Спорт
Пол Пирс малку се опушти – алкохол, пура, масажи од жени во бикини…

Легендата на Бостон селтикс, Пол Пирс беше мета на осуда на социјалните мрежи откако во саботата објави видео на Инстаграм на кое пие алкохол, пуши пури, добива масажи од разголени жени…
43-годишниот НБА шампион од 2008 година, кој инаку е оженет веќе 10 години и работи како аналитичар на „ЕСПН“, само го објави видеото во живо и зборуваше со присутните фанови, советувајќи на една девојка дека „може да направи пари“ со соблекување и ја покани да дојде ако е во Лос Анџелес.
Paul Pierce wildin on IG Live pic.twitter.com/toRCGc3oPY
— Ahmed🇸🇴/Invincible the best show out (@big_business_) April 3, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лестер со три гола за 13 минути ги „поттурна“ Вест Бром кон втората лига

Лестер со три гола во првото полувреме го реши победникот на мечот со Вест Бромвич Албион стигнувајќи до 3:0 триумф кој ги носи поблиску до осигурување на место во Лигата на шампиони и во исто време го праќа тимот на Сем Алардајс поблиску до второлигашки живот следната сезона.
Победата беше осигурана за 13 минути – Џејми Варди во 23. минута, Џони Еванс само три минути подоцна и Келечи Ихеаначо во 39. минута ја наполнија мрежата на гостите за сигурен триумф.
Со победата, Лестер останува на третото место со 59 поени, четири помалку од второпласираниот Манчестер јунајтед, но уште поважно четири поени пред Челси и Вест хем на само шест кола пред крајот на сезоната.
Вест Бром, пак, реално многу тешко ќе остане во Премиер лигата. Тие се на 19. место во лигата со 24 поени, девет поени зад Барнли, првиот клуб во безбедната зона.
Спорт
Гол-шоу на „Диего Марадона“ – Наполи го „торпедираше“ Лацио!

Сонот за Наполи за пласман во Лигата на шампионите останува жив, стигнаа до фантастична 5:2 победа над Лацио во вистинско гол-шоу на „Диего Армандо Марадона“.
Убедливиот домашен триумф ги остава „партенопеи“ на петтото место на табелата, но сега со 53 поени, само два помалку од Аталанта и Јувентус пред нив и само три зад второпласираниот Милан, додека Лацио остануваат шести со 58 поени.
Намерите на тимот на Рино Гатузо беа јасни од почеток – Лоренцо Инсиње уште во седмата минута од пенал ги донесе во водство, пред во 12. минута Матео Политано да зголеми на 2:0. Инсиње го започна и второто полувреме со гол, овојпат во 53. минута, за 12 минути подоцна, Дрис Мертенс да ја најави катастрофата на Лацио за 4:0.
Чиро Имобиле одговори во 70. минута за 4:1, а само четири минути подоцна Сергеј Милинковиќ-Савиќ намали на 4:2, но Виктор Осимен во 80. минута стави крај на сите надежи за камбек за 5:2.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса кога исходот беше веќе сигурен, откако во 82. минута од мечот го замени Пјотр Зиелински.
Спорт
Официјално: Златан останува во Милан – 7 милиони евра за сезона!

Златан Ибрахимовиќ официјално го продолжи договорот со Милан до јуни 2022 година, во зделка за која италијанските медиуми тврдат дека ќе заработи 7 милиони евра.
Договорот на 39-годишниот Швеѓанец требаше да заврши на 30 јуни, и сега тој останува и до својот 40-ти роденден кај „росонерите“.
Ова е втор период на престој во Милан за Ибрахимовиќ по тој од 2010 до 2012 година, откако се врати во клубот во јануари 2020. Оттогаш тој стана еден од клучните играчи на клубот со вкупно 130 настапи, 84 гола и 32 асистенции во дресот на „росонерите“ (во двата периоди).
📸 Pics of the Z-day 🖼️ #SempreMilan #ReadyToUnleash pic.twitter.com/1JhK31AGIA
— AC Milan (@acmilan) April 22, 2021
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?