Спорт
Правилото на УЕФА ѝ го блокира патот кон ЛШ на Џирона
Џирона е апсолутен хит на шпанското првенство. Календарската година ја завршија на второто место со ист број на бодови како лидерот Реал и со само еден пораз во 18 натпревари.
Прашање е дали ќе ја преживеат трката за титулата, но од оваа перспектива реално е да завршат меѓу најдобрите четири во шампионатот и да се пласираат во Лигата на шампионите.
Наредната сезона Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 36 екипи. Едно место плус ќе добијат најдобрите две држави според коефициентот, а Шпанија има реални шанси да заврши на едно од првите две места, што значи дека и петтопласиранит тим во Примера би можел да игра во елитното натпреварување во сезоната 2024/2025.
Сепак прашае е и доколку на теренот Зирона избори место меѓу елитните европски тимови, дали УЕФА ќе им дозволи да учествуваат.
Според правилото на УЕФА, два клуба со ист сопственик не можат да играат во исто натпреварување. Што значи дека доколку Џирона се пласира во Лигата на шампионите, нема да може да учествува бидејќи има ист сопственик како Манчестер сити.
Во тој случај клубот од Каталонија ќе мора да се задоволи со учество во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Се чини дека Јокиќ го избегна најлошото
Денвер Нагетс и негвоите навивачи, но и сите вистински кошаркарски фанови можат да здивнат. Неофицијално повредата на Никола Јокиќ не е серизона. За потсетување, лидерот на Денвер и лидер во МВП трката, во НБА лигата, го повреди коленото, во финишот на првото полувреме, против Мајами Хит.
Како што објави „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на извори блиски до Денвер, првите индикации се дека станува збор за хиперекстензија и дека не е настаната сериозна штета на коленото..
Истите информации ги објави нешто подцна и „Моцарт спорт“, кој додава дека, најдобриот играл во лигата ќе паузира околу еден месец.
Тие информации се во согласност со првите проценки на лекарите, кои претпоставија дека станува збор за „модринка“ на коската, односно хиперекстензија на коленото.
Соиграчот на Јокиќ, Кам Џонсон, неодамна ја претрпе истата повреда и познато е дека ќе се рехабилитира од четири до шест недели.
Јокиќ утре треба да направи магнетна резонанца, но судејќи според првичните реакции, најдобриот кошаркар на светот требало да избегне подолга пауза.
Јокиќ се повреди на натпреварот против Мајами, а повредата се случи кога соиграчот на Јокиќ, Спенсер Џонс, го удри во долниот дел од ногата и му го повреди левото колено.
Јокиќ се струполи на подот, држејќи го коленото и превиткувајќи се од болка. Веднаш замина во соблекувалната и не се врати на теренот.
Денвер го загуби натпреварот во Мајами со 147:123, а Јокиќ имаше 21 поен, осум асистенции и пет скока до повредата.
This is the play where Nikola Jokic appeared to hurt his leg — hope it is nothing serious. 🙏
pic.twitter.com/XCihk0Fld4 https://t.co/NdTEYkKsbC
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 30, 2025
Foto/ depositphotos
Спорт
ФФМ покрена постапка за финансиска измама против Муамед Сејдини
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.
Постапката се покренува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансната исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите и без да биде обезбедена банкарска гаранција.
Управниот одбор оценува дека постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и делување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на федерацијата.
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за формирање ад-хок комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.
Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци.
Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара.
Спорт
Бренан Џонсон го напушти Тотенхем
Крилниот напаѓач на Тотенхем, Бренан Џонсон, ќе го напушти клубот, но не и местото на живеење, потврди „Скај Спортс“.
Според овој извор, Тотенхем прифатил понуда вредна 40.000.000 евра, за напаѓачот кој не е во плановите на Томас Франк.
Џонсон оваа сезона одигра само 600 минути во Премиер лигата, најчесто влегувајќи од клупата, постигна два гола, од кои по еден во Лигата на шампионите и Лига купот.
Во споредба со минатата сезона кога одигра дури 51 натпревар во сите натпреварувања и помина над 3.000 минути на теренот, јасно е дека младиот напаѓач не можеше да биде задоволен од својот статус и логично е што реши да си замине.
Тотенхем ја прифати понудата на Кристал Палас од 40.000.000 евра. Договорот ќе биде потпишан кога Џонсон ќе го договорили финансиските услови со Палас.
Оливер Гласнер на тој начин ќе добие големо засилување во нападот, бидејќи Џонсон ќе биде опција покрај Јереми Пино, Исмаила Сара и Енкетија.
Кристал Палас се бори на неколку фронта, а главната цел е да го нападне трофејот во Конференциската лига.
Foto/ depositphotos

