Контакт

Популарно

Каспаров: Босaнците ме измамија

Објавено пред

Шаховскиот велемајстор Гари Каспаров кој има амбиција да стане нов претседател на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), во средата во отворено писмо го обвини Шаховскиот сојуз на Босна и Херцеговина за измамничко однесувње и за неисполнување на ветувањата, бидејќи и покрај ветувањето кое го добил од БиХ, тие решиле својот глас да му го дадат на актуелниот претседтел на ФИДЕ, Киршан Иљумжинов.

Поранешниот светски првак Каспаров реши да му биде противкандидат на Иљумжинов кој веќе 19 години се наоѓа на чело на ФИДЕ. Претседателските избори во ФИДЕ ќе се одржат кон крајот на август во Тромсо, Норвешка.

 

Каспаров кој секогаш покажувал симпатии и солидарност кон БиХ и нејзините граѓани, во писмото кое го објави сараевски Dneven avaz, иронично пишува дека успеал во една работа која во БиХ е невозможна, односно дека ги обединил Србите, Хрватите и Бошњаците во Шаховскиот сојуз на БиХ.

 

Каспаров се сомнева дека клучната улога за Шаховскиот сојуз на БиХ да се реши гласот да му го даде на неговиот противкандидат ја одиграла амбасадата на Русија во БиХ. Тој, исто така, се сомнева дека челниците на Шаховскиот сојуз на БиХ примиле и поткуп.

 

„Единственото преостанато интересно прашање за јавбноста е колку амбасадата на Русија платила за да дојде до вкава демонстрација на заедништво“, истакнува во писмото Каспаров.

 

Тој наведува дека српските членови во Шаховскиот сојуз на БиХ биле против неговата кандидатура, бидејќи не можат да му простат што во 1994 година за време на војната одиграл симултанка во Сараево за да ја истакне својата поддршка, а потоа бил и член за Шаховскиот клуб Босна.

 

Каспаров во писмото не ги крие имињата на оние кои ги смета за одговрни.

 

„Сеад Демировиќ, Нусрет Чаушевиќ и Кемал Османовиќ, тројцата најугледни членови на муслиманската шаховска заедница, кои во 1994 година беа организатори на симултанката, целосно се одговорни за тој неморален чин. Исто така одговорен е и делегатот на БиХ во ФИДЕ Жељко Богут“./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Нова висока добивка во „Спорт лајф“: Играч од Свети Николе „фати милионче“

Објавено пред

Викендов играч на „Спорт лајф“ во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од „Спорт лајф“ .

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истиот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал, иако од различни првенства, навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94. минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79. минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка и тоа по вторпат за една недела во „Спорт лајф“ .

Прикажи повеќе...

Популарно

До 500 денари бонус на првата уплата – нова акција на Sport Life за онлајн-обложување

Објавено пред

За старт на онлајн-обложувањето Sport Life обезбеди до 500 денари бонус на првата уплата за играње онлајн. Промотивната акција ќе трае до 15 јуни 2020 и ќе бидат опфатени вкупно 1000 корисници кои за првоуплатениот депозит ќе добијат онлајн-бонус, а со тоа и можност за повеќе игри и поголеми добивки.

Право на учество имаат сите играчи кои ќе се регистрираат согласно правилата за онлајн-обложување на сајтот на Sport Life и кои ќе уплатат по прв пат депозит од најмалку 300 денари на својата корисничка сметка. Максималниот бонус што може да го добие секој корисник изнесува 500 денари, а при помала уплата од 500 денари, добива бонус еднаков на уплатата.

За користење на овој онлајн-бонус, потребно е првоуплатениот депозит да биде искористен за одигрување на еден или повеќе тикети со најмалку три натпревари со поединечна квота од 1,50 или повеќе. Во моментот кога ќе се одигра целосно првиот внесен депозит под овие услови, бонусот ќе биде префрлен на корисничката сметка на играчот. Добиениот бонус пак треба да се искористи 4 пати, односно да се одиграат тикети по претходно наведените услови, четири пати во износот на бонусот (пр. 4х500), за да може да се ослободи депозитот за исплата.

Корисникот во секој момент може да има увид во својата сметка и да провери уште колку е потребно да се одигра за да се ослободи износот на бонусот. Одиграниот тикет мора да добие конечен статус, било добитен или недобитен, за да се евидентира.

Во акциската понуда не влегуваат системските тикети, тикетите уплатени со ваучер, и тикетите кои се исплатени со опцијата „кеш аут“.

Уплаќањето на средства се одвива или преку e-banking или со уплатница на трансакциска сметка во банка или пошта, а наскоро и преку платежни картички.

Сите детали околу новиот бонус на Sport Life можете да ги откриете ТУКА.

 

(ПР текст)

 

Прикажи повеќе...

Популарно

Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе за возачи кои користат сигурносен појас

Објавено пред

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на Републички совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната еуфорија што деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице имаше своја „епизода“ и на битолските улици.

„Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот“, информираат од РСБСП.

Во оваа акција учествува спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП – Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски – началник на сектор за превенција на СВР Битола и претставници на општинската организација на Црвениот крст од Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија9 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа10 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија12 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион13 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија13 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа13 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт14 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион14 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет17 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет18 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет18 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет18 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет1 ден

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет1 ден

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ1 ден

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа2 дена

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија2 дена

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Досие