Контакт

Спорт

Ристовски мора да си оди од Спортинг

Објавено пред

Репрезентативецот на Македонија, Стефан Ристовски, во јануарскиот преоден рок ќе мора да си замине од Спортинг Лисабон.

Ристовски не е во добри односи со тренерот Рубен Аморим поради што е префрлен во Б-тимот на Спортинг. Десниот бек имаше можност да го смени клубот, но го одби трансферот во Динамо Москва во финишот на преодниот рок.

Тиражниот „Рекорд“ го најавува заминувањето на Ристовски од Спортинг. Според овој извор, тренерот Аморим нема намера да го врати Македонецот во првиот тим.

Минатото лето Спортинг бараше 3.000.000 евра како обесштетување за Ристовски. Планот на фудбалерот е спогодбено да се раздели со клубот и да замине од Лисабон како слободен играч.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска

Објавено пред

Златан Инрахимовиќ, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Шведска, ќе се врати во националниот тим. 39-годишниот напаѓач игра во неверојатна форма, поради што селекторот на Шведска, Јане Андерсон, му понудил, а тој прифатил да се врати во репрезентацијата.

Ибрахимовиќ и Андерсон, во минатото, имаа одредени несогласувања, поради што селекторот бил во Милано за да го убеди повторно на теренот да биде предводникот на „трите круни“.

„Кога Златан ја отвори можноста за враќање во репрезентацијата, знаев дека морам да се видам со него. Состанокот беше позитивен, се договоривме, а дијалогот ќе го продолжиме и во наредните месеци“, открил Андерсон.

Ибрахимовиќ се прости од Шведска по Европското првенство во 2016 година. Тој со 62 гола е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата.

Шведска на ЕУРО 2021 ќе игра во групата со Шпанија, Полска и Словачка.

Прикажи повеќе...

Спорт

Френк Камински во Сакраменто кингс

Објавено пред

Френк Камински кариерата ќе ја продолжи во Сакраменто кингс. Крилниот центар го раскинал договорот со Финикс Санс и како слободен играч договорил едногодишна соработка со Сакраменто.

Камински (27) е второто засилување во рекетот на Сакраменто. Претходно, Кингс договори соработка со центарот Хасан Вајтсајд.

Минатата сезона Камински имаше просек од 9,7 поени и 4,5 скока од натпревар.

Кариерата во НБА ја почнал во 2015 година како деветти пик избран од Шарлот Хорнетс.

Прикажи повеќе...

Спорт

Погребан Диего Армандо Марадона

Објавено пред

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на аргентинската престолнина се простоја со својот идол. Претходно ковчегот со телото на Марадона беше изложен во претседателската палата. Проценките се дека околу 1.000.000 луѓе му го кажале последното збогум на „Ел Пибе“.

Човекот кој ја однесе Аргентина до титулата на Мундијалот во 1986 година е погребан на гробиштата „Бела Виста“, крај своите родители. Марадона е погребан на приватна церемонија, на која присуствувале само членовите на семејството и блиски пријатели.

На погребот биле неговите ќерки Далма и Џанина, од првиот брак на Марадона со Клаудија Вилјафан, како и ќерката Јана која „Ел Пибе“ ја призна како свое дете пред неколку години.

На погребот била и Вероника Охеда, исто така поранешна сопруга на Марадона, со синот Диегито Фернандо.

Во вечното почивалиште Марадона го испратиле и и соиграчите од Светското првенство во Мексико, во 1986 година.

Поради смртта на Марадона, претседателот Алберто Фернандез, прогласи три дневна жалост во земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет1 час

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирус започнува следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцина против коронавирус ќе започне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет2 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет2 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет3 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт3 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет3 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет3 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија15 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија16 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија17 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа17 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион19 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија19 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија21 час

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија22 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија22 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија1 ден

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Досие