Контакт

Популарно

Сисоко од ПСЖ заврши во притвор

Објавено пред

Играчот за врска на францускиот фудбалски прволигаш Пари Сен-Жермен (ПСЖ) Мохамед Сисоко заврши во пртивор поради навредување полицајци и возење со неисправни документи.

Дваесети иседум-годишниот Мохамед Сисоко минал во притвор седум часа по што е пуштен на слобода, а против него ќе биде подигнато обвинение за користење неисправни документи, управување возило без дозвола и навредување службени лица, пренесува AFP повикувајќи се на париската полиција.

Сисоко завршил зад решетките откако при рутинска сообраќајна контрола во центарот на француската престолнина Париз било утврдено дека нема исправна возачка дозвола. Кога сообраќајците сакале да го исклучат од сообраќајот, репрезентативецот на Мали почнал да ги навредува по што бил приведен.

Џипот што го управувал Сисоко бил запрен околу пладнето а при прегледот на документите на фудбалерот покажал британски документи, во кои биле „најдени повеќе неправилности“. Сисоко не поседувал француски исправи кај себе, а сообраќајците ги проверувале податоците коишто „не се во негова полза“.

Разговорот завршил со навреда на полицајците од типот „Е… ти полцицсјците“ и „Ќе слушнете вие уште за мене“, по што бил приведен.

Сисоко во ПСЖ дојде во 2011 година од актуелниот италијански првак Јувентус, а изминатата сезона беше еден од најгрубите играчи во француското првенство со осум жолтиу и два црвени картона./крај/афп/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Давидовски го освои трофејот на „Јокохама“ во првата трка на Монца

Објавено пред

Виктор Давидовски денеска по едногодишна пауза се врати на трките во ТЦР Евопа, и во овој настап на легендарната патека Монца го постигна својот досега најголем успех.

Поради дождливото време на тренинзите, македонскиот пилот со својот „хонда сивик“ немаше доволно време за местење на идеалниот сет-ап, а дополнително автомобилот доби 90 килограми тежински пенал (60 килограми според БОП-системот на организаторите, како и 30 килограми за неучество на претходната трка), па поради тоа освои 16. место на квалификациите. Сепак, во првата трка која се возеше во сабота попладне, Давидовски успеа да напредува дури шест места, со што се избори за пласман на 10 место.

По трката, стјуардите му доделија казна од 30 секунди на Сами Тафик, па така Давидовски беше унапреден на деветто место.

Истовремено, тој беше најдобро пласиран поединец од возачите кои се дел од „Јокохама“ купот, каде што се вреднуваат постигнувањата само оние кои не се дел од профи тимовите, поради што се најде на победничкиот пиедестал заедно со победникот Брише од Пежо, Лојд од Хонда и Берт од Ауди.

Утрешната трка е закажана за попладне во 13 часот на автодромот во Монца, а истата може да се следи преку официјалниот јутјуб-канал на ТЦР Европа.

Прикажи повеќе...

Популарно

Големо финале на Типстер-купот на Sport Life, главна премија – стан на Водно!

Објавено пред

Од денеска, 10 август, стартува финалната фаза на Типстер купот 2019/2020 на Sport Life, која ќе трае во наредните 30 дена, сè до 10 септември.

Тогаш ќе се знаат и 10 најдобри „типстери“ на овој традиционален натпревар на Sport Life.

Победникот го очекува главната премија – нов стан на Водно, додека за останатите 9 натпреварувачи следуваат вредни поени за подароци по нивен избор од СЛ Маркетот.

За освоеното 2 место следуваат 5 милиони поени, за 3 место 2 милиони поени, за 4 место – 1 милион, за 5 место – 500.000 поени, за 6 место – 200.000, 7 место носи 100.000 поени, 8 место – 50.000 поени, 9 место – 40.000 поени и 10 место – 30.000 СЛ Маркет поени.

Оваа година, импресивна бројка од 3.520 натпреварувачи влегоа во финалната трка на Типстер купот. Тоа се победниците од претходните деветмесечни етапи (по двајца од секој објект), кои се натпреварува во типувањето, со добитните, но и со недобитните тикети. Директен пласман остварија и 6 најдобри играчи од акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“.

За сите обложувачи што се пласираа во финалето, Sport Life обезбеди и ваучери од 50 денари, со услов да одиграат барем 10 тикети со СЛ картичката.

Финалистите ќе имаат добра можност да го покажат своето спортско знаење и умешност во прогнозите со оглед на актуелната богата понуда на атрактивни и возбудливи натпревари од Лигата на шампиони, од Лига Европа, натпреварите на плејофот на НБА и НХЛ, како и мечевите од другите државни првенства.

Правилата за натпреварување и начинот на пресметување на поените за рангирање во купот, можете да ги најдете на следниот линк.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Популарно

Нова висока добивка во „Спорт лајф“: Играч од Свети Николе „фати милионче“

Објавено пред

Викендов играч на „Спорт лајф“ во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од „Спорт лајф“ .

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истиот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал, иако од различни првенства, навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94. минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79. минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка и тоа по вторпат за една недела во „Спорт лајф“ .

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија2 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Македонија3 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион3 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет3 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет4 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија5 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ6 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион6 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ8 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија9 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија10 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија23 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Досие