Спорт
Познати се петорките за Ол-стар натпреварот – Капитени се Леброн и Дурент

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои ќе го започнат Ол стар натпреварот во Кливленд. Како и секогаш, стартерите се бирани по принципот, тројца високи играчи (крила и центар) и двајца ниски (бекови).
И во Кливленд, нема да игра Истокот против Западот, туку капитените ќе ги изберат своите тимови. Капитен на Западот е Леброн Џејмс, а на Истокот Кевин Дурент.
Најмногу гласови на Истокот, покрај Дурент добија Тре Јанг (Атланта), Демар Дерозан (Чикаго), Јанис Адетокумбо (Милвоки) и Џоел Ембид (Филаделфија).
На Западот покрај Џејмс во петорката се и Џа Морент (Мемфис), Стеф Кари (Голден стејт), Ендру Вигинс (Голден стејт) и Никола Јокиќ (Денвер).
Леброн Џејмс е единствениот играч во НБА лигата кој 18 години на Ол стар натпреварот се наоѓа во стартната петорка.
Драфтот на кој Џејмс и Дурент ќе ги состават своите тимови ќе се одржи на 3.февруари.
Натпреварот ќе се одигра на 20.февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црна Гора на местото на Русија на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора по административен пат ќе се пласира на завршницата на Европското првенство. Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа, предложи Црна Гора да ја замени Русија на Европското првенство. Собранието на ФИБА Европа конечната одлука ќе ја донесе в сабота, во Вилнус.
Според правилата, во случај некоја екипа да не може да учествува на првенството, нејзиното место го зазема тимот што имал најдобар учинок, но не се квалификувал. Со оглед на тоа што избраниците на Бошко Радовиќ се единствени со три победи кои останаа под линијата, тие се први на оваа листа.
Доколку нема непредвидени промени, избраниците на Радовиќ ќе играат во групата А во Тбилиси, со домаќинот Грузија, Шпанија, Турција, Белгија и Бугарија.
Четирите најдобри селекции ќе се пласираат во нокаут фазата која ќе се игра во Берлин.
Спорт
Миротиќ МВП на сезоната, Барцокас најдобар тренер
Европскиот кошаркарски крем се собра во Белград, каде во четврток ќе започне завршниот турнир во Евролигата. За трофејот ќе се борат Барселона, Реал, актуелниот шампион Анадолу Ефес и Олимпијакос.
Во пресрет на натпреварите Евролигата ги додели последните две награди за регуларниот дел од сезоната. МВП е Никола Миротиќ од Барселона, а најдобра тренер е Јоргос Барцокас од Олимпијакос.
Претходно наградата за најдобра дефанзивец ја доби Кајл Хајнс од Армани Милано, а играчот на Барселона, Рокас Јокубаитис е прогласен за „Ѕвезда во подем“.
Наградата „Магичен момент“ му припадна на Костас Слукас од Олимпијакос. Тој постигна тројка за победа над Ефес.
Никола Миротиќ имаше брилијантна сезона, ја предводеше Барселона до првото место во регуларниот дел од сезоната. Црногорецот со шпански пасош во просек бележеше по 16,6 поени и 5,5 скока и индекс на корисност од 19,4 по натпревар.
Тој е дел од најдобрата петорка заедно со Шејн Ларкин (Ефес), Мајк Џејмс (Монако), Саша Везенков (Олимоијакос) и Валтер Таварез (Реал).
Миротиќ прв пат во кариерата е МВП во Евролигата, воедно тој е прв играч на Барселона кој по 2009 година ја доби престижната награда.
Спорт
Спектакуларен гол од седмерец

Ракометарите, поточно оние кои се задолжени за седмерците, често смислуваат разни трикови со кои се обидуваат да ги измамат голманите. Сепак, она што го изведе Јапонецот Косуке Јашухира е досега невидено на ракометните терени.
Играчот на францускиот прволигаш Ним, пред да го упати ударот направи пируета, а потоа ја испрати топката во левата статива на голманот.
Сето тоа се случи на самиот крај од натпреварот, кога предноста на Ним беше недостижна. На крајот, тимот на Јашухира го победи и Данкерк со 34:23.
🇯🇵 L'artiste Kosuke Yasuhira nous régale encore une fois ! 😍
このアーティストを日本に感謝します pic.twitter.com/nXta6rmKSZ
— Ligue Nationale de Handball (@LNHofficiel) May 9, 2022