Контакт

Популарно

Мурињо ги смирува страстите околу Роналдо

Објавено пред

Откако се дигна прашина по изјавата на Кристиано Роналдо дека не е среќен во Реал Мадрид, се огласи и тренерот на „кралевите“, неговиот сонародник Португалецот Жозе Мурињо, во обид да ја смири вжештената ситуација.

dobivaj vesti na viber

„Доколку Роналдо продолжи да игра како досега, може да биде тажен колку што сака. Јас сум фудбалски тренер и одговарам за резултатите на екипата. Тое е единственото што ме интересира. Кога резултатите на Реал нема да бидат добри, можете да ме ‘убиете’“, порача Жозе Мурињо.

На почетокот од септември Роналдо предизвика многу полемики со неговата изјава дека не е среќен во клубот. „Не сум среќен, а луѓето во клубот знаат зошто. Не сакам да разговарам за тоа и ќе се концентрирам на претстојните настапи“, рече португалската ѕвезда.

Мурињо разговарал со Роналдо откако играчот се врати во Мадрид по настапите за репрезентацијата. Разговарале долго и отворено, и, наводно, португалскиот фудбалски стручњак успеал да го „изгасне пожарот“.

„Кристиано работи врвно, на највисоко можно ниво. Неговите претстави на тревникот, исто така, се на високо ниво. Тој е играч кој во сите сегменти ги извршува своите задачи. Меѓутоа, некои денови се подобри, а некои се полоши. Крстиано отсекогаш беше тимски играч и не сум загрижен поради работите кои не се важни за нашата екипа“, порача Мурињо кој, исто така, им испрати порака и на медиумите.

„Би било убаво кога на Кристиано би му ги пружиле единственото што му е потребно. Мирот, за да може на теренот да го покаже најдоброто што го умее. За играчите треба да се суди по она што ќе го направат на теренот“, заклучи Мурињо./крај/хи/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Првпат по несреќата ќе се појави во јавност: Шумахер ќе присуствува на свадбата на ќерка му?

Објавено пред

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, кој имаше тешка несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, по тој кобен ден за прв пат можеби ќе се појави во јавноста, јавуваат многу релевантни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Неговата ќерка Џина-Марија Шумахер треба да се омажи за својот избраник Јан Бетке, а венчавката е планирана за лето. Точниот датум се крие од јавноста, но она што е познато е дека прославата ќе се одржи на имотот на Шумахер во Мајорка.

Станува збор за имотот што сопругата на Михаел, Корина го купи во 2018 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Таа го преуредила така што во дворот на вилата има мала приватна клиника, па лекарите можат постојано да ја следат состојбата на Шумахер. Според информациите на некои медиуми, поранешниот шампион е таму, па не би имало потреба да се транспортира некаде за да присуствува на свадбата.

„Покрај неговото семејство, за Шумахер постојано се грижи тим од околу 15 лекари и медицински сестри. Претпоставката е дека тој веќе е во Мајорка и би можел да присуствува на венчавката. Секако, нема потврда и веројатно има нема да има до тој ден. Ќе има силни безбедносни мерки, тешко дека нешто од ова ќе протече во јавноста. Ова би било прв пат по несреќата Шумахер да се појави во јавноста“, пишува „Кориере дела сера“.

Легендарниот Германец се повреди пред точно десет години. На тој ден никој не можеше ни да замисли колку е сериозна несреќата. За сите овие години во јавноста стигнаа само малку информации за него, бидејќи неговата сопруга Корина ја крие вистинската состојба. Тој не знае дали може да врши некои, дури и основни функции како што се движење на очите или е сосема неподвижен.

Пред извесно време информација за Шумахер сподели неговиот поранешен колега Џони Херберт.

– Од време на време слушам некои работи… Да речеме, слушнав од некои луѓе од Формула 1 дека Шумахер седи на трпезариска маса за време на вечерата, но не знам дали е вистина, можам само да читам помеѓу редови. Секој би сакал да знае што се случува, особено ако работите одат во позитивна насока. Но, бидејќи немаме никакви информации, можеме само да претпоставиме дека се уште нема знаци дека е можно закрепнување. Ми се чини дека нема напредок во однос на денот на несреќата и претпоставувам дека семејството чека научниците да смислат нешто – изјави тогаш Херберт.

Прикажи повеќе...

Популарно

Британски новинар се покаја за се што рекол: Новак, извини, не знам кај ми беше умот!

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ доби извинување од „стручњакот“ кој го предвиде неговиот колапс во 2023 година. Денеска е број еден во светот, а од понеделник ќе ја помине својата 400-та недела на врвот на АТП листата.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без сомнение е најдобриот тенисер на сите времиња, особено ако се земе предвид дека речиси целата своја кариера ја помина „борејќи се со медиумите“ за корист во ерата на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ова особено се однесува на оние од Англија и САД, само Ѓоковиќ знае низ што морал да помине, но се чини дека на крајот сите ќе мора да „свртат опаш“ и да се извинат за очајната проценка, навредите, таргетирањето…

Меѓу нив е и англискиот новинар и колумнист Сајмон Бригс, кој многу пати „грешил“ за Новак. Дури и да ја игнорираме целата повраќаница, само ќе потсетиме дека во 2018 година, во обид да прогнозира како ќе изгледа ТОП10 на АТП листата, мислеше дека Новак нема да биде таму… Потценување е да се каже дека тој збрка, и сега е време да се извини.

Во написот на британски „Телеграф“ под наслов „Новак Ѓоковиќ го надмудри времето – згрешив кога го отпишав“, Сајмон Бригс покајано им се обрати на најдобрите на сите времиња, додавајќи дека, како и Мик Џегер и Том Брејди, има уште не ја изгубил својата глад за успех. Еве што напиша познат тениски новинар за Новак Ѓоковиќ, го пренесуваме неговиот текст на српски јазик со порака дека сигурно ќе читаме уште многу вакви колумни во годините што доаѓаат.

„Што и да се случи викендов на завршниот турнир во Торино, утрото потоа ќе му припадне на Новак Ѓоковиќ. Во понеделник, тој ќе стане првиот тенисер – од кој било пол – кој победил 400 недели на првото место на листата. Тоа е речиси осум Топ игри полни години. Тоа е неверојатно достигнување. И едно што лично не успеав да го предвидам. Ова е мое признание“.

„Пред пет години, моите колеги и јас од спортската редакција на Телеграф бевме замолени да напишеме како ќе изгледаат првите 10 во светот оваа недела во 2023 година. Резултатите беа интересни… Го ставив Денис Шаповалов. на прво место. На второ место е Хјеон Чунг, Јужнокореец чија кариера е уништена поради повредите на грбот. На петтото место е Џек Сок, Американец кој секогаш личи на него претпочита хамбургери од победа. А каде беше Ѓоковиќ? Никаде“.

„Каде ли ми беше умот? Со оглед на тоа што тешко се сеќавам каде ги оставив клучевите од автомобилот, тешко е да се каже со сигурност. Но, претпоставувам дека се разбудив тоа утро во ноември 2018 година и си помислив: Знаеш што? Ѓоковиќ е целосно преценет. Поверојатно е дека го направив сето тоа со надеж дека ќе ја исполнам мојата желба, наведувајќи како би изгледала најшарената и најразновидна група играчи за кои можев да се сетам. И додека Ѓоковиќ веќе беше на добар пат да го добие статусот на Најдобрите на сите времиња, имаше и такви кои постигнаа повеќе ако ја погледнам забавната страна. Дали можеби имаше мал замор од Ѓоковиќ? Почнав сериозно да се занимавам со тенис есента 2011 година кога самиот Ѓоковиќ стануваше ѕвезда“, напиша тој. во колумната Бригс и потсети дека тогаш го нарекол Ѓоковиќ „тениски научник“ кој плете мрежа.

„Неверојатно е што Новак Ѓоковиќ се наближува до 37 години и никој со сигурност не се спротивставил на неговиот пристап. Статистички најблизок предизвикувач е Рафаел Надал кој со својот форхенд успеа да најде излез од таа своја пајажина – како Индијана Џонс. Но, дури и Надал е втор најдобар таму (29-30) во меѓусебниот скор. Во моја одбрана очекував Ѓоковиќ до сега да ја заврши кариерата. Или, дека неговиот внатрешен оган малку ќе се олади. Ниту едното ниту другото не се случи. Тој сè уште рутински ги победува своите ривали – од кои многумина се 15 години помлади – и тоа е на физичка сила. А неговата глад е само поттикната од реакцијата на навивачите“.

„Сепак, Ѓоковиќ не е првиот шампион кој поминал низ сето ова. Но, кога Михаел Шумахер разви сличен анти-херојски имиџ, звукот на неговиот мотор ги удави сите негодувања од навивачите. Додека Ѓоковиќ, во уште еден мајсторски удар, научи да го „Кога публиката вика Роџер, го слушам Новак“, рече тој по неговата позната победа на Вимблдон во 2019 година над Федерер. Алкараз, Синер и Руне, тенисот конечно најде трио со фактор „аууу“. Тројцата имаат комбинирани пет победи и осум порази против Ѓоковиќ – солиден почеток на нивните кариери. Но, сè уште нема знаци дека мајсторијата на Ѓоковиќ е пред Како Том Брејди, како Мик Џегер, како Доријан Греј… Тој го надмудри времето. Моето единствено преостанато предвидување е дека ќе го собори рекордот на Кен Розевал (37 години и 62 дена) и ќе стане најстариот играч кој постигнал гренд слем. Тоа ќе биде на следниот УС Опен“, напиша англискиот новинар.

Погледнете ја неговата прогноза за АТП листата на крајот на 2023 година…

  1. Денис Шаповалов (102. во светот)
  2. Хјунг Чунг (1.095)
  3. Стефанос Циципас (6)
  4. Марин Чилиќ (663)
  5. Џек Сок (се откажа од тенисот)
  6. Карен Хачанов (15)
  7. Ник Кирјос (нерангиран, не играше една година)
  8. Доминик Тим (95)
  9. Кајл Едмунд (535)
  10. Александар Зверев (8)
Прикажи повеќе...

Популарно

Втора победа на македонските одбојкари на Европското првенство против Црна Гора

Објавено пред

Македонската одбојкарска репрезентација победи во вториот натпревар на Европското превенство во Скопје, против Црна Гора и се пласираше во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

Двете победи, против Данска и Црна Гора на почетокот од првенството на македонските одбојкари им донесе пласман во следната фаза од европскиот шампионат.

Одбојкарите беа поддржани од присутните во спортскиот центар„Борис Трајковски“ со аплауз и овации.

Следниот предизвик за македонската репрезентација се натпреварите со Полска, Холандија и Чешка. Македонија во рамките од третото коло утре со почеток во 20 часот ќе се сретне со фаворитот во групата, селекцијата на Полска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија7 часа

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија8 часа

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет8 часа

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...

Топ10 часа

Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден. Првата се случи на магистралниот пат...

Економија10 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без...

Македонија13 часа

Пендаровски е озборувач, кој покажа дека е против Америка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Освен нивните аналитичари, сега и...

Македонија13 часа

„Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на ‘Ѓока констракшн’“, прашува СДСМ

„Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари – во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот...

Свет14 часа

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа15 часа

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет15 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет15 часа

Иран: Ќе преговараме со САД, само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет16 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија1 ден

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ1 ден

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ1 ден

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија1 ден

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија1 ден

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ1 ден

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....