Контакт

Популарно

Сер Бредли Вигинс замина во пензија

Објавено пред

Британскиот велосипедист, еден од најдобрите во историјата на овој спорт, сер Бредли Вигинс објави крај на кариерата.

„Имав среќа да го остварам детскиот сон, да изградам кариера во спортот во кој се вљубив кога имав 12 години. Ги запознав своите идоли и возев покрај најдобрите цели 20 години. Работев со најдобрите тренери и менаџери и секогаш ќе им бидам благодарен за поддршката“, наведува Вигинс во своето соопштение.

Сер Бредли Вигинс во кариерата освоил осум олимписки медали, пет од нив се златни. Тој во 2012 година победи на „Тур д’Франс“ и стана првиот Британец со победа на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот.

„Засекогаш ќе ја паметам поддршката и љубовта која ја добивав од јавноста во моментите кога ми беше најтешко. Велосипедизмот ми даде сé, но ништо немаше да постигнам без поддршката на мојата сопруга Кет и нашите две ќерки“, дополнил 36-годишниот Вигинс./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Кој ќе си заработи „пежо“ од Sport Life?

Објавено пред

Остана уште малку време до крајот на акцијата „Двојна шанса за Peugeot 3008” на Sport Life. Во неа, типувачите, членови на СЛ клубот се натпреваруваат за новиот кросовер на пежо, а во игра се не едно, туку две возила. Се одбираат натпревари од посебната акциска понуда, од која дури 50 натпревари може да се наредат на тикет. Висината на вкупниот погоден коефициент на еден добитен тикет ќе го одреди победникот и добитник на едното возило, додека второто возило е за носителот на тикетот со највисок погоден вкупен коефициент, на кој има еден промашен пар.

Двојната трка за освојување на атрактивниот СУВ, ќе трае до крајот на овој месец, по што ќе ги дознаеме најдобрите и најсреќните типувачи на Sport Life. Текот на играта и играчите со највисоки освоени коефициенти во моментов, можете да ги видите на следниот ЛИНК и на вебсајтот на Sport Life.

Со учество во натпреварот се добиваат и поени за Типстер купот и право на другите програми на СЛ клубот. Минималната уплата на тикет е 20 денари, а максималната исплата на тикет е 10.000.000 денари, а на крајот некој ќе си замине и со францускиот СУВ-пежо 3008.

Прикажи повеќе...

Популарно

Две главни премии „пежо 3008“ од Sport Life

Објавено пред

Новиот натпревар на Sport Life  – „Двојна шанса за Peugeot 3008”, на типувачите ќе им донесе две главни премии. Кои ќе бидат играчите коишто ќе ги возат двете СУВ возила од марката Пежо 3008, ќе видиме на крајот од натпреварот кој ќе се одвива од 26 март до 29 мај.

Главните премии се наменети за двајцата најдобри типувачи. Едното возило ќе го освои играчот со погоден најголем вкупен коефициент на тикет со натпревари од посебната акциска понуда, а другото возило е за играчот кој исто така ќе има најголем погоден вкупен коефициент, но од тикетите со еден промашен пар.

Оттука, играчите на Sport Life сега имаат двојна шанса за освојување на главната премија. Со погоден или со „промашен“ тикет можат да се натпреваруваат и да освојат нов СУВ – Пежо 3008.

Сè што е потребно е да се зачленети во СЛ клубот и да одиграат најмалку 4 натпревари од акциската понуда која ќе биде посебно означена под „Двојна шанса“ во билтенот и на вебсајтот на Sport Life. Минималната уплата на тикет е 20 денари, а максималната исплата на тикет е 10.000.000 денари. Притоа, важат само несистемските тикети, односно тикетите со една комбинација. Со тикетите од овој натпревар (со натпреварите од посебната акциска понуда) се добиваат и поени за Типстер купот и право на другите програми на СЛ клубот, како Втора кеш шанса, Поени за СЛ Маркет и Поени за лојалност.

За сите подетални информации за натпреварот може да се информирате на следниот ЛИНК и на вебсајтот на Sport Life, каде што ќе биде истакната редовно ранг-листата на најдобрите натпреварувачи.

Прикажи повеќе...

Популарно

Поранешен олимписки вицешампион шверцувал 650 килограми кокаин

Објавено пред

Поранешниот двоен освојувач на олимписки сребрен медал Нејтан Бегели е прогласен за виновен за шверц на кокаин вреден 150 милиони долари во Австралија.

Покрај 45-годишниот поранешен кајакар, осуден е и неговиот помлад брат Дру.

Тие се осудени за обид за увоз на 650 килограми кокаин во Австралија во текот на 2018 година.

Казните ќе им бидат дополнително утврдени.

Нејтан Бегели освои две сребрени медали на Олимписките игри во Атина 2004 година, а исто така е и трикратен светски шампион.

Неговата кариера беше обележана со скандали, бидејќи тој беше позитивен на стероиди во 2005 година, а беше и во затвор, исто така со неговиот брат, за неговата вмешаност во група која произведувала дрога.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија11 час

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет12 часа

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Свет13 часа

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо...

Македонија16 часа

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија17 часа

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија18 часа

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија19 часа

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа21 час

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет23 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет23 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет24 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија2 дена

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија2 дена

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет2 дена

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија2 дена

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија2 дена

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет2 дена

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Досие