Спорт
Позната е судбината на Тони Крос

Тони Крос нема намера да го напушти Реал Мадрид. Германецот барем уште една сезона ќе го носи белиот дрес. Актуелниот договор на Крос со Реал истекува на 30 јуни.
„Реал Мадрид конечно е подготвен да потврди дека Тони Крос ќе го продолжи договорот на уште една година. Се е потпишано од февруари. Првиот чекор е претставување на Белингем, а потоа потврда за продолжување на соработката со Крос, Начо, како како и некои други играчи“, тврди инсајдерот Фабрицио Романо.
Анчелоти често во своите изјави кажуваше дека Крос е еден од неговите најважни играчи и дека бескрајно му верува.
Крос во Реал Мадрид е девет сезони, а за овој клуб одигра 405 натпревари, постигна 27 гола и додаде 88 асистенции. Со клубот освои 19 трофеи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитриевски би можел да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.
Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez
Спорт
Де Брујне ја објасни разликата помеѓу Конте и Гвардиола

Кевин Де Брујне вели дека се стреми кон 25-от трофеј во својата прва сезона со Наполи и ги објасни разликите помеѓу Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Антонио Конте.
„Би рекол дека имаат два различни начини на игра. Пеп е веројатно малку повнимателен во контролата и поседот на топката, додека Конте е малку поструктуриран во играта и многу се фокусира на менталитетот. Пеп работи повеќе во просторот“, изјави Де Брујне за „Кориере дело Спорт“.
„Постојат неколку различни работи, но секој тренер има свои принципи и карактеристики“.
Белгиската ѕвезда, исто така, објасни кој трофеј најмногу сака да го освои за време на неговиот престој во Наполи.
„Веројатно Скудетото, но никогаш не сакам да бирам. Ќе земам што можам да освојам. Сепак, бидејќи никогаш не сум играл во Италија, освојувањето на лигата би била добра цел, тоа би било многу кул“.
Спорт
На сите играчи што ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.