Контакт

Популарно

Мафијата му наместила позитивен допинг тест на Марко Пантани

Објавено пред

Италијанската криминална организација Камора го лажирала допинг тестот на велоспиедостот Марко Пантани, поради што тој беше дисквалификуван од трката „Џиро Д’Италија“ во 1999 година.

dobivaj vesti na viber

Камора со дисквалификацијата на Пантани заработила огромни суми пари, бидејќи мафијата во илегалните обложувалници се кладела против Пантани.

Марко Пантани во 1999 година победи на две ридски етапи и во пресрет на завршната етапа беше единствениот кандидат за вкупна победа, но потоа тој беше дисквалификуван поради крвниот допинг. Трката околу Италија во 1999 година ја освои Иван Готи.

Италијанското обвинителство ова го соопшти по сведочењето на поранешниот член на Камора, Ренато Валанзаска.

Во својата автобиографија, напишал дека на цимерот од затворската ќелија во Милано, во мај 1999 година, му кажал дека животната заштеда ја вложил против Пантани, односно дека тој нема да ја заврши трката.

Наводно, Камора можела да загуби стотици милиони евра во нелегалните обложувалници доколку Пантани победел во трката.

Валанзаска поради страв од одмазда не можел да ги открие идентитетите на одговорните лица, поради што италијанското обвинителство не може да покрене постапка против одредено лице или лица.

 

Во тоа време на велосипедистите им било забрането за време на трката да имаат повеќе од 50 отсто црвени крвни зрна во крвта, а откако Камора му се заканила на докторот, кој бил одговорен за допинг тестовите, неговиот тест бил заменет и било утврдено дека Пантани има 52 отсто.

Поради тоа најголемиот фаворит на трката бил дисквалификуван, а организаторот во официјалното соопштение навел дека Пантани се откажал поради здравствени проблеми.

Марко Пантани пет години подоцна беше пронајден мртов во хотелската соба во Римини, официјално поради предозирање со кокаин, но многумина веруваат дека дискавлификацијата од „Џиро Д’Италија“ во 1999 години влијаеле врз неговото ментално здравје.

Пантани, ги обележа 90-те години од минатиот век во велосипедизмот. Популарниот „Пират“ во 1998 година победи на двете најтешки трки во светот „Џиро Д’Италија“ и „Тур Д’Франс“ и е еден од само седумте велосипедисти во историјата кои направиле таков подвиг./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Првпат по несреќата ќе се појави во јавност: Шумахер ќе присуствува на свадбата на ќерка му?

Објавено пред

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, кој имаше тешка несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, по тој кобен ден за прв пат можеби ќе се појави во јавноста, јавуваат многу релевантни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Неговата ќерка Џина-Марија Шумахер треба да се омажи за својот избраник Јан Бетке, а венчавката е планирана за лето. Точниот датум се крие од јавноста, но она што е познато е дека прославата ќе се одржи на имотот на Шумахер во Мајорка.

Станува збор за имотот што сопругата на Михаел, Корина го купи во 2018 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Таа го преуредила така што во дворот на вилата има мала приватна клиника, па лекарите можат постојано да ја следат состојбата на Шумахер. Според информациите на некои медиуми, поранешниот шампион е таму, па не би имало потреба да се транспортира некаде за да присуствува на свадбата.

„Покрај неговото семејство, за Шумахер постојано се грижи тим од околу 15 лекари и медицински сестри. Претпоставката е дека тој веќе е во Мајорка и би можел да присуствува на венчавката. Секако, нема потврда и веројатно има нема да има до тој ден. Ќе има силни безбедносни мерки, тешко дека нешто од ова ќе протече во јавноста. Ова би било прв пат по несреќата Шумахер да се појави во јавноста“, пишува „Кориере дела сера“.

Легендарниот Германец се повреди пред точно десет години. На тој ден никој не можеше ни да замисли колку е сериозна несреќата. За сите овие години во јавноста стигнаа само малку информации за него, бидејќи неговата сопруга Корина ја крие вистинската состојба. Тој не знае дали може да врши некои, дури и основни функции како што се движење на очите или е сосема неподвижен.

Пред извесно време информација за Шумахер сподели неговиот поранешен колега Џони Херберт.

– Од време на време слушам некои работи… Да речеме, слушнав од некои луѓе од Формула 1 дека Шумахер седи на трпезариска маса за време на вечерата, но не знам дали е вистина, можам само да читам помеѓу редови. Секој би сакал да знае што се случува, особено ако работите одат во позитивна насока. Но, бидејќи немаме никакви информации, можеме само да претпоставиме дека се уште нема знаци дека е можно закрепнување. Ми се чини дека нема напредок во однос на денот на несреќата и претпоставувам дека семејството чека научниците да смислат нешто – изјави тогаш Херберт.

Прикажи повеќе...

Популарно

Британски новинар се покаја за се што рекол: Новак, извини, не знам кај ми беше умот!

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ доби извинување од „стручњакот“ кој го предвиде неговиот колапс во 2023 година. Денеска е број еден во светот, а од понеделник ќе ја помине својата 400-та недела на врвот на АТП листата.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без сомнение е најдобриот тенисер на сите времиња, особено ако се земе предвид дека речиси целата своја кариера ја помина „борејќи се со медиумите“ за корист во ерата на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ова особено се однесува на оние од Англија и САД, само Ѓоковиќ знае низ што морал да помине, но се чини дека на крајот сите ќе мора да „свртат опаш“ и да се извинат за очајната проценка, навредите, таргетирањето…

Меѓу нив е и англискиот новинар и колумнист Сајмон Бригс, кој многу пати „грешил“ за Новак. Дури и да ја игнорираме целата повраќаница, само ќе потсетиме дека во 2018 година, во обид да прогнозира како ќе изгледа ТОП10 на АТП листата, мислеше дека Новак нема да биде таму… Потценување е да се каже дека тој збрка, и сега е време да се извини.

Во написот на британски „Телеграф“ под наслов „Новак Ѓоковиќ го надмудри времето – згрешив кога го отпишав“, Сајмон Бригс покајано им се обрати на најдобрите на сите времиња, додавајќи дека, како и Мик Џегер и Том Брејди, има уште не ја изгубил својата глад за успех. Еве што напиша познат тениски новинар за Новак Ѓоковиќ, го пренесуваме неговиот текст на српски јазик со порака дека сигурно ќе читаме уште многу вакви колумни во годините што доаѓаат.

„Што и да се случи викендов на завршниот турнир во Торино, утрото потоа ќе му припадне на Новак Ѓоковиќ. Во понеделник, тој ќе стане првиот тенисер – од кој било пол – кој победил 400 недели на првото место на листата. Тоа е речиси осум Топ игри полни години. Тоа е неверојатно достигнување. И едно што лично не успеав да го предвидам. Ова е мое признание“.

„Пред пет години, моите колеги и јас од спортската редакција на Телеграф бевме замолени да напишеме како ќе изгледаат првите 10 во светот оваа недела во 2023 година. Резултатите беа интересни… Го ставив Денис Шаповалов. на прво место. На второ место е Хјеон Чунг, Јужнокореец чија кариера е уништена поради повредите на грбот. На петтото место е Џек Сок, Американец кој секогаш личи на него претпочита хамбургери од победа. А каде беше Ѓоковиќ? Никаде“.

„Каде ли ми беше умот? Со оглед на тоа што тешко се сеќавам каде ги оставив клучевите од автомобилот, тешко е да се каже со сигурност. Но, претпоставувам дека се разбудив тоа утро во ноември 2018 година и си помислив: Знаеш што? Ѓоковиќ е целосно преценет. Поверојатно е дека го направив сето тоа со надеж дека ќе ја исполнам мојата желба, наведувајќи како би изгледала најшарената и најразновидна група играчи за кои можев да се сетам. И додека Ѓоковиќ веќе беше на добар пат да го добие статусот на Најдобрите на сите времиња, имаше и такви кои постигнаа повеќе ако ја погледнам забавната страна. Дали можеби имаше мал замор од Ѓоковиќ? Почнав сериозно да се занимавам со тенис есента 2011 година кога самиот Ѓоковиќ стануваше ѕвезда“, напиша тој. во колумната Бригс и потсети дека тогаш го нарекол Ѓоковиќ „тениски научник“ кој плете мрежа.

„Неверојатно е што Новак Ѓоковиќ се наближува до 37 години и никој со сигурност не се спротивставил на неговиот пристап. Статистички најблизок предизвикувач е Рафаел Надал кој со својот форхенд успеа да најде излез од таа своја пајажина – како Индијана Џонс. Но, дури и Надал е втор најдобар таму (29-30) во меѓусебниот скор. Во моја одбрана очекував Ѓоковиќ до сега да ја заврши кариерата. Или, дека неговиот внатрешен оган малку ќе се олади. Ниту едното ниту другото не се случи. Тој сè уште рутински ги победува своите ривали – од кои многумина се 15 години помлади – и тоа е на физичка сила. А неговата глад е само поттикната од реакцијата на навивачите“.

„Сепак, Ѓоковиќ не е првиот шампион кој поминал низ сето ова. Но, кога Михаел Шумахер разви сличен анти-херојски имиџ, звукот на неговиот мотор ги удави сите негодувања од навивачите. Додека Ѓоковиќ, во уште еден мајсторски удар, научи да го „Кога публиката вика Роџер, го слушам Новак“, рече тој по неговата позната победа на Вимблдон во 2019 година над Федерер. Алкараз, Синер и Руне, тенисот конечно најде трио со фактор „аууу“. Тројцата имаат комбинирани пет победи и осум порази против Ѓоковиќ – солиден почеток на нивните кариери. Но, сè уште нема знаци дека мајсторијата на Ѓоковиќ е пред Како Том Брејди, како Мик Џегер, како Доријан Греј… Тој го надмудри времето. Моето единствено преостанато предвидување е дека ќе го собори рекордот на Кен Розевал (37 години и 62 дена) и ќе стане најстариот играч кој постигнал гренд слем. Тоа ќе биде на следниот УС Опен“, напиша англискиот новинар.

Погледнете ја неговата прогноза за АТП листата на крајот на 2023 година…

  1. Денис Шаповалов (102. во светот)
  2. Хјунг Чунг (1.095)
  3. Стефанос Циципас (6)
  4. Марин Чилиќ (663)
  5. Џек Сок (се откажа од тенисот)
  6. Карен Хачанов (15)
  7. Ник Кирјос (нерангиран, не играше една година)
  8. Доминик Тим (95)
  9. Кајл Едмунд (535)
  10. Александар Зверев (8)
Прикажи повеќе...

Популарно

Втора победа на македонските одбојкари на Европското првенство против Црна Гора

Објавено пред

Македонската одбојкарска репрезентација победи во вториот натпревар на Европското превенство во Скопје, против Црна Гора и се пласираше во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

Двете победи, против Данска и Црна Гора на почетокот од првенството на македонските одбојкари им донесе пласман во следната фаза од европскиот шампионат.

Одбојкарите беа поддржани од присутните во спортскиот центар„Борис Трајковски“ со аплауз и овации.

Следниот предизвик за македонската репрезентација се натпреварите со Полска, Холандија и Чешка. Македонија во рамките од третото коло утре со почеток во 20 часот ќе се сретне со фаворитот во групата, селекцијата на Полска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет3 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет6 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет6 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет7 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет7 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет8 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет8 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија8 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет9 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет9 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет12 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија13 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет13 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет18 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет19 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија20 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет20 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет21 час

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет22 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...