Контакт

Популарно

Серхио Ромеро и донесе Мундијалско финале на Аргентина

Објавено пред

Репрезентацијата на Аргентина ќе и се спротивстави на Германија во финалето на 20-то светско првенство во фудбал. ‘Гаучосите’, во второто полуфинале, по изведувањето на пенали ја совладаа Холандија со 4-2, откако по 120 минути игра немаше голови. Аргентина, на 13.јули, ќе го игра својот четврти финален меч на Мундијалите, прв по пауза од 24 години и СП во Италија.

Полуфиналната пресметка на Аргентина и Холандија е првата во Мундијалската историја која по 120 минути завршила без постигнат гол.

 

Второто полуфинале на Мундијалот во Бразил беше антипропаганда на фудбалот. Дуелот повеќе наликуваше на шаховска партија на селекторите Ван Гал и Сабеља, отколку на фудбалски меч. Најдобрите играчи на двете селекции Меси и Робен беа целосно изолирани и речиси и да немаа никаков продонес во играта на своите тимови.

 

Покрај пеналите, само неколку моменти се вредни за споменување, обидот на Робен во 91.минута кога во последен момент неговиот удар го изблокира Маскерано, потоа шансата на Паласио во 115.минута кога од 10 метри се обиде со глава да го лобува Силесен, но топката заврши во рацете на холандскиот голман и неуспешниот волеј од изгледна позиција на Макси Родригез во 117.минута.

 

Пенал серијата ја отвори холандскиот дефанзивец Влар, но неговиот удар го одбрани Серхио Ромеро, а Меси и донесе предност на Аргентина. Втората серија со гол ја отвори Робен кој израмни на 1-1, но Гарај веднаш ја врати предноста на Аргентина (1-2).

 

Во третата серија на сцена уште еднаш стапи Серхио Ромеро кој го одбрани ударот на Снајдер, а Кун Агуеро и донесе предност на Аргентина од 1-3. Кајт во четвртата серија постигна гол и намали на 2-3, а Макси Родригез со малку серќа го совлада Силесен и ја однесе Аргентина во финалето на Мундијалот.

 

Финалниот меч на СП помеѓу Аргентина и Германија, ќе се одигра на 13.јули на Маракана во Рио де Жанеиро.  крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Нова висока добивка во „Спорт лајф“: Играч од Свети Николе „фати милионче“

Објавено пред

Викендов играч на „Спорт лајф“ во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од „Спорт лајф“ .

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истиот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал, иако од различни првенства, навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94. минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79. минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка и тоа по вторпат за една недела во „Спорт лајф“ .

Прикажи повеќе...

Популарно

До 500 денари бонус на првата уплата – нова акција на Sport Life за онлајн-обложување

Објавено пред

За старт на онлајн-обложувањето Sport Life обезбеди до 500 денари бонус на првата уплата за играње онлајн. Промотивната акција ќе трае до 15 јуни 2020 и ќе бидат опфатени вкупно 1000 корисници кои за првоуплатениот депозит ќе добијат онлајн-бонус, а со тоа и можност за повеќе игри и поголеми добивки.

Право на учество имаат сите играчи кои ќе се регистрираат согласно правилата за онлајн-обложување на сајтот на Sport Life и кои ќе уплатат по прв пат депозит од најмалку 300 денари на својата корисничка сметка. Максималниот бонус што може да го добие секој корисник изнесува 500 денари, а при помала уплата од 500 денари, добива бонус еднаков на уплатата.

За користење на овој онлајн-бонус, потребно е првоуплатениот депозит да биде искористен за одигрување на еден или повеќе тикети со најмалку три натпревари со поединечна квота од 1,50 или повеќе. Во моментот кога ќе се одигра целосно првиот внесен депозит под овие услови, бонусот ќе биде префрлен на корисничката сметка на играчот. Добиениот бонус пак треба да се искористи 4 пати, односно да се одиграат тикети по претходно наведените услови, четири пати во износот на бонусот (пр. 4х500), за да може да се ослободи депозитот за исплата.

Корисникот во секој момент може да има увид во својата сметка и да провери уште колку е потребно да се одигра за да се ослободи износот на бонусот. Одиграниот тикет мора да добие конечен статус, било добитен или недобитен, за да се евидентира.

Во акциската понуда не влегуваат системските тикети, тикетите уплатени со ваучер, и тикетите кои се исплатени со опцијата „кеш аут“.

Уплаќањето на средства се одвива или преку e-banking или со уплатница на трансакциска сметка во банка или пошта, а наскоро и преку платежни картички.

Сите детали околу новиот бонус на Sport Life можете да ги откриете ТУКА.

 

(ПР текст)

 

Прикажи повеќе...

Популарно

Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе за возачи кои користат сигурносен појас

Објавено пред

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на Републички совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната еуфорија што деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице имаше своја „епизода“ и на битолските улици.

„Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот“, информираат од РСБСП.

Во оваа акција учествува спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП – Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски – началник на сектор за превенција на СВР Битола и претставници на општинската организација на Црвениот крст од Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија3 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија3 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија4 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија4 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија5 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет6 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ6 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ6 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион7 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија8 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет9 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија10 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија10 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија10 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија21 час

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија21 час

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија23 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија24 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија1 ден

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Досие