Спорт
Потреси во Ферари: Васер против својот шеф
Само два месеци откако Фредерик Васер го презеде тимот на Ферари, ситуацијата во Маранело изгледа полоша од лани. На почетокот на сезоната во Формула 1 во Бахреин, Шарл Леклер се откажа, а Карлос Саинц остана далеку од лидерите и заврши на четвртото место. Сепак, дополнително, тимот го тресат лични конфликти и несогласувања на некои од најважните луѓе во Ферари.
Италијанскиот весник „Кориере дело Спортt“, објави дека Васер бил непријатно изненаден од ограничувањето на неговите овластувања и објаснил дека му е доста од политичките битки во Маранело.
Според Фулви Солмс, кризата во Ферари се должи на недостаток на стабилност и конфронтација меѓу Васер и извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња.
„Расколо меѓу Васер и Виња е епицентарот на земјотресот, кој беше инициран од претседателот на Ферари, Џон Елкан, кој го назначи Виња за директен претпоставен на Васер. Моќта на Васер е ограничена во споредба со можностите на другите тимски шефови во Формула 1 и тој нема целосна контрола над тимот“, напиша Солмс.
Новинарот на „Кориере“ овие зборови ги поткрепи со уште неколку факти.
„По пристигнувањето во Маранело, Васер ги побара сите информации за спонзорите со кои соработуваше Ферари, но неговото барање беше одбиено. Во одговорот беше наведено дека Виња е задолжен за тоа, а таа промена стана факт во март 2021 година, кога Биното сè уште беше на чело на тимот. Васер, исто така, нема збор во комуникациите и односите со медиумите, бидејќи менаџерот за медиуми Томас Хофман не е негов подреден, туку Чарли Тарнер, кој е директор за комуникации и чии директен претпоставен е Виња“.
За време на трката за Големата награда на Бахреин, Васер неколку пати се пожали дека работи со ограничување, а тоа го направило со желба неговите зборови да стигнат до Вињи. Се верува дека само два месеци по доаѓањето во тимот, Васер веќе е уморен од начинот на кој функционира Скудерија и затоа Французинот тргнал со ризични потези кон целосни промени, за да ги постигне посакуваните резултати и полесно да им се спротивстави на своите шефови.
Италијанските медиуми објавија и дека Васер имал потешкотии во комуникацијата со Вин, како и со Лоренцо Џордети, кој штотуку му се приклучил на тимот и ќе биде одговорен за приходите на тркачкиот оддел.
Сепак, сите овие компликации се резултат на желбата на Џон Елкан да ја избрише независноста на Ферари, која со децении беше гарантирана со договорот потпишан од Енцо Ферари и Џани Ањели.
Биното вложи сериозни напори да ја заштити независноста и луѓето со кои работеше. Сега, сепак, ситуацијата е поинаква и малкумина во Маранело се чувствуваат заштитени, а има и такви кои се сметаат себеси за потценети, како Давид Санчез. Според последните извештаи од Ферари, Санчез решил сам да си замине, не бил притиснат од никој од тимот да си замине.
Причината за итната средба на Шарл Леклер со Џон Елкан, веднаш по Големата награда на Бахреин, мора да се бара во конфликтот меѓу Васер и Вињи. Возачот бил многу разочаран од заминувањето на Санчез и наводно се обидел да му објасни на претседателот дека интервенцијата на Виња, кој нема искуство во мотоспортот, во работата на Скудерија може да има сериозни последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

