Контакт

Популарно

Чакин ќе им суди на Аргентина и Холандија

Објавено пред

Турчинот, Цунеј Чакир, ќе биде главен арбитар на вториот полуфинален натпревар на Светското првенство помеѓу Аргентина и Холандија, кој во среда ќе се одигра во Сао Паоло, соопшти ФИФА.

Чакир (37), во досегашниот тек од Мундијалот ја делеше фудбалската правда на две средби: Бразил-Мексико (0-0) и Алжир-Русија (1-1).

 

Турскиот арбитар, во 2012 година судел во полуфиналето на Светското првенство за клубови, а истата година бил главен судија на полуфиналниот меч на ЕП кој го одиграа Шпанија и Португалија.

 

Чакин е втор турски судија кој добил можност да суди натпревари на СП-а, пред 40 години на Мундијалот во Германија, правдата ја делел Доган Бабакан. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Нова висока добивка во „Спорт лајф“: Играч од Свети Николе „фати милионче“

Објавено пред

Викендов играч на „Спорт лајф“ во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од „Спорт лајф“ .

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истиот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал, иако од различни првенства, навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94. минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79. минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка и тоа по вторпат за една недела во „Спорт лајф“ .

Прикажи повеќе...

Популарно

До 500 денари бонус на првата уплата – нова акција на Sport Life за онлајн-обложување

Објавено пред

За старт на онлајн-обложувањето Sport Life обезбеди до 500 денари бонус на првата уплата за играње онлајн. Промотивната акција ќе трае до 15 јуни 2020 и ќе бидат опфатени вкупно 1000 корисници кои за првоуплатениот депозит ќе добијат онлајн-бонус, а со тоа и можност за повеќе игри и поголеми добивки.

Право на учество имаат сите играчи кои ќе се регистрираат согласно правилата за онлајн-обложување на сајтот на Sport Life и кои ќе уплатат по прв пат депозит од најмалку 300 денари на својата корисничка сметка. Максималниот бонус што може да го добие секој корисник изнесува 500 денари, а при помала уплата од 500 денари, добива бонус еднаков на уплатата.

За користење на овој онлајн-бонус, потребно е првоуплатениот депозит да биде искористен за одигрување на еден или повеќе тикети со најмалку три натпревари со поединечна квота од 1,50 или повеќе. Во моментот кога ќе се одигра целосно првиот внесен депозит под овие услови, бонусот ќе биде префрлен на корисничката сметка на играчот. Добиениот бонус пак треба да се искористи 4 пати, односно да се одиграат тикети по претходно наведените услови, четири пати во износот на бонусот (пр. 4х500), за да може да се ослободи депозитот за исплата.

Корисникот во секој момент може да има увид во својата сметка и да провери уште колку е потребно да се одигра за да се ослободи износот на бонусот. Одиграниот тикет мора да добие конечен статус, било добитен или недобитен, за да се евидентира.

Во акциската понуда не влегуваат системските тикети, тикетите уплатени со ваучер, и тикетите кои се исплатени со опцијата „кеш аут“.

Уплаќањето на средства се одвива или преку e-banking или со уплатница на трансакциска сметка во банка или пошта, а наскоро и преку платежни картички.

Сите детали околу новиот бонус на Sport Life можете да ги откриете ТУКА.

 

(ПР текст)

 

Прикажи повеќе...

Популарно

Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе за возачи кои користат сигурносен појас

Објавено пред

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на Републички совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната еуфорија што деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице имаше своја „епизода“ и на битолските улици.

„Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот“, информираат од РСБСП.

Во оваа акција учествува спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП – Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски – началник на сектор за превенција на СВР Битола и претставници на општинската организација на Црвениот крст од Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев: САД се нашиот најголем партнер во градењето на стабилна, демократска држава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, испрати честитка по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. Во честитката...

Свет2 часа

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште...

Свет2 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет3 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет3 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет3 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион14 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет15 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет16 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ19 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија20 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа21 час

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија22 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ22 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија24 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет1 ден

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија1 ден

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија1 ден

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион1 ден

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Досие