено беше тренер на Еспањол, дознава „Екип“.
Според овој извор, веќе се воспоставени контакти меѓу баскискиот клуб и Покетино, кој претходно беше поврзуван со Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Атлетик Билбао моментално е предводен од Марселино, чиј договор истекува на крајот од сезоната и веројатно нема да биде продолжен, а Покетино бил најголема желба клупските челници.
И тој е подготвен да влезе во нов предизвик во овие години од својата тренерска кариера во не толку голем, но доволно атрактивен клуб.
Атлетик заостанува само еден бод од местото кое води во европските натпреварувања на три кола пред крајот на сезоната, па одлуката на Покетино најверојатно ќе зависи од пласманот на Баските на крајот од сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди ќе го смени клубот, но ќе остане во Валенсија

Леванте не успеа да избори опстанок во Примера. Клубот кој е соочен со финансиски проблеми сега е соочен со заминување на главните играчи.
Леванте има проблем со финансискиот фер-плеј, до крајот на наредниот месец треба „закрпат дупка“ од 10 милиони евра, во спротивно ќе се соочат со казна од Ла Лига.
Јасно е дека клубот ќе треба да ги продаде најдобрите играчи, меѓу кои се и потенцијалните шпански репрезентативци Хозе Кампања и Гонзало Мелеро. Исто така сигурно е дека од клубот ќе замине и македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Токму за овие тројца фудбалери интерес покажа Валенсија, градскиот ривал на Леванте. Валенсија сака да го искористи лошиот финансиски момент во кој се наоѓа Леванте и за малку пари да добие тројца одлични фудбалери, со чии евентуален ангажман на „Местаља“ би го надоместиле извесното заминување на Карлос Солер.
Инаку, Барди и во зимскиот преоден рок се поврзуваше со неколку клубови од Шпанија (Реал Сосиедад, Бетис), Германија (Борусија Дортмунд) и Италија (Торино, Фиорентина, Лацио).
Спорт
Рома заработи милиони од Конференциската лига

Рома, синоќа во Тирана, го совлада Феенорд со 1:0 во финалето на првото издание на Конференциската лига и стигна до првиот европски трофеј по 1961 година. Избраниците на Жозе Мурињо славеа со голот на Заниоло во 32. минута, а португалскиот тренер стана вториот во историјата со пет европски трофеи.
Рома автоматски избори пласман во Лига Европа следната сезона, но Италијанците преку Серија А веќе бае пласирани во Лига Европа, па нема да го искористат тој бонус. Но, тие многу добро ќе ја искористат прилично големата сума на пари што ја заработија со победата на овој натпревар.
Рома во Конференциската лига влезе од плеј-офот, во два натпревари го победи турски Трабзонспор со 5:1. За пласманот во групите таа доби 2,94 милиони евра, а потоа по 166.000 евра за секој освоен бод. Рома освои 13 од нив, заработувајќи дополнителни 2,15 милиони евра.
Клубот доби бонус од 650.000 евра за освоеното прво место во групата, уште 300.000 за минување на групата и уште 600.000 евра за пласман во осминафиналето.
Со влегувањето во четвртфиналето заработи дополнителен милион, два за полуфиналето, а победата во натпреварувањето и донесе уште пет милиони евра.
Така Рома оваа сезона од Конференциската лига заработи 14,6 милиони евра во кои не влегуваат дел од приходите од ТВ правата, како и бонусот за европскиот коефициент.
Римјаните овие пари ќе ги добијат подоцна, а со што вкупниот приход од учеството во Конференциската лига ќе порасне на речиси 20 милиони евра.
Спорт
Чеферин го брани ПСЖ: Нема Реал да ни кажува што да правиме

„Никој нема да ѝ каже на УЕФА што да прави“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, како одговор на критиките за продолжувањето на договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ.
Би-би-си потсетува дека Мбапе неодамна потпиша нов договор со ПСЖ иако преговараше со Реал Мадрид. Овој договор е најголем во историјата на фудбалот.
Според француските медиуми, новиот договор за три години е вреден приближно 600 милиони евра, а шпанската фудбалска Ла Лига, односно нејзиниот прв човек, Хавиер Тебас, понудата на францускиот клуб ја нарече скандалозна и навреда за фудбалот.
„УЕФА има доста строги правила за финансиски ферплеј. Кој ги почитува нашите правила добредојден е да игра во нашите натпреварувања. Тие што не ги почитуваат правилата – нема да играат“, рече Чеферин.
Чеферин истакнува дека е уморен од поплаките оти дозволува одредени држави да управуваат со некои клубови.
„Ниту Реал ниту некој друг нема да ѝ каже на УЕФА што да прави. Од една страна, тие се револтирани, но колку што знам, понудата на Реал беше слична на онаа на ПСЖ. Тоа сум го кажал многупати и ќе повторам, кажете ми еден аргумент зошто компанија од Катар не треба да биде сопственик на клуб“, рече Чеферин.
Тој повтори дека клубовите ќе бидат казнети доколку ги прекршат правилата.
„Ако кажете дека клубовите им припаѓаат на навивачите, што е со англиските клубови – тие имаат сопственици од САД, некои од Блискиот Исток, имаат сопственици од Англија. Значи, ситуацијата е сосема иста и јас сум навистина уморен од овие обвинувања. Сакам да знам кој ги прекршил правилата. Доколку ги прекршиш правилата, ќе бидеш казнет“, заклучи Чеферин.