Спорт
Портланд и Феникс подготвиле трејд, Нуркиќ за Ејтон
По нешто повеќе од шест години, Јусуф Нуркиќ би можел да го промени НБА тимот. Портланд Трејл Блејзерс се подготвени да направат трејд за 29. годишниот центар од БиХ.
Јусуф Нуркиќ повторно е во трејд комбинациите на Портланд Трејл Блејзерс. Тимот од Орегон е подготвен да преговара со други франшизи. Феникс Санс покажуваат огромен интерес за Нуркиќ. Тимот од Аризона е подготвен да направи договор во кој на Трејл Блејзерс ќе им понуди една од ѕвездите на тимот на ДеАндре Ејтон.
Во трејдот би можел да биде вклучен и Демијан Лилард. Тој од поодамна сакаше да замине од Портланд во Мајами Хит и нема да биде изненадување доколку три екипи се вклучат во голем размена на кошаркари.
Договорот би можел да биде склучен во наредните денови, а во случај да оди во Санс, Нуркиќ не би имал премногу офанзивни задачи бидејќи тренерот Франк Вогел бара центар со одбранбени карактеристики.
Нуркиќ влегува во својата 10. сезона во НБА. Тој беше драфтуван во 2014 година како 16. пик од Чикаго Булс, но веднаш беше трејдуван во Денвер Нагетс.
За тимот од Колорадо настапуваше неполни три години. Потоа се пресели во Трејл Блејзерс.
Минатата сезона Нуркиќ имаше просек од 13,3 поени со 9,1 скока и речиси три асистенции на 52 одиграни натпревари во дресот на Портланд.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

