Спорт
„Полицајци го клоцаа Мегваер и му велеа дека кариерата му е завршена“
Случајот на Хари Мегваер на грчкиот остров Миконос наскоро ќе доби судска разрешница. Капитенот на Мачестер Јунајтед на 21 август беше уапсен поради нарушување на јавниот ред и мир и поради напад воз полициски службеници. Тој два дена мина во притвор, а откако бил изведен пред судија и се изјаснил дека не е виновен е пуштен на слобода.
Мегваер го напушти Миконос, се врати во Англија, а случајот го водат неговите адвокати. Адвокатите побарале процедурата пред судот да биде одложена бидејќи немале доволно време да се подготват за случајот.
Судот ја одбил молбата на адвокатите и судењето започна на островот Сирос. Адвокатот на Мегваер Алексис Анагностакис рекол дека вечерта на 21 август двајца Албанци на ставиле некаква супстанца во пијалакот на сестрата на фудбалерот по што таа се онесвестила.
Тие повикале Инте помош, но наместо тоа на местото пристигнале полицајци кои го упасиле Мегваер и неговите двајца другари.
Обвинителот рекол дека Мегваер откако бил спроведен во полициската станица се обидел да ги поткупи полицајците.
„Знаете ли вие кој сум јас? Јас сум капитен на Манчестер Јунајтед, многу сум богат, можам да ви дадам пари…Ќе ви платам, само ве молам веднаш да не пуштите“.
Адвокатот на фудбалерот по овие зборови ја обвинил другата страна дека полицајците го удирале по ногата неговиот клиент и му велеле дека „кариерата му е завршена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.