Спорт
Почина поранешниот НБА играч Фелтон Спенсер
Поранешниот американски кошаркар Фелтон Спенсер почина на 56. годишна возраст, објави веб-страницата на НБА.
Спенсер беше избран како шести пик на драфтот во НБА во 1990 година од Минесота Тимбервулфс. Три сезони го носеше дресот на Минесота.
Со 121 блока во една сезона, тој беше рекордер на франшизата додека неговиот рекорд не беше соборен од Кевин Гарнет во 1996 година.
Во 1993 година тој се пресели во Јута Џез, чии главни ѕвезди беа Карл Мелоун и Џон Стоктон. Во Јута имаше просек од осум поени и осум скока по натпревар.
Неговата кариера беше забавена поради бројните сериозни повреди како кинење на Ахиловата тетива во 1995 година, а по Минесота и Јута играше за Орландо, Голден Стејт, Сан Антонио и Њујорк Никс.
По завршувањето на кариерата работел како обезбедување во средно училиште во родниот Луисвил, а потоа работел и како тренер во НЦАА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.
Спорт
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
Три клуба од Евролигата покажале сериозен интерес за најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитирјевиќ.
Димитријевиќ неодамна ја доби наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната, во ВТБ лигата. Сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки по натпревар.
Пред две недели турнските медуми објавија дека Фенербахче е сериозно заинтересиран за Димитријевиќ. Во неделата, се појави информацијата на „Република Болоња“ дека за Македонецот се интересираат најдобрите италијански тимови, Олимпија Милано и Виртус Болоња.
Извесно е дека Димитријевиќ следната сезона ќе го гледаме во Евролигата.