Контакт

Спорт

„Политички игри – важно е само дека Новак е лицемер“

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ, заедно со Васек Писпишил, неодамна основа нова Асоцијација на тенисерите и тенисерките (ПТПА). Целта, како што вели, била да им се помогне на професионалците кои не се меѓу најдобрите 100 во светот, односно рамномерно да се распределуваат парите од наградните фондови на турнирите, особено од гренд слем турнирите.

Идејата на Ѓоковиќ не ја поддржаа Рафаел Надал и Роџер Федерер. Тие ја држат страната на АТП.

Она што е интересно е што колегите ги номинирале Ѓоковиќ и Поспишил во Советот на играчите на АТП.

„Гледам дека се пишува за мојата повторна кандидатура во Советот на играчите, но тоа не е точно. Добив номинација од тенисерите. Така функционираат работите во АТП. Не поднесов кандидатура, ниту тоа го направи Васек. Нас нè номинираа тенисерите и тоа остави силен впечаток врз мене. Ова е силен сигнал за мене, секако дека чувствувам одговорност што можам да ги претставувам играчите“, рекол Ѓоковиќ по поразот од Медведев во второто коло на завршниот мастерс.

Иако тој не гледа дека би имало судир на интереси, правилата на АТП не дозволуваат еден играч да биде во Советот на играчите и да биде дел од друга организација.

„Штета што не дозволуваа, но, добро, барем знаеме каде сме. Со тоа правило АТП испрати силна порака дека не го сака ПТПА. АТП работи споритвно од интересите на играчите. Тоа се политички игри за кои ретко се пишува, важно е да се напише дека Новак е лицемер. Но, веќе сум навикнал на такви работи, тоа само ме мотивира да работам поеќе“, рекол Ѓоковиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Инзаги: Да бевме попаметни ќе го победевме Јувентус

Објавено пред

Тренерот на Беневенто, Филипо Инзаги, ги исповалил своите фудбалери по ремито со актуелниот шампион Јувентус (1:1) во деветото коло, во Серија А.

„Пред неколку месеци игравме по кал, на терените во Серија Б. А сега останавме непоразени во дуелот со Јувентус. Малку да бевме попаметни ќе победевме“, рекол Инзаги кој како играч го носел дресот на Јувентус.

„Момците заслужија да уживаат. Во изминатите 18 месеци завршија одлична работа. Јувентус е еден од најдобрите тимови во Европа. Горд сум на моите играчи“.

Беневенто, дебитант во Серија А, во првите девет кола има освоено 10 бода и се наоѓа на делба на 12 позиција во првенството.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нова повреда на Азар

Објавено пред

Еден Азар, за чии трансфер Реал Мадрид издвоија 100.000.000 евра, доживеа нова повреда.

Белгиецот го започна натпреварот со Алавес во 11.коло, во Ла Лига, но го напушти теренот пред истекот на првото полувреме. Азар се пожали на болки во ногата по половина час игра, а теренот го напушти во 37.минута.

Азар, поради повредите, го пропушти целиот втор дел од минатата сезона, а од почетокот на оваа одигра само пет натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лидс јунајтед и Алиоски го освоија Гудисон парк

Објавено пред

Лидс јунајтед, со Џани Алиоски во составот, ги однесе бодовите од Гудисон парк. Со голот на Рафиња, во 79.минута, Лидс го победи Евертон 1:0. Ова беше прва победа на Лидс јунајтед на теренот на Евертон во 30 годишната историја на Премиер лигата.

Играчите на Лидс ја заслужија победата, бидејќи беа подобри во текот на целиот натпревар.

Во првото полувреме големи шанси за Лидс не реализираа Бамфорд, Херисон и Рафиња. Евертон во првото полувреме, најдобрата шанса за Евертон ја имаше Дукуре. „Карамелите“ постигнаа два гола во првиот дел, преку Хамес Родригез и Ришарлисон кои беа поништени поради недозволени позиции во кои се наоѓаат играчите на Евертон.

Лидс јунајтед во вториот дел преку Бамфорд го погодија дирекот од голот на Пикфорд. Во 79.минута, Рафиња, со прецизен удар, низ нозете на Годфри, успеа да го совлада Пикфорд.

За Рафиња ова беше деби гол во Премиер лигата.

Македонскиот репрезентативец Алиоски го одигра целиот натпревар. Слично како и против Арсенал, одлично си ја заврши својата работа на теренот.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет2 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија2 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија3 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион3 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа5 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион6 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија7 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт9 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа10 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија11 час

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет13 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет13 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се опoравиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија14 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет1 ден

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија1 ден

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија1 ден

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 ден

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Досие