Спорт
Суарез погоди, Уругвај победи во Парагвај, Аргентина без Меси славеше во Чиле

Аргентина и Уругвај забележаа победи во 15. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Аргентинците победија во Чиле, а Уругвајците во Парагвај.
Уругвај ја прекина серијата од четири порази и се врати во траката за пласман на Мундијалот во Катар. Уругвајците славеа во Асунсион против Парагвај со голот на Луис Суарез во 50. минута. Уругвајците беа подобри на теренот, во првото полувреме два пати ја погодија гредата, еднаш стативата од противничкиот гол.
Аргентина во декември го потврди пласманот на СП, Чилеанците до крајот ги очекува жестока борба за место на СП. Без Лионел Меси, Аргентинците славеа со 2:1. Ди Марија го отвори резултатот во деветтата минута, потоа Беретон израмни во 21., а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез во 34.минута.
Табела: 1. Бразил 36 (14 натпревари), 2. Аргентина 32 (14), 3. Еквадор 32 (15), 4. Уругвај 19 (15), 5. Колумбија 17 (14), 6. Перу 17 (14), 7. Чиле 16 (15), 8. Боливија 15 (15), 9. Парагвај 13 (15), 10. Венецуела 7 (14).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Полноќна тепачка во Севилја

Шпанската полиција уапси пет германски навивачи пред финалето на Лигата на Европа меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс.
Полицијата соопшти дека навивачите на Ајнтрахт биле приведени поради тепачка со шкотските навивачи и полицијата, околу полноќ во центарот на Севиља.
Тие фрлале цигли и маси од кафулињата и запалиле фрлале факели кон навивачите на Ренџерс и полицијата. Не е наведено дали во инцидентот има повредени.
Повеќе од 5.000 полицајци и стјуарди ќе бидат на должност бидејќи шпанските власти очекуваат да пристигнат до 150.000 навивачи од двата клуба.
Биилети, за финалето кое почнува во 21 часот на стадионот „Рамон Санчез Писуан“, повеќе нема.
De nuevo los hinchas del Eintracht liándola en Sevilla. Han lanzado bengalas y vasos contra los del Rangers. pic.twitter.com/veYnIJG3pV
— Leandro Iglesias (@leandrosexta) May 17, 2022
Спорт
Црна Гора на местото на Русија на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора по административен пат ќе се пласира на завршницата на Европското првенство. Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа, предложи Црна Гора да ја замени Русија на Европското првенство. Собранието на ФИБА Европа конечната одлука ќе ја донесе в сабота, во Вилнус.
Според правилата, во случај некоја екипа да не може да учествува на првенството, нејзиното место го зазема тимот што имал најдобар учинок, но не се квалификувал. Со оглед на тоа што избраниците на Бошко Радовиќ се единствени со три победи кои останаа под линијата, тие се први на оваа листа.
Доколку нема непредвидени промени, избраниците на Радовиќ ќе играат во групата А во Тбилиси, со домаќинот Грузија, Шпанија, Турција, Белгија и Бугарија.
Четирите најдобри селекции ќе се пласираат во нокаут фазата која ќе се игра во Берлин.
Спорт
Миротиќ МВП на сезоната, Барцокас најдобар тренер
Европскиот кошаркарски крем се собра во Белград, каде во четврток ќе започне завршниот турнир во Евролигата. За трофејот ќе се борат Барселона, Реал, актуелниот шампион Анадолу Ефес и Олимпијакос.
Во пресрет на натпреварите Евролигата ги додели последните две награди за регуларниот дел од сезоната. МВП е Никола Миротиќ од Барселона, а најдобра тренер е Јоргос Барцокас од Олимпијакос.
Претходно наградата за најдобра дефанзивец ја доби Кајл Хајнс од Армани Милано, а играчот на Барселона, Рокас Јокубаитис е прогласен за „Ѕвезда во подем“.
Наградата „Магичен момент“ му припадна на Костас Слукас од Олимпијакос. Тој постигна тројка за победа над Ефес.
Никола Миротиќ имаше брилијантна сезона, ја предводеше Барселона до првото место во регуларниот дел од сезоната. Црногорецот со шпански пасош во просек бележеше по 16,6 поени и 5,5 скока и индекс на корисност од 19,4 по натпревар.
Тој е дел од најдобрата петорка заедно со Шејн Ларкин (Ефес), Мајк Џејмс (Монако), Саша Везенков (Олимоијакос) и Валтер Таварез (Реал).
Миротиќ прв пат во кариерата е МВП во Евролигата, воедно тој е прв играч на Барселона кој по 2009 година ја доби престижната награда.