Спорт
Популарниот „носач на ковчези“: Би било чест да го однесам Роналдињо во гроб!
Бенџамин Ајду, човекот зад едно од најпопуларните Интернет-мемиња во 2020 година вели дека би бил почестен да го однесе Роналдињ во „неговиот вечен дом“.
Ајду е основач на „Нана Отафриџа“ компанијата во Акра, Гана од 2007 година, и неочекувано оваа година стана Интернет сензација со видеата на кои ги носат ковчезите на починатите со музика и танц.
„Некои луѓе веќе не сакаат само да плачат на погреб. Некои плачат, но ние сакаме да ги направиме среќни со нашата работа“, вели Ајду за „Фут меркато“.
Како навивач на Барселона и Челси, тој призна дека би бил почестен да го однесе во гроб Роналдињо.
„Секако, на сите им посакувам долг живот, но ако имам шанса, сонувам да го однесам Роналдињо до последниот дом. Потоа Марадона, па Меси. Роналдињо секогаш ме импресионираше. Тоа би било чест од мене како танчар до танчарот на фудбалскиот терен“, вели Ајду.
И покрај љубовта за Барселона, тој има само презир за Луис Суарез, Уругваецот кој ја елиминираше Гана на СП во 2010 со играњето со рака за да спречи сигурен гол.
„Тука сум поделен. Срам ми е . Кога ќе го видам неговото име, станувам тажен. Поради неговата рака, мојата Гана се врати дома без да игра во полуфинале. Тука имаме поговорка за Суарез: Името Суарез значи невозможно. Ако нешто треба да направиш и тука е Суарез, тоа не можеш да го комплетираш“, додава Ајду.
Le ghanéen Benjamin Aidoo @nanaotafrija, créateur du « coffin dance », évoque les Black Stars, Luis Suarez, Michael Essien et les déboires d’Asamoah Gyan chez @footmercatohttps://t.co/zhm1C77DIu
— Foot Mercato (@footmercato) May 9, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

