Спорт
Полицијата влета кај озогласените хулигани на Барса – дрога, оружје и нацистички знамиња!
Шпанската полиција уапси 14 членови на Боичос Ноис (Boixos Nois), или во превод „Луди момци“ во каталонски, озогласената навивачка група на Барселона и во рацијата заплени 300.000 евра во кеш, еден куп оружје, дрога и нацистички знамиња.
Лудите момци почнаа како левичарска социјалистичка групација во раните 1980-тите, пред подоцна да бидат преземени од ултра-десничари. Тоа е групата која фрли свинска глава на теренот на „Ноу Камп“ во „Ел Класико“ во 2002, кога Луиш Фиго се врати како играч на Реал Мадрид, а потоа во 2003 при изборите за претседател го нарекоа кандидатот Луис Басат „еб.н евреин“. Претседателот Жоан Лапорта, во првиот мандат, им забрани да присуствуваат на мечевите на Барселона, и покрај заканите со смрт кои ги доби.
Рацијата била изведена во 18 куќи во Барселона, меѓу кои имало и бордел, а биле пронајдени и 5.000 насади марихуана и 42 килограми од дрогата. Вкупно 20 банкарски сметки се зармзнати, а запленети се три куќи и 27 возила како дел од операцијата која започна на почетокот на 2020.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Серхио Рамос седум месеци бараше клуб, го најде во Мексико
Прославениот шпански фудбалер Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Мексико.
Шпанскиот дефанзивец е слободен играч од ова лето, кога му истече договорот со Севилја.
Иако сите мислеа дека неговата кариера е завршена, тој на 38 години реши да замине за Мексико, каде што доби покана од Монтереј.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, преговорите меѓу двете страни се во тек и доколку ги мине лекарските прегледи ќе биде претставен како нов играч на мексиканскиот клуб.
Тренер на Монтереј е Мартин Демикелис, кој бараше засилување поради повредата на Карлос Салседо.
Овој клуб моментално го зазема 13-тото место во мексиканската Клаусура со три бода по три одиграни натпревари.
Рамос во новото опкружување ќе го пречекаат поранешните соиграчи Лукас Окампос и Оливер Торес со кои играше во Севилја, а во клубот е и поранешниот играч на Бетис, и Серхио Каналес.
Спорт
Алваро Мората ќе го напушти Милан, се сели во Галатасарај
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората ќе го напушти Милан на крајот од зимскиот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо.
Малку изненадувачки ако се земе предвид дека Алваро Мората беше првиот напаѓач на Милан оваа сезона, но новиот тренер Серж Консеисао има поинаква визија за тоа како треба да изгледаат „росонерите“.
Поранешниот напаѓач на Јувентус, Челзи, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид е во преговори со Галатасарај и се очекува да го реализира трансферот во наредните денови. Таму ќе ја формира напаѓачката двојка со Виктор Осимхен.
Милан не би го пуштил да си оди доколку не го гледаат оптимизмот во разговорите со Феенорд и Сантијаго Хименез кои сигурно ќе облече дресот на клубот од „Сан Сиро“.
Холандскиот клуб дава отпор во последно време, но информациите од Италија говорат дека Златан Ибрахимовиќ ќе тргне во целосна офанзива за да го донесе Мексиканецот.
Менаџерката на фудбалерот, Рафаела Пимента, го известила Феенорд дека тој сака да ја продолжи кариерата во Италија и се надева дека сите страни ќе сакаат што поскоро да се реши ситуацијата. Сепак, Феенорд игра во Лигата на шампионите и им треба и замена.
Кога станува збор за Мората, тој заминува по само половина година. На 26 натпревари досега постигна шест гола и забележа две асистенции.
Спорт
Педри го продолжи договорот со Барселона
Првотимецот на Барселона, Педри, го продолжи договорот до 30 јуни 2030 година, соопшти каталонскиот клуб.
Во соопштението се вели дека Педри го продолжил договорот со Барселона во присуство на претседателот на клубот Џоан Лапорта, потпретседателот Рафа Јуста и спортскиот директор Деко.
Финансиските детали од договорот не беа откриени. Педри (22) пристигна во Барселона во 2019 година од Лас Палмас. За Барселона одигра 174 натпревари и постигна 24 гола.
За шпанската репрезентација одигра 30 натпревари и двапати постигна гол. Со Шпанија го освои Европското првенство во 2024 година во Германија.