Контакт

Популарно

Две години од несреќата на Михаел Шумахер

Објавено пред

Пред точно две години седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи, во одморалиштето Мерибел. Две години по несреќата нема вистински информации за неговата здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

Многумина се надеваа дека овој 29-ти декември ќе донесе вистински информации за состојбата во која се наоѓа прославениот Германец,  сепак јавноста и неговите обожаватели немаат вистински информации за неговата здравствена состојба.

Молкот кој владее е разбирлив бидејќи неговото семејство успеа во намерите целосно да се изолира од надворешниот свет. Единствено веродостојни се информациите кои во јавноста ќе ги изнесе портпаролката на семејството Забине Кем, но и таа подолго време се нема појавено во јавноста.  

Шумахер несреќата ја доживеа во Мерибел, додека скијал тој паднал и со главата удрил во камен. По несреќата веднаш беше префрлен во клиниката во Гренобл, каде му беше извршена операција, а потоа шест месеци беше во кома. Неговата рехабилитација продолжи во швајцарска Лозана, а во септември минатата година е префрлен на домашна нега во семејниот дом во Гланд.

Од моментот кога се случи несреќата неговите колеги, пријатели, навивачи…, не престана да испраќаат пораки со поддршка, а со него останаа и речиси сите спонзори. Сите тие не ја загубија надежта дека Шуми ќе ја добие најважната трка во својот живот.

Михаел Шумахер без сомнение е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, статистички секако е најдобриот. Тој е седумкратен светски шампион, единствен со таков резултата, а сопственик е на уште неколку индивидуални рекорди (најмногу победи, најмногу извозенио најбрзи кругови, најмногу пол позиции).

Во текот на кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес, а најголемите успеси ги постигна како возач на Скудерија Ферари. Првите две титули ги освоил со Бенетон (1994, 1995), а апсолутна доминација оствари со Ферари, освојуваќи пет титули (2000-2004).

Од Формула 1 се повлече во 2006 година, но на патеките се врати во 2010 година во болидот на Мерцедес од каде замина во пензија по трката во Бразил во 2012 година.

Германецот во кариерата стартувал на 307 трки, забележал 91 победа, а вкупно 155 пати се искачувал на победничкиот пиедестал. Од пол позицијата стартувал 68 пати, а 77 пати го возел најбрзиот круг. Освоил вкупно 1.566 бодови, рекорд кој беше актуелен до оваа сезона, а кој го собори Фернандо Алонсо. Го држи рекордот од 13 победи во една сезона, кој лани беше израмнет од Себастијан Фетел. Тој и Хуан Мануел Фанџо се едниствените кои освоиле пет шампионски титули во низа.

Иако на патеките покажуваше возачка луцидност и знаење, сепак неговата кариера не мина без инциденти кои вечно ќе се паметат. До својата прва титула во 1994 година стигна откако на последната трка во Австралија од патеката го иструрка Дејмон Хил. Нешто слично се обиде да направи и во 1997 годсина, кога на трката во Херез се обиде да го истурка Жак Вилнев, но на крајот тој заврши надвор од патеката, а Вилнев ја освои титулата.

Поради тој инцидент подоцна ФИА му го одзеде второто место во вкупниот пласман, но резултатите постигнати таа сезона не му беа избришани.

Михаел Шумахер од 1995 година е оженет со Корина, има две деца Џина-Марија и Мика. Познат е по својата хуманитарна работа, на разни организации со својата работа им подарил десетици милиони долари. Беше и амбасадор на УНЕСКО и се бореше за безбедноста на возачите на патиштата.

И неговиот помлад брат Ралф возеше во Формула 1, интересно тие се единствените браќа кои ги освоиле првите две места на некоја трка (2001 во Канада), а потоа истото го повотрија на уште четири трки. крај/мф/нц

Извор: макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Првпат по несреќата ќе се појави во јавност: Шумахер ќе присуствува на свадбата на ќерка му?

Објавено пред

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, кој имаше тешка несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, по тој кобен ден за прв пат можеби ќе се појави во јавноста, јавуваат многу релевантни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Неговата ќерка Џина-Марија Шумахер треба да се омажи за својот избраник Јан Бетке, а венчавката е планирана за лето. Точниот датум се крие од јавноста, но она што е познато е дека прославата ќе се одржи на имотот на Шумахер во Мајорка.

Станува збор за имотот што сопругата на Михаел, Корина го купи во 2018 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Таа го преуредила така што во дворот на вилата има мала приватна клиника, па лекарите можат постојано да ја следат состојбата на Шумахер. Според информациите на некои медиуми, поранешниот шампион е таму, па не би имало потреба да се транспортира некаде за да присуствува на свадбата.

„Покрај неговото семејство, за Шумахер постојано се грижи тим од околу 15 лекари и медицински сестри. Претпоставката е дека тој веќе е во Мајорка и би можел да присуствува на венчавката. Секако, нема потврда и веројатно има нема да има до тој ден. Ќе има силни безбедносни мерки, тешко дека нешто од ова ќе протече во јавноста. Ова би било прв пат по несреќата Шумахер да се појави во јавноста“, пишува „Кориере дела сера“.

Легендарниот Германец се повреди пред точно десет години. На тој ден никој не можеше ни да замисли колку е сериозна несреќата. За сите овие години во јавноста стигнаа само малку информации за него, бидејќи неговата сопруга Корина ја крие вистинската состојба. Тој не знае дали може да врши некои, дури и основни функции како што се движење на очите или е сосема неподвижен.

Пред извесно време информација за Шумахер сподели неговиот поранешен колега Џони Херберт.

– Од време на време слушам некои работи… Да речеме, слушнав од некои луѓе од Формула 1 дека Шумахер седи на трпезариска маса за време на вечерата, но не знам дали е вистина, можам само да читам помеѓу редови. Секој би сакал да знае што се случува, особено ако работите одат во позитивна насока. Но, бидејќи немаме никакви информации, можеме само да претпоставиме дека се уште нема знаци дека е можно закрепнување. Ми се чини дека нема напредок во однос на денот на несреќата и претпоставувам дека семејството чека научниците да смислат нешто – изјави тогаш Херберт.

Прикажи повеќе...

Популарно

Британски новинар се покаја за се што рекол: Новак, извини, не знам кај ми беше умот!

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ доби извинување од „стручњакот“ кој го предвиде неговиот колапс во 2023 година. Денеска е број еден во светот, а од понеделник ќе ја помине својата 400-та недела на врвот на АТП листата.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без сомнение е најдобриот тенисер на сите времиња, особено ако се земе предвид дека речиси целата своја кариера ја помина „борејќи се со медиумите“ за корист во ерата на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ова особено се однесува на оние од Англија и САД, само Ѓоковиќ знае низ што морал да помине, но се чини дека на крајот сите ќе мора да „свртат опаш“ и да се извинат за очајната проценка, навредите, таргетирањето…

Меѓу нив е и англискиот новинар и колумнист Сајмон Бригс, кој многу пати „грешил“ за Новак. Дури и да ја игнорираме целата повраќаница, само ќе потсетиме дека во 2018 година, во обид да прогнозира како ќе изгледа ТОП10 на АТП листата, мислеше дека Новак нема да биде таму… Потценување е да се каже дека тој збрка, и сега е време да се извини.

Во написот на британски „Телеграф“ под наслов „Новак Ѓоковиќ го надмудри времето – згрешив кога го отпишав“, Сајмон Бригс покајано им се обрати на најдобрите на сите времиња, додавајќи дека, како и Мик Џегер и Том Брејди, има уште не ја изгубил својата глад за успех. Еве што напиша познат тениски новинар за Новак Ѓоковиќ, го пренесуваме неговиот текст на српски јазик со порака дека сигурно ќе читаме уште многу вакви колумни во годините што доаѓаат.

„Што и да се случи викендов на завршниот турнир во Торино, утрото потоа ќе му припадне на Новак Ѓоковиќ. Во понеделник, тој ќе стане првиот тенисер – од кој било пол – кој победил 400 недели на првото место на листата. Тоа е речиси осум Топ игри полни години. Тоа е неверојатно достигнување. И едно што лично не успеав да го предвидам. Ова е мое признание“.

„Пред пет години, моите колеги и јас од спортската редакција на Телеграф бевме замолени да напишеме како ќе изгледаат првите 10 во светот оваа недела во 2023 година. Резултатите беа интересни… Го ставив Денис Шаповалов. на прво место. На второ место е Хјеон Чунг, Јужнокореец чија кариера е уништена поради повредите на грбот. На петтото место е Џек Сок, Американец кој секогаш личи на него претпочита хамбургери од победа. А каде беше Ѓоковиќ? Никаде“.

„Каде ли ми беше умот? Со оглед на тоа што тешко се сеќавам каде ги оставив клучевите од автомобилот, тешко е да се каже со сигурност. Но, претпоставувам дека се разбудив тоа утро во ноември 2018 година и си помислив: Знаеш што? Ѓоковиќ е целосно преценет. Поверојатно е дека го направив сето тоа со надеж дека ќе ја исполнам мојата желба, наведувајќи како би изгледала најшарената и најразновидна група играчи за кои можев да се сетам. И додека Ѓоковиќ веќе беше на добар пат да го добие статусот на Најдобрите на сите времиња, имаше и такви кои постигнаа повеќе ако ја погледнам забавната страна. Дали можеби имаше мал замор од Ѓоковиќ? Почнав сериозно да се занимавам со тенис есента 2011 година кога самиот Ѓоковиќ стануваше ѕвезда“, напиша тој. во колумната Бригс и потсети дека тогаш го нарекол Ѓоковиќ „тениски научник“ кој плете мрежа.

„Неверојатно е што Новак Ѓоковиќ се наближува до 37 години и никој со сигурност не се спротивставил на неговиот пристап. Статистички најблизок предизвикувач е Рафаел Надал кој со својот форхенд успеа да најде излез од таа своја пајажина – како Индијана Џонс. Но, дури и Надал е втор најдобар таму (29-30) во меѓусебниот скор. Во моја одбрана очекував Ѓоковиќ до сега да ја заврши кариерата. Или, дека неговиот внатрешен оган малку ќе се олади. Ниту едното ниту другото не се случи. Тој сè уште рутински ги победува своите ривали – од кои многумина се 15 години помлади – и тоа е на физичка сила. А неговата глад е само поттикната од реакцијата на навивачите“.

„Сепак, Ѓоковиќ не е првиот шампион кој поминал низ сето ова. Но, кога Михаел Шумахер разви сличен анти-херојски имиџ, звукот на неговиот мотор ги удави сите негодувања од навивачите. Додека Ѓоковиќ, во уште еден мајсторски удар, научи да го „Кога публиката вика Роџер, го слушам Новак“, рече тој по неговата позната победа на Вимблдон во 2019 година над Федерер. Алкараз, Синер и Руне, тенисот конечно најде трио со фактор „аууу“. Тројцата имаат комбинирани пет победи и осум порази против Ѓоковиќ – солиден почеток на нивните кариери. Но, сè уште нема знаци дека мајсторијата на Ѓоковиќ е пред Како Том Брејди, како Мик Џегер, како Доријан Греј… Тој го надмудри времето. Моето единствено преостанато предвидување е дека ќе го собори рекордот на Кен Розевал (37 години и 62 дена) и ќе стане најстариот играч кој постигнал гренд слем. Тоа ќе биде на следниот УС Опен“, напиша англискиот новинар.

Погледнете ја неговата прогноза за АТП листата на крајот на 2023 година…

  1. Денис Шаповалов (102. во светот)
  2. Хјунг Чунг (1.095)
  3. Стефанос Циципас (6)
  4. Марин Чилиќ (663)
  5. Џек Сок (се откажа од тенисот)
  6. Карен Хачанов (15)
  7. Ник Кирјос (нерангиран, не играше една година)
  8. Доминик Тим (95)
  9. Кајл Едмунд (535)
  10. Александар Зверев (8)
Прикажи повеќе...

Популарно

Втора победа на македонските одбојкари на Европското првенство против Црна Гора

Објавено пред

Македонската одбојкарска репрезентација победи во вториот натпревар на Европското превенство во Скопје, против Црна Гора и се пласираше во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

Двете победи, против Данска и Црна Гора на почетокот од првенството на македонските одбојкари им донесе пласман во следната фаза од европскиот шампионат.

Одбојкарите беа поддржани од присутните во спортскиот центар„Борис Трајковски“ со аплауз и овации.

Следниот предизвик за македонската репрезентација се натпреварите со Полска, Холандија и Чешка. Македонија во рамките од третото коло утре со почеток во 20 часот ќе се сретне со фаворитот во групата, селекцијата на Полска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија7 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија9 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ12 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија14 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија14 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет16 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија3 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија3 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...