Контакт

Популарно

СП 2014: Бразил-Колумбија кој ќе оди во полуфиналето?

Објавено пред

Бразил и Колумбија, во петок од 22 часот во Форталеза, ќе ја започнат четврт финалната битка на 20-то Светско првенство. Дуелот на репрезентациите кои немаат пораз во досегашниот тек од Мундијалот, треба да го одбележат младите ѕвезди на двата тима Нејмар (Бразил) и Хамес Родригез (Колумбија).

Бразил и Колумбија имаат одиграно 26 меѓусебни натпревари, но натпреварот во Форталеза ќе биде нивно прво соочување на едно светско првенство.

 

Според прикаженото, Колумбија е во подобра форма од домаќинот, кој со мала судиска помош и голема доза на среќа стигна меѓу најдобрите осум на Мундијалот.

 

Поради тоа не изненадува што бразилскиот селектор Луис Фелипе Сколари во кампот на репрезентацијата донесол и психолог кој работи со фудбалерите.

 

„Нема да ни биде лесно. Колумбија игра сличен фудбал како Чиле, но на уште повисоко ниво. Знам дека досега не блескавме и нашите навиваќи со право се незадоволни“, рекол Сколари.

 

Стратегот на Бразил верува дека спортската јавност токму против Колумбија ќе го види вистинскиот потенцијал на наговите избраници. Тој е свесен дека во Бразил само освоената титула ќе се смета за успех на Мундијалот.

 

„Сведоци сте каква драма се случува на СП. Натпревари се решаваат во последните секунди, победници се добиваат по изведувањето на пенали. Сигурен сум дека драмата низ која минавме во осмина финалето ќе им помогне на моите играчи да созреат“, дополнил Сколари.

 

Колумбија до четврт финалето стигна со четири чисти победи (Грција, Брегот на слоновата коска и Јапонија во групата и Уругвај во осмина финалето) со што ги собра симпатиите на сите неутрални вљубеници во фудбалската игра.

 

Она што ги загрижува Колумбијците е традицијата која вели дека тие само два пати во историјата го совладале Бразил, последен пат пред 13 години на Копа Америка, а претходно во далечната 1985 година во Богота.

 

Сепак последните четири натпревари помеѓу двете репрезентации завршиле без победник, а на три од нив немало погодоци.

 

„Со пласманот во четврт финалето направивме историски успех, но не мислиме тука да застанеме“, изјавил аргентинскиот стратег на клупата на Колумбија, Хозе Пекерман.

 

Токму Аргентинецот е најзаслужемн за блескавите изданија на Колумбија, која заедно со Холандија има четири победи на четири натпревари, а со по 11 постигнати голови двете репрезнетации се најефикасни на Мундијалот.

 

Иако се работи за натпревар на фудбалски репрезентации, во центарот на вниманието во Форталеза ќе бидат предводниците на своите тимотви Нејмар и Хамес Родригез.

 

Нејмар во досегашниот тек од првенството постигна четири гола по два против Хрватска и Камерун). Младиот напаѓач е движечката сила на тимот кој со прикажаното не остави никаков впечаток.

 

Иако неговиот настап беше неизвесен, на ден пред натпреварот од бразилската рперезентација потврдија дека тој е целосно рехабилитиран и дека ќе го предводи нападот на ’кариоките’.

 

Од друга страна стои Хамес Родригез, без сомнение најдобриот фудбалер во досегашниот тек на СП. Плејмејкерот на Монако, досега постигна пет гола, а имаше и две асистенции.

 

Натпреварот на Кастелао Арена во Форталеза ќе го суди Карлос Веласко од Шпанија.

 

Можно состави:

 

Бразил: Жулио Цезар – Даниел Алвеш, Тијаго Силва, Давид Луиз, Марсело – Фернандињо, Рамиреш, Оскар, Хулк, Нејмар, Фред

 

Колумбија: Оспина – Армеро, Запата, Јепес, Санчез, Зунига – Агилар, Куадрадо, Родригез, Гутиерез, Џексон Мартинез. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Нова висока добивка во „Спорт лајф“: Играч од Свети Николе „фати милионче“

Објавено пред

Викендов играч на „Спорт лајф“ во Свети Николе успеал да ги погоди сите 6 натпревари на своето ливче и да се впише во листата на освојувачи на милионски суми од „Спорт лајф“ .

Избрал мечеви кои не се дел од врвните топ 5 лиги, а се искачил на врвот, вложувајќи 850 денари. Добитната комбинација се состоела од типување на точна прогноза за победникот на мечот и дека на истиот ќе има 3 и повеќе голови.

Мечевите кои ги одбрал, иако од различни првенства, навистина му се наредиле: Од шведското првенство победа на Норкопинг со 3:0 против Ѓургарден, од германската Цвајте (втора лига) 3:1 за Дармштад против Вехен, и тоа со пресврт во второто полувреме, а Штутгарт без проблеми и убедливо со 6:0 го победил Нирнберг на гости. Плеада голови паѓаат и на трите меча кои ги одбрал од норвешкиот шампионат.

Интересно е дека на мечот меѓу Бран и Викинг конечниот резултат од 3:0 бил постигнат дури во продолжението во 94. минута, а за малку милионот ќе бил загубен да не бил промашен пеналот за гостите досуден во 79. минута.

Сè на сè возбудлива и богата со голови игра за висока милионска добивка и тоа по вторпат за една недела во „Спорт лајф“ .

Прикажи повеќе...

Популарно

До 500 денари бонус на првата уплата – нова акција на Sport Life за онлајн-обложување

Објавено пред

За старт на онлајн-обложувањето Sport Life обезбеди до 500 денари бонус на првата уплата за играње онлајн. Промотивната акција ќе трае до 15 јуни 2020 и ќе бидат опфатени вкупно 1000 корисници кои за првоуплатениот депозит ќе добијат онлајн-бонус, а со тоа и можност за повеќе игри и поголеми добивки.

Право на учество имаат сите играчи кои ќе се регистрираат согласно правилата за онлајн-обложување на сајтот на Sport Life и кои ќе уплатат по прв пат депозит од најмалку 300 денари на својата корисничка сметка. Максималниот бонус што може да го добие секој корисник изнесува 500 денари, а при помала уплата од 500 денари, добива бонус еднаков на уплатата.

За користење на овој онлајн-бонус, потребно е првоуплатениот депозит да биде искористен за одигрување на еден или повеќе тикети со најмалку три натпревари со поединечна квота од 1,50 или повеќе. Во моментот кога ќе се одигра целосно првиот внесен депозит под овие услови, бонусот ќе биде префрлен на корисничката сметка на играчот. Добиениот бонус пак треба да се искористи 4 пати, односно да се одиграат тикети по претходно наведените услови, четири пати во износот на бонусот (пр. 4х500), за да може да се ослободи депозитот за исплата.

Корисникот во секој момент може да има увид во својата сметка и да провери уште колку е потребно да се одигра за да се ослободи износот на бонусот. Одиграниот тикет мора да добие конечен статус, било добитен или недобитен, за да се евидентира.

Во акциската понуда не влегуваат системските тикети, тикетите уплатени со ваучер, и тикетите кои се исплатени со опцијата „кеш аут“.

Уплаќањето на средства се одвива или преку e-banking или со уплатница на трансакциска сметка во банка или пошта, а наскоро и преку платежни картички.

Сите детали околу новиот бонус на Sport Life можете да ги откриете ТУКА.

 

(ПР текст)

 

Прикажи повеќе...

Популарно

Билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе за возачи кои користат сигурносен појас

Објавено пред

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на Републички совет за безбедност на сообраќајот (РСБСП) за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците.

Ракометната еуфорија што деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе од Нашице имаше своја „епизода“ и на битолските улици.

„Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот“, информираат од РСБСП.

Во оваа акција учествува спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП – Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски – началник на сектор за превенција на СВР Битола и претставници на општинската организација на Црвениот крст од Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија4 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија4 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија5 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија5 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион7 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија7 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија7 часа

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија9 часа

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија10 часа

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Македонија10 часа

Бројот на починати од коронавирус во земјава надмина 300, границите на ЕУ остануваат затворени за македонските граѓани

Земјата со недели се соочува со троцифрени бројки на новозаразени од Ковид-19 на дневна основа, а бројот на починати од...

Свет10 часа

САД ги купија сите залихи на ремдесивир

Сите залихи на лекот ремдесивир, кој е еден од ретките што покажаа позитивни резултати во лекувањето на коронавирусот, се откупени...

Македонија11 час

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид

Двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, од денеска се отвораат за патници, но со строго почитување на протоколите. Заштитните...

Македонија11 час

Снимател од МРТ ја загуби битката со коронавирусот

Синоќа од коронавирус почина долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио- телевизија, Шенол Ахмети. Неговите колеги на социјалните мрежи...

Забава13 часа

(Видео) Италијански нуркачи два часа спасувале кит заплеткан во нелегални рибарски мрежи

Припадниците на италијанската крајбрежна стража и нуркачите успеале да го ослободат китот што се заплеткал во рибарските мрежи во близина...

Македонија20 часа

Филипче за инцидентот во „8 Септември“: Ова е чин на непочитување на здравствените работници кои се борат за секој човечки живот

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување...

Топ22 часа

Шестмина приведени поради закани кон докторка во Ковид-центарот во „8 Септември“

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Меѓу нив е и...

Македонија23 часа

Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е примен на Инфективната клиника откако неколку дена имал покачена телесна температура, иако...

Регион1 ден

(Видео) Група лекари ѝ свртеа грб на Брнабиќ во знак на протест во Нови Пазар

Група лекари и медицински персонал во општата болница во Нови Пазар им завртеа грб на српската премиерка Ана Брнабиќ и...

Спорт1 ден

Чистка во Олимпијакос, четворица Американци отпуштени во ист ден!

Грчкиот кошаркарски клуб, Олимпијакос одлучи да ослободи од обврските четири американски кошаркари, во ист ден. Тоа е уште една потврда...

Досие