Спорт
Познат е терминот во кој ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и Вардар 1961

Познат е терминот во кој Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе го одиграат дерби натпреварот во Суперлигата.
Дербито кое веројатно ќе ја реши шампионската трка ќе се одигра во сабота, во Битола, со почеток во 19 часот.
По 11 одиграни натпревари во Суперлигата Вардар и Пелистер се израмнети на табелата со по 33 бода.
Првиот натпревар, кој беше обележан со неколку инциденти, им припадна на црвено-црните со 31:24.
По неочекуваниот пораз на Вардар од Алкалоид, Пелистер доби шанса со било каква победа да ја преземе челната позиција.
За да остане на врвот на Вардар му е доволен и нерешен резултат.
Фото/ rkeurofarmpelister.com
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Спектакл на „Џузепе Меаца“, Интер во неверојатна драма ја елиминира Барселона

Интер, втор пат во три сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Во спектакуларен натпревар, Интер ја победи Барелона на „Џузепе Меаца’ со 4:3, откако натпреварот во основниот дел заврши 3:3.
Интер по првиот дел имаше предност 2:0, Барселона се врати во вториот дел во интервал од шест минути, а пресвртот го комплетираше Рафиња во 88:минута. Пет минути подцна еден од хероите на Интер оваа вечер, Ачерби изедначи и избори продолженија.
Во дополнителните 30 минути натпреварот го реши Давиде Фратези во 99. минута.
Покрај Ачерби и Фратези, херој на Интер е и голманот Јан Зомер. Швајцарецот прими три гола, но имаше неколку изворедни интервенции. Осбено се истакна во 56.минута кога го одбрани ударот на Ерик Гарсија и во 114. минута кога беше поуспешен од Ламин Јамал.
Интер во финалето, на 31.мај во Минхен, ќе игра против победникот од натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал. Реваншот е во среда во Париз, ПСЖ има предност 1:0.
Спорт
Момчето од Охрид, Чеди Осман го однесе ПАО на завршниот турнир

Кошаркарите на Панатинаикос се пласираа во завршниот турнир од Евролигата, откако го победија Ефес, во петтиот натпревар од серијата со 75:67. Панатинаикос на завршниот турнир во Абу Даби ќе ја брани титулата.
Панатинаикос го отвори натпреварот брилијантно. Со одлична одбрана, домашниот тим одговори на громогласната поддршка од своите навивачи од трибините, а Џеди Осман беше особено инспириран.
Екипата на Ергин Атаман одигра беспрекорна одбрана и го ограничи противникот на само 13 поени во првите 14 минути од играта.
Осман, во тој период, беше поефикасен од гостинскиот тим, а ПАО стекна предност од 23 поени. Гостите одговорија со серија од 13:0 и наговестија голема борба до самиот крај.
Не се предадоа гостите, но во вториот дел ПАО сите напади успеа да ги одбие.
Панатинаикос до победата го предводеше Чеди Осман со 28 поени и осум скока. Двоцифрени беа и Кендрик Нан со 12 поени, четири скока и пет асистенции, односно Џериен Грант со 11 поени, осум скока и три асистенции.
Кај Ефес се истакна Елајџа Брајант со 16 поени со четири скока и асистенции, а го следеше Шејн Ларкин со 11 поени, еден скок и четири асистенции.
Панатинаикос, во полуфиналето на завршниот турнир ќе игра против Фенербахче.
Спорт
(Видео) Кевин Пантер трагичар, Монако оди на завршниот турнир

Кошаркарите на Монако ја победија Барселона со 85:84, ја доби серијата со 3:2 и се пласираа на завршниот турнир од Евролигата.
Брилијантен натпревар одиграа Монако и Барселона во „Гастон де Медесин“. Благодарение на Мајк Џејмс и Јоргос Папајанис, Монако пласира на Ф4, додека Барселона ќе жали за промашениот шут на Кевин Пантер во последните моменти од натпреварот.
Мајк Џејмс постигна 20 поени, имаше и еден скок со 5 асистенции, додека Јоргос Папајанис имаше 17 поени и 5 скока. Грчкиот центар беше „Икс фактор“, целосно изненадување за Барселона бидејќи поради повреда ги пропушти првите четири натпревари во оваа серија.
Друштво им правеше Алфа Дијало со 11 поени (сите во првото полувреме), а 11 постигна Метју Стразел, кој додаде 2 скока и 4 асистенции.
Во редовите на Барселона видовме 19 поени од Кевин Пантер кој имаше и 6 скока и 4 асистенции, додека Џастин Андерсон имаше 16 поени, 2 скока и 4 асистенции, Вили Ернангомез исто така имаше 16, а Јусуф Фал имаше 10 поени и 10 скока.
Монако на завршниот турнир, во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе игра против Олимпијакос.
KEVIN PUNTER WITH THE CLUTCH THREE FOR THE FINAL FOUR… 🔥 pic.twitter.com/jyXclvAq2Q
— Euroleague Centel (@EuroleagueCT) May 6, 2025