Контакт

Популарно

Една година од несреќата на Михаел Шумахер

Објавено пред

Пред точно една година седумкратниот светски шампион во Формула Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи, во одморалиштето Мерибел. Една година по несреќата нема вистински информации за неговата здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

Многумина се надеваа дека овој 29-ти декември ќе донесе вистински информации за состојбата во која се наоѓа прославениот Германец, но еднствено што се појави во јавноста е изјавата на портпаролката на Шумахер, Забине Кем, која во неделата рече дека „пред него е долга и тешка борба“.

Кем на овој начин ги демантираше тврдењата на поранешниот Ф1 возач Филип Штрајф, кој за весникот Le Parisien, рекол дека Шумахер започнал да ги препознава членовите на своето семејство.

Потребно не е многу време. Ова ќе биде долга и тешка борба. Состојбата на Михаел напредува согласно со сериозноста на неговите повреди“, истакна Кем, која само го повтори она што претходно беше објавено за здравствената состојба на Шумахер.

Забине Кем последен пат и’ се обрати на јавноста на 23-ти ноември, кога рече дека Шумахер напредува, но дека не е можно да се направи веродостојна прогноза кога се работи за неговата рехабилитација.

Сепак, молкот кој владее кога е во прашање здравствената состојба на Шумахер не е нешто што изненадува, бидејќи неговото семејство уште од првиот ден напомена дека ќе и’ се обраќа на јавноста само кога ќе има што да соопшти. Уште од 7-ми јануари неговата сопруга Корина упати апел до медиумите да ја почитуваат нивната и приватноста на докторите кои се грижта за седумкратниот Ф1 шампион.

Шумахер несреќата ја доживеа во Мерибел, додека скијал тој паднал и со главата удрил во камен. По несреќата веднаш беше префрлен во клиниката во Гренобл, каде му беше извршена операција, а потоа шет месеци беше во кома. Потоа неговата рехабилитација продолжи во швајцарска Лозана, а во септември е префрлен на домашна нега во семејниот дом во Гланд.

Од моментот кога се случи несреќата неговите колеги, пријатели, навивачи…, не престана да испраќаат пораки со поддршка, а со него останаа и речиси сите спонзори. Сите тие се надеваат дека наредната година ќе биде пресудна и дека Шуми ќе ја добие најважната трка во својот живот.

Михаел Шумахер без сомнение е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, статистички секако е најдобриот. Тој е седумкратен светски шампион, единствен со таков резултата, а сопственик е на уште неколку индивидуални рекорди (најмногу победи, најмногу извозенио најбрзи кругови, најмногу пол позиции).

Во текот на кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес, а најголемите успеси ги постигна како возач на Скудерија Ферари. Првите две титули ги освоил со Бенетон (1994, 1995), а апсолутна доминација оствари со Ферари, освојуваќи пет титули (2000-2004).

Од Формула 1 се повлече во 2006 година, но на патеките се врати во 2010 година во болидот на Мерцедес од каде замина во пензија по трката во Бразил во 2012 година.

Германецот во кариерата стартувал на 307 трки, забележал 91 победа, а вкупно 155 пати се искачувал на победничкиот пиедестал. Од пол позицијата стартувал 68 пати, а 77 пати го возел најбрзиот круг. Освоил вкупно 1.566 бодови, рекорд кој беше актуелен до оваа сезона, а кој го собори Фернандо Алонсо. Го држи рекордот од 13 победи во една сезона, кој лани беше израмнет од Себастијан Фетел. Тој и Хуан Мануел Фанџо се едниствените кои освоиле пет шампионски титули во низа.

Иако на патеките покажуваше возачка луцидност и знаење, сепак неговата кариера не мина без инциденти кои вечно ќе се паметат. До својата прва титула во 1994 година стигна откако на последната трка во Австралија од патеката го иструрка Дејмон Хил. Нешто слично се обиде да направи и во 1997 годсина, кога на трката во Херез се обиде да го истурка Жак Вилнев, но на крајот тој заврши надвор од патеката, а Вилнев ја освои титулата.

Поради тој инцидент подоцна ФИА му го одзеде второто место во вкупниот пласман, но резултатите постигнати таа сезона не му беа избришани.

Михаел Шумахер од 1995 година е оженет со Корина, има две деца Џина-Марија и Мика. Познат е по својата хуманитарна работа, на разни организации со својата работа им подарил десетици милиони долари. Беше и амбасадор на УНЕСКО и се бореше за безбедноста на возачите на патиштата.

И неговиот помлад брат Ралф возеше во Формула 1, интересно тие се единствените браќа кои ги освоиле првите две места на некоја трка (2001 во Канада), а потоа истото го повотрија на уште четири трки./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Првпат по несреќата ќе се појави во јавност: Шумахер ќе присуствува на свадбата на ќерка му?

Објавено пред

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, кој имаше тешка несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, по тој кобен ден за прв пат можеби ќе се појави во јавноста, јавуваат многу релевантни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Неговата ќерка Џина-Марија Шумахер треба да се омажи за својот избраник Јан Бетке, а венчавката е планирана за лето. Точниот датум се крие од јавноста, но она што е познато е дека прославата ќе се одржи на имотот на Шумахер во Мајорка.

Станува збор за имотот што сопругата на Михаел, Корина го купи во 2018 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Таа го преуредила така што во дворот на вилата има мала приватна клиника, па лекарите можат постојано да ја следат состојбата на Шумахер. Според информациите на некои медиуми, поранешниот шампион е таму, па не би имало потреба да се транспортира некаде за да присуствува на свадбата.

„Покрај неговото семејство, за Шумахер постојано се грижи тим од околу 15 лекари и медицински сестри. Претпоставката е дека тој веќе е во Мајорка и би можел да присуствува на венчавката. Секако, нема потврда и веројатно има нема да има до тој ден. Ќе има силни безбедносни мерки, тешко дека нешто од ова ќе протече во јавноста. Ова би било прв пат по несреќата Шумахер да се појави во јавноста“, пишува „Кориере дела сера“.

Легендарниот Германец се повреди пред точно десет години. На тој ден никој не можеше ни да замисли колку е сериозна несреќата. За сите овие години во јавноста стигнаа само малку информации за него, бидејќи неговата сопруга Корина ја крие вистинската состојба. Тој не знае дали може да врши некои, дури и основни функции како што се движење на очите или е сосема неподвижен.

Пред извесно време информација за Шумахер сподели неговиот поранешен колега Џони Херберт.

– Од време на време слушам некои работи… Да речеме, слушнав од некои луѓе од Формула 1 дека Шумахер седи на трпезариска маса за време на вечерата, но не знам дали е вистина, можам само да читам помеѓу редови. Секој би сакал да знае што се случува, особено ако работите одат во позитивна насока. Но, бидејќи немаме никакви информации, можеме само да претпоставиме дека се уште нема знаци дека е можно закрепнување. Ми се чини дека нема напредок во однос на денот на несреќата и претпоставувам дека семејството чека научниците да смислат нешто – изјави тогаш Херберт.

Прикажи повеќе...

Популарно

Британски новинар се покаја за се што рекол: Новак, извини, не знам кај ми беше умот!

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ доби извинување од „стручњакот“ кој го предвиде неговиот колапс во 2023 година. Денеска е број еден во светот, а од понеделник ќе ја помине својата 400-та недела на врвот на АТП листата.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без сомнение е најдобриот тенисер на сите времиња, особено ако се земе предвид дека речиси целата своја кариера ја помина „борејќи се со медиумите“ за корист во ерата на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ова особено се однесува на оние од Англија и САД, само Ѓоковиќ знае низ што морал да помине, но се чини дека на крајот сите ќе мора да „свртат опаш“ и да се извинат за очајната проценка, навредите, таргетирањето…

Меѓу нив е и англискиот новинар и колумнист Сајмон Бригс, кој многу пати „грешил“ за Новак. Дури и да ја игнорираме целата повраќаница, само ќе потсетиме дека во 2018 година, во обид да прогнозира како ќе изгледа ТОП10 на АТП листата, мислеше дека Новак нема да биде таму… Потценување е да се каже дека тој збрка, и сега е време да се извини.

Во написот на британски „Телеграф“ под наслов „Новак Ѓоковиќ го надмудри времето – згрешив кога го отпишав“, Сајмон Бригс покајано им се обрати на најдобрите на сите времиња, додавајќи дека, како и Мик Џегер и Том Брејди, има уште не ја изгубил својата глад за успех. Еве што напиша познат тениски новинар за Новак Ѓоковиќ, го пренесуваме неговиот текст на српски јазик со порака дека сигурно ќе читаме уште многу вакви колумни во годините што доаѓаат.

„Што и да се случи викендов на завршниот турнир во Торино, утрото потоа ќе му припадне на Новак Ѓоковиќ. Во понеделник, тој ќе стане првиот тенисер – од кој било пол – кој победил 400 недели на првото место на листата. Тоа е речиси осум Топ игри полни години. Тоа е неверојатно достигнување. И едно што лично не успеав да го предвидам. Ова е мое признание“.

„Пред пет години, моите колеги и јас од спортската редакција на Телеграф бевме замолени да напишеме како ќе изгледаат првите 10 во светот оваа недела во 2023 година. Резултатите беа интересни… Го ставив Денис Шаповалов. на прво место. На второ место е Хјеон Чунг, Јужнокореец чија кариера е уништена поради повредите на грбот. На петтото место е Џек Сок, Американец кој секогаш личи на него претпочита хамбургери од победа. А каде беше Ѓоковиќ? Никаде“.

„Каде ли ми беше умот? Со оглед на тоа што тешко се сеќавам каде ги оставив клучевите од автомобилот, тешко е да се каже со сигурност. Но, претпоставувам дека се разбудив тоа утро во ноември 2018 година и си помислив: Знаеш што? Ѓоковиќ е целосно преценет. Поверојатно е дека го направив сето тоа со надеж дека ќе ја исполнам мојата желба, наведувајќи како би изгледала најшарената и најразновидна група играчи за кои можев да се сетам. И додека Ѓоковиќ веќе беше на добар пат да го добие статусот на Најдобрите на сите времиња, имаше и такви кои постигнаа повеќе ако ја погледнам забавната страна. Дали можеби имаше мал замор од Ѓоковиќ? Почнав сериозно да се занимавам со тенис есента 2011 година кога самиот Ѓоковиќ стануваше ѕвезда“, напиша тој. во колумната Бригс и потсети дека тогаш го нарекол Ѓоковиќ „тениски научник“ кој плете мрежа.

„Неверојатно е што Новак Ѓоковиќ се наближува до 37 години и никој со сигурност не се спротивставил на неговиот пристап. Статистички најблизок предизвикувач е Рафаел Надал кој со својот форхенд успеа да најде излез од таа своја пајажина – како Индијана Џонс. Но, дури и Надал е втор најдобар таму (29-30) во меѓусебниот скор. Во моја одбрана очекував Ѓоковиќ до сега да ја заврши кариерата. Или, дека неговиот внатрешен оган малку ќе се олади. Ниту едното ниту другото не се случи. Тој сè уште рутински ги победува своите ривали – од кои многумина се 15 години помлади – и тоа е на физичка сила. А неговата глад е само поттикната од реакцијата на навивачите“.

„Сепак, Ѓоковиќ не е првиот шампион кој поминал низ сето ова. Но, кога Михаел Шумахер разви сличен анти-херојски имиџ, звукот на неговиот мотор ги удави сите негодувања од навивачите. Додека Ѓоковиќ, во уште еден мајсторски удар, научи да го „Кога публиката вика Роџер, го слушам Новак“, рече тој по неговата позната победа на Вимблдон во 2019 година над Федерер. Алкараз, Синер и Руне, тенисот конечно најде трио со фактор „аууу“. Тројцата имаат комбинирани пет победи и осум порази против Ѓоковиќ – солиден почеток на нивните кариери. Но, сè уште нема знаци дека мајсторијата на Ѓоковиќ е пред Како Том Брејди, како Мик Џегер, како Доријан Греј… Тој го надмудри времето. Моето единствено преостанато предвидување е дека ќе го собори рекордот на Кен Розевал (37 години и 62 дена) и ќе стане најстариот играч кој постигнал гренд слем. Тоа ќе биде на следниот УС Опен“, напиша англискиот новинар.

Погледнете ја неговата прогноза за АТП листата на крајот на 2023 година…

  1. Денис Шаповалов (102. во светот)
  2. Хјунг Чунг (1.095)
  3. Стефанос Циципас (6)
  4. Марин Чилиќ (663)
  5. Џек Сок (се откажа од тенисот)
  6. Карен Хачанов (15)
  7. Ник Кирјос (нерангиран, не играше една година)
  8. Доминик Тим (95)
  9. Кајл Едмунд (535)
  10. Александар Зверев (8)
Прикажи повеќе...

Популарно

Втора победа на македонските одбојкари на Европското првенство против Црна Гора

Објавено пред

Македонската одбојкарска репрезентација победи во вториот натпревар на Европското превенство во Скопје, против Црна Гора и се пласираше во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

Двете победи, против Данска и Црна Гора на почетокот од првенството на македонските одбојкари им донесе пласман во следната фаза од европскиот шампионат.

Одбојкарите беа поддржани од присутните во спортскиот центар„Борис Трајковски“ со аплауз и овации.

Следниот предизвик за македонската репрезентација се натпреварите со Полска, Холандија и Чешка. Македонија во рамките од третото коло утре со почеток во 20 часот ќе се сретне со фаворитот во групата, селекцијата на Полска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија3 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија4 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ7 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија7 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет9 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет9 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет10 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион10 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет10 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија21 час

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија21 час

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија22 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија24 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...