Спорт
Порто плаќа вештерка 15.000 евра месечно за да ја освои титулата
Португалскиот фудбал ни носи уште една приказна поврзана со окултното и фудбалот откако весникот „Абола“ тврди дека Порто има вработено вештерка што ја плаќа 15.000 евра месечно за да помогне тие да ја освојат титулата.
Според нивните извори, претседателот на клубот, Жорге Нуњо Пинто да Коста, ја вработил Мадалена Аросо, официјално како доктор во тимот, со што таа е најдоброплатената вработена во Порто, нешто што наиде на лута реакција на навивачите.
Аросо навдно е видовита личност, која може да гледа во иднината и да предвидува резултати на мечеви и била вработена ова лето за да помогне Порто да си ја врати титулата што ја загуби од Спортинг Лисабон минатата сезона. И засега очигледно функционира – тимот на Сержо Консеисао е на првото место на табелата по 14 меча, со подобра гол-разлика од Спортинг и ист број поени и четири пред Бенфика.
Ова не е првпат окултното да се поврзува во португалскиот фудбал. Во 2017 година портпаролот на Порто, Франциско Маркес, го обвини тогашниот претседател на Бенфика, Филипе Виеира (кој беше уапсен за даночна измама), дека со вештерство се обидува да ја освои титулата. Тогаш Бенфика го ангажирала Армандо Нага, полицискиот комесар од Гвинеја-Бисау. Бенфика тогаш ја освои двојната титула.
Во 1987 година, пак, Порто го ангажира парапсихологот Делане Виеира да пушти две жаби на стадионот „Пратер“ во Виена за да помогне да се освои Европскиот куп – Порто ја освои првата европска титула со 2:1 победа над Баерн Минхен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

