Спорт
Познати се составите: Милевски „нареди“ офанзива од стартот против Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ја пречекува Грузија, а селекторот Благоја Милевски со офанзивна формација го отвора натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“.
На голот на Македонија е Столе Димитриевски, а во одбраната се Ашковски, Муслиу, Велковски и Алиоски. Во средниот ред ќе делуваа Барди, Спировски и Елмас, додека напаѓачкото трио го сочинуваат Трајковски, Чурлинов и Милан Ристовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ЖФК Љуботен ќе игра против Сент Полтен во квалификациите за ЛШ како домаќин на турнирот

Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, тимот на ЖФК Љуботен, го доби ривалот во групната квалификациска фаза за Лигата на шампионите. Тоа е шампионот на Австрија, Сент Полтен.
Втората двојка ја сочинуваат претставниците на Белорусија и на Бугарија, Динамо и Локомотив од Стара Загора.
Македонскиот првак ќе биде домаќин на турнирот.
Спорт
Милан стартува против Удинезе, Наполи и Елмас на гости во Верона

Шампионот Милан одбраната на титулата во Серија А ќе ја започне дома против Удинезе, одреди ждребот на календарот за следната сезона во италијанската фудбалска елита. Во прво коло, Интер ќе гостува кај новакот Лече.
Аспирациите за враќање на врвот Јувентус ќе ги почне против Сасуоло. Во исто време, Монца на Силвио Берлускони ќе биде домаќин на Торино.
Наполи на Елиф Елмас на стартот го очекува гостување кај Верона.
Првото издание на миланското дерби е во петтото коло, викендот на 4 септември, а второто ќе биде околу 5 февруари.
Спорт
Ждреб за Вимблдон: Ѓоковиќ ќе налета на Алкараз, а Надал на Циципас

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, шесткратниот шампион на Вимблдон и бранител на титулата, има солиден ждреб на најпознатиот турнир во светот. Прв ривал на третиот во светот и прв носител ќе биде Кореецот Сунва Квон, моментално 85. играч во светот. Доколку го совлада Квон, Ѓоковиќ ќе оди на подобриот од мечот Кокинакис – Мајхчак.
Според проекцијата, Ѓоковиќ во четврт-финалето треба да игра со петтиот фаворит Карлос Алкараз, а во полуфиналето со подобриот од дуелот Хуркач – Руд.
Во втората половина од ждребот во предвиденото четврт-финале, Циципас оди кај минатогодишниот финалист Беретини, додека Надал игра против Ожие – Алијасим.
Турнирот на „Ол Ингланд клуб“ започнува в понеделник, на 27 јуни.
Complete #Wimbledon men’s draw: pic.twitter.com/LvvCXfYn7w
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) June 24, 2022