Спорт
Познато е колку заработи Ѓоковиќ по триумфот во Торино: Новак е убедливо најдобар во историјата

Новак Ѓоковиќ продолжи да соборува рекорди. Во неделата, тој го победи Јаник Синер со 6:3, 6:3 во финалето на завршниот Мастерс во Торино и ја освои рекордната седма титула на овој настан.
Цела серија рекорди собори српскиoт тенисер, а сега важи и за тенисер со најголема вкупна заработка во текот на кариерата.
Ѓоковиќ со освоените 4,4 милиони долари против Јаник Синер ја надмина бројката од 180 милиони долари.
Тој е првиот тенисер кој досега надминал 180 милиони долари заработка во кариерата.
Зад него е Рафаел Надал со заработка од 134.640.719 долари. Трет е Роџер Федерер со 130.594.339 долари, а потоа следат Енди Мареј (64.246.026 долари), Пит Сампрас (43.280.489 долари).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„За мене Ѓоковиќ е крал на сѐ, би сакал да можам да бидам како него“

Најдобриот снукер играч на сите времиња – Рони О’Саливен со моќна изјава му оддаде почит на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Познато е дека Рони го сака тенисот, а бидејќи легендата на снукерот Џими Вајт ја спореди неговата игра со Роџер Федерер, Рони мораше да реагира.
„Федерер, Надал, Ѓоковиќ – отсекогаш сум сакал да ги гледам. Тие се тројца од најдобрите на сите времиња. За мене Ѓоковиќ е крал на сѐ. Без разлика дали сте фудбалер, играч на голф или хокеј, сите се угледуваат на Ѓоковиќ. Посакувам да можам на маса да го правам тоа што го прави Ѓоковиќ на теренот“, изјави О’Саливен.
Славниот Рони седум пати беше светски шампион, освојуваше турнири, но имаше и свои пороци и падови.
Победата на Светското првенство во 2020 година му ја посвети на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„За да ја освојам оваа титула морам да бидам како Новак Ѓоковиќ. Тој е ужасно доследен, прави се многу добро и не ви дава ништо. Тој не е најграциозниот тенисер, го нема тој сјај на Роџер Федерер или оној форхенд на Рафаел Надал… Но, сè е таму од почеток до крај и неговата форма не паѓа многу. Тој секогаш игра на високо ниво. Си реков дека за да победиш овде во Шефилд треба да ја имаш таа сила и стабилност“, објасни О’Саливен во 2020 година.
Спорт
Два гола на ветеранот Стуани за нова победа на Џирона

Фудбалерите на Џирона стигнаа до 12. победа во Ла Лига, откако со пресврт беа подобри од Валенсија со резултат 2:1 (0:0).
Џирона се намали прптив борбената Валенсија, а бодовите и ги обезбеди ветарнот Кристијан Стуани.
Уго Дуро во 56.минута ги казни промашувањата на Џирона и донесе предност за Валенсија.
Ви финишот блесна ветеранот Стуани. Уругваецот со головите во 83. и 85.минута направи целосен пресврт.
Со овој триумф Џирона се врати на челната позиција. Реал својот меч од оваа рунда ќе го започне во 18.30 часот.
Џирона во следното коло ќе ја пречека Барселона.
Спорт
Тодибо: На тренинзите не смеевме да го допреме Меси

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жан Клер Тодибо, откри какво правило важело клупските тренинзи во ерата на Лионел Меси.
„Не ни дозволуваа да го допреме Меси на тренинг. Звучи лудо, но тоа е вистина. Моравме да бидеме внимателни. Но, тоа е нормално, тој е најдобар и не сакаа да се повреди“, изјави Тодибо за „Марка“.
Францускиот репрезентативец беше член на Барселона од 2019 до 2021 година, откако пристигна од Тулуз како 19-годишен талент, но главно беше на позајмица, а по последната во Ница тој француски клуб го откупи неговиот договор за 8,5 милиони евра. Тодибо овој септември дебитираше за француската репрезентација.
Со одличната форма во Ница, тој го привлече вниманието на Тотенхем и Манчестер јунајтед.Ноца за него бара 40 милиони евра.